- Член од
- 7 август 2012
- Мислења
- 90
- Поени од реакции
- 41
Бидејки неможам да ти пишам порака, ќе те прашам тука. Дали си Евреин? Ако си, пиши ми порака сакам да те прашам нешто.

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Бидејки неможам да ти пишам порака, ќе те прашам тука. Дали си Евреин? Ако си, пиши ми порака сакам да те прашам нешто.![]()
Не бре од каде евреин... И ете сега може да ми пратиш порака и да ме прашаш
Се надевам нема да биде гракање против евреите, знам дека вие муслиманите не стоите добро со евреите иако сте слични
Не морам и од тебе да читам по приватни пораки едно та исто.
Зашо велиш дека сум муслиманка? Јас сум христијанка, но престанав да верувам во тројството, и затоа ја отворив темата.
Тројството е далеку постаро од монотеизмот-го имало во хинду филозофијата , кај старите Египќани па дури и во предисламскиот период кај Арабјаните.Не ми е јасно зашто само монотеизмот мора да биде исправно верување.Ако некој преку тројството си ја сфаќа Вишата сила тоа е негово право и убедување.
И на други места.
--- надополнето: 10 декември 2013 во 17:20 ---
Јас сум христијанка, но престанав да верувам во тројството, и затоа ја отворив темата.
Јас верував во тројството, но верував дека еден Господ ги создал и Исус Христос и Светиот Дух, но прочитав (не во Библијата) дека сите тројца заедно го создале светот и све друго и оттогаш почнав да ја губам верата во тоа. Затоа почнав да го читам новиот завет, и на ниту едно место не го прочитав зборот "тројство" ниту пак прочитав дека Исус се претставувал како Бог. Почнав да ги потцртувам реченците во коишто јасно пишува дека Исус е само син Божји, но не и Бог. Еве неколку реченици од новиот завет каде што јасно пишува дека Исус не е Бог.
„А за тој ден и час никој не ни знае, ни ангелите небесни, ниту синот, а само Отецот".
(Марко 13:32, и Матеј 24:36);
„Но јас ништо не можам да правам сам од себе. Како што слушам така и судам, и мојот суд е праведен, оти не ја барам волјата моја, а волјата на Отецот, Кој што Ме пратил." (Јован 5:30);
„Боже мој, Боже мој, зошто Си ме оставил?" (Мaтej 24:76); (ова го рекол кога го распнале на крстот)
А он му одговори: ,Зошто ме нарекуваш добар? Никој не е добар освен единиот Бог.'“ (Матеј, 19:16-17)
Па добро тоа немора да значи дека го рекол во буквална смисла. Ајде те молам најди ми каде во Библијата е објаснето светото тројство, и каде Исус се нарекува Бог.
Ја промашуваш поентата, а баш ја најде личноста која може да ти ја објасни троичноста на христијанскиот Бог. Тоа прашање кон некој Христијанин, кој ги разбира работите, а не еднаш е пишувано на таа тема. Јас констатирам дека тројството не е концепт кој се појави со воскреснувањето на Исус и етаблирањето на Христијанството како религија, туку се среќава многу многу поодамна. И не се работи за политеизам, ниту пак за формалности, туку можеш да го сфатиш и како метафизички концепт на божественото.
Твоето трето прашање постави си го себеси-која е потребата на Бог да праќа пророци на Земјата, крајно сомнителни во поглед на својата моралност гледано од денешен аспект кои оставаат простор за сомнеж и тоа прилично основан за својата веродостојност? Зошто на пример не направил секој со своето раѓање да биде свесен за законите и ограничувањата кои ги наметнува преку Куранот? Знаеш колку прашања "зошто" можам сега да ти поставам?
--- надополнето: 11 декември 2013 во 18:05 ---
Болдот е тоа што ме интересираше и кој ја доловува целата поента. Иако би сакал да има некој што ќе има желба и волја да пишува за тројството пред Христијанството и различните школи кои ги спомена.
Останатото,да,темава е наменета за плукање кон христијаните и не е вредна за дискусија.
.
Без Светиот Дух БОЖЈИ и вера од дечјо срце, никогаш никој неможе да Ја разбере чудесната Тајна на Љубовта БОЖЈА чиста - за спасение на сите кои што нема да Ја одбијат - отелотворена во Господа Исуса Христа!
Кој ќе нè одвои од Љубовта Божја;
тага ли, неволја ли, или гонење, глад ли, или голотија, опасност ли или меч?
Како што е напишано: „Заради Тебе секогаш нè убиваат; нè сметаат како овци за клање.”
Но во сето ова победуваме преку Оној, Кој нè возљуби.
Оти сигурно знам дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни силите,
ни сегашнината, ни иднината, ни височината, ни длабочината,
ниту, пак, некоја друга твар ќе може да нè оддели од Љубовта Божја чиста во Исуса Христа,
нашиот Господ!
(Римја. 8:35+)
.
Во ред Спирос сето тоа.
Говориме за светото тројство(во горепрочитаново не ја гледам тајната).
Објасни, ако имаш време![]()
...
Баш би сакал некој христијанин да елаборира во врска со тројството , како е тоа објаснето
...
Христајнството е некако “ограничен пантеизам“(според она што можам да забележам).
И според мене,е еден микс од монотеизмот и пантеизмот.
Затоа се надевам некој што е поупатен да елаборира на оваа тема.Баш ме интересира.
Зошто бог праќа пратеници?
Тест,докажување(доста добро објаснето во мојата религија).
Зошто не го гледаме?
Па ако го гледавме повторно ќе немаше слобода на избор.Сите ќе бевме верници,одеднаш.
Зошто е тој тест?
Води корен зошто воопшто е створен човекот(исто така добро објаснето како е створен првиот човек и зошто е створен).
Веродостојноста лежи во убеденоста за исправноста.А убеденоста за исправноста се стекнува со докажаното искуство и разумот.
Затоа бог ти даде разум,поттикнува да размислуваш,да спознаеш,да се запрашуваш,да истражуваш и размислуваш.
Малку оф топик фативме(со оглед на фактот што не е темата ислам туку свето тројство),али само краток опис.
Другото,не видов никој да плука по христијаните(сите поставија нормални прашања,бараа одговори).
Вистинско плукање имаш во темата Ислам каде не се поставуваат прашања туку “Ваков си,таков си,ова/она си“...
Баш би сакал некој христијанин да елаборира во врска со тројството , како е тоа објаснето(ако може Мики или некој друг што е поупатен).
П.С:Однапред се извинувам ако некого(Христијанин) со нешто го навредив,не сум со такви намери.
Јас верував во тројството, но верував дека еден Господ ги создал и Исус Христос и Светиот Дух, но прочитав (не во Библијата) дека сите тројца заедно го создале светот и све друго и оттогаш почнав да ја губам верата во тоа. Затоа почнав да го читам новиот завет, и на ниту едно место не го прочитав зборот "тројство" ниту пак прочитав дека Исус се претставувал како Бог. Почнав да ги потцртувам реченците во коишто јасно пишува дека Исус е само син Божји, но не и Бог. Еве неколку реченици од новиот завет каде што јасно пишува дека Исус не е Бог.
„А за тој ден и час никој не ни знае, ни ангелите небесни, ниту синот, а само Отецот".
(Марко 13:32, и Матеј 24:36);
„Но јас ништо не можам да правам сам од себе. Како што слушам така и судам, и мојот суд е праведен, оти не ја барам волјата моја, а волјата на Отецот, Кој што Ме пратил." (Јован 5:30);
„Боже мој, Боже мој, зошто Си ме оставил?" (Мaтej 24:76); (ова го рекол кога го распнале на крстот)
А он му одговори: ,Зошто ме нарекуваш добар? Никој не е добар освен единиот Бог.'“ (Матеј, 19:16-17)
Е ај дај цитат некој од библијава, линк, извор од каде е веста....било што, да видиме. Може?Odgovorot sto ti go baras mozes da go najdes vo najstarata biblija stoe pronajdena vo Erusalim,mnogu sprotivna od denesnive bibliji,
http://puls24.mk/zanimlivosti/zanim...jstarata-biblija-spored-nea-isus-ne-e-raspnat
Е ај дај цитат некој од библијава, линк, извор од каде е веста....било што, да видиме. Може?