Gurdjieff
Bastardo dentro
- Член од
- 12 јануари 2011
- Мислења
- 3.645
- Поени од реакции
- 1.264
Ајде бе брат да ја дискутираме молитвата ако си во ситуација да разбереш....Sheep убаво наведе библиски цитати
Јас најпросто,уште еднаш,за тие што се со разум обдарени ќе ја анализираме најпознатата христијанска молитва запишана во Библијата,предложена од Исус.
Оче наш, кој си на небесата,
да се свети името Твое,
да дојде царството Твое,
да биде волјата Твоја,
како на небото, така и на земјата;
лебот наш насушен дај ни го денес
и прости ни ги долговите наши
како и ние што им ги проштеваме на нашите должници;
и не нè воведувај во искушение,но избави нè од лукавиот.
Амин!
Со оваа молитва се побива тројството итд итд.
Уште на почетокот во молитвата,Исус јасно става до знаење и вели ОЧЕ НАШ
не вели ОЧЕ МОЈ,бидејќи не е само Исус во библијата спомнуван како Божје чедо,сите се ословени како Божји чеда.
Уште една битна работа: кој си на небесата, Исус бил меѓу луѓето кога го кажувал ова.
Понатаму вели: Да се свети името ТВОЕ, да имало потреба Исус ќе барал да се свети името негово а не името на Бога.
Да дојде царството Твое, ничие друго царство,ниту Исус имал потреба од царства.
да биде вољата Твоја, зборот Муслиман, во превод значи покорен на Божјата воља
Како на небото,така и на земјата, ова е за оние кои тврдат дека религијата е одвоена од државате и овоземските работи.
итд итд.
Ова е круцијалниот дел од верувањето на Исус.
По кој знае кој пат,Исус бил човек,Божји пратеник на земјата кој го повикувал својот народ во обожување на Еден Бог.
Оче наш.....затоа што е татко на Се и на секој...
незнам што не ти е јасно тука?
Бог = 1
Кој си на небесата... затоа што Бог не доаѓа од земјата, него од небесата и универзумот е неговиот дом....
Ако нешто не ти јасно слободно прашај....се надевам дека овие две работи ти се јасни...потоа ќе дојдеме и до Тројството , кое исто е кажано во молитвата....кога ќе имам повеќе време..