Љубовно резиме за 2013

Заклучно од 01.01.2013, значи скрос од почетокот па даље, пиев такви јаки турбуленции, еден момент срамнета со земја, друг момент над облаци во еуфорија на граница со лудило, за на крај да се осетам толку емотивно истрошена што неможам ништо пред себе да гледам...И све ова со една личност...
Во 2014 не смеам ова повторно да си го дозволам во никој случај...
 
meh онака лабаво, еден лош период во долгата врска во која малку се оддалечивме па и кај двајцата имаше некој сомнеж дали сме the right ones али помина се ок.
ваљда веридбата ќе биде брзо :icon_mrgr:
 
Првата половина од годината беше прилично the usual-run-of-the-mill врска секако со багажот од 2012та. Игнорантно, без некој ентузијазам за дактејпинг ит, oдамна никој не опипаше пулсот и дојде неизбежното финиширање на врска од 5 години. Не вклучивме нотар али беше воема професионално и договорно, дури можно е да имаше и хендшејкс. Додека девојката одпосле беше во обид да го вкуси светот, јас кризирав махинално. Среќа испадна храбра дури повредувајќи за ова епско разделување да имаше реална шанса. Што, впрочем, и успеа. Додека јас, јас мислам дека доживеав клиничка депресија. :D Цел месец освен до маалско продавниче и пречекување фастфуд не се појавив никаде, and cant stress enough of how literal I mean цел месец, никаде. Почувствував се што имаше да се почувствува out there. Се откажав од Рејдиохед, оти ме отвараа за време на моето себепронаоѓање, себеиспитување, себежалење, себемразење, себемастурбирање. Бајпродуктс на сето ова, може да се види овде помножено пута (redundant pun :D) 3 - серии, и иако познавајќи се за идењето до екстремности, морав да бидам умерен (позз штеф) и време беше за возење сега во другата лента.

У поход да го ставам во се што мрда претоспледните месеци, каде неколкупати триумфирав, на почеток ќе заглавев со првиот rebound. Газе во кое сакав да спијам. Без комплицирање остана на редовно одржавање и можеби еден од најдобрите сексови во мојата скромна историја - the night of the синхронизираното свршување. :D Среќа, вториот rebound несакаше со мене. Одтаму, релоадирање на сите тинејџерски ирационални стравови и пишување и ѕвонење и додворување на секоја девојка, од убави до нетолку. А земајќи ме мене во предвид грдоќа wise, и тие нетолкуте за мене беа поим, which is saying a lot. :D Имаше и премногу дешавки, од девојка да ти дојде дома да те остави со пуни јајца, се до критичкото заебавање од мајка ми коа го виде црвениот чаршав за перење.. Нејсе, тужно е колку се ефтини девојкиве, фрли малку внимание и остај ги на суво, па собирај данок. А, во меѓувреме се видовме со бившата од погоре неколку пати, во духот на професионалноста и стриктно секс, без некои 5 месеци комуницирање, ми беше прилично awkward, и иако не ми беше за секс, туку повеќе да ми се сруши целото фолирање, поминавме ок, до толку искулирано што ме фати страв дека почнува да ми фали, но во муабет имаше еден флешбек што не потсети што-беше-и-како па ваљда све е ок.

За 2013та ја сум завршен, осим можеби некoja форумџика, чисто да ни биде поинтересно низ темиве..
За 2014та сакам нормална девојка, која прво на профил ќе и видам постирана песна неголи профил слика.. сакам девојка оти само така функционирам.
Ако некој исполнува фантазии, нека веќе биде колешка. Да ме буди за факс и да запишува ноутс дури јас ронкам Fun Run на предавања.
Сакам девојка на која ќе се посветам. Сакам да се заљубам. Сакам мојата шармантност да биде правилно унасочена.
Сакам да бидам љубен. :)
 
Годината започна со добивањето на една неочекувана порака од која уште помалку очекував да излезе тоа што излезе. Иако морам да признаам дека имав некакво чудно претчувство. Со таа порака започна едно виртуелно познанство, кое подоцна премина во реално познанство, па понатаму во врска во која се роди една љубов. :)

Можам да кажам дека оваа година ми беше совршена на љубовен план. Се надевам дека и поубавата половина може да го каже истото за неа. :D
 
2013 почна со најубавите 9 месеци од мојот живот :) После тоа сфаќаш дека не е у ред од 4 години да имаш само 9 најубави месеци и заеднички ставате крај(пријателски). После тоа имаш една утешувача(нели за да не паднам у депресија), една за да ја напраам љубоморна, и тука измеѓу имаш состаноци со бившата и само секс. Тука застанувам и почнувам да барам нешто сериозно. :D
За 2014 сакам девојка,нормална, немора да е нешто најубава на цел свет. Битно да е паметна и моја :)
 
Баш му е прекрасен постот! Искрено и фино напишано.
И општо многу ми се свиѓа како почна темава, најдобра од сите вакви теми годиниве. Супер се постовите. :)
 
Хееј ајде и јас да се исповедам и да напишам околу моето љубовно резиме за оваа 2013 година. Годината 2013 дефинитивно започна лошо уште од самиот старт со некои повици од поранешната девојка, работата беше повуци - потегни. Океј заврши и тоа на некој начин и работите се решија до темел без плачки по мирен пат без одење на адвокат и нотар итн. Океј потоа продолживме по патот фативме неколку добри кривини и не излеговме од колосекот што е најважно можеби со некоја постдепресија бевме од тоа што се случи во изминатите месеци и додека талкавме по патот се некако очекувавме сонце да изгрее и да не огрее мене и моето срце. Попусто тоа не се случи срцето си остана како робот,камен,дрво кое не цвета. Поминаа неколку месеци застанавме на едно место со надеж за подобро утро се започна супер но добро е на почетокот уште сфатив тоа беше само "Игра на зборови","Филмови" Какви што нема ни во холивуд. Најважно јас мојата улога јас одиграв одлично во тој филм, споредбата улога ја победив и излегов одлично. Додека се возев низ 2013 сфатив многу работи,сфатив дека луѓето секогаш посакуваат да имаат личност до нив, но забораваат дека тие самите не се личности доволни за истите тие кои се таканаречи "Личности со искрено срце" Зошто? ајде да не должам толку и да не развлекувам. Така по патот наречен my way продолжив понатака со надеж за подобро утро, иако во некои случаеви се подлизнав но битно не излетав од патот. Така возејки по патот се вратив домче во мојата република "Кајгана" каде запознав одлична девојка и така ја собрав со мене ја качив во мојата кола и продолжуваме понатака и во 2014... за повеќе инфо наредниот пат.
 
Убава година како и претходните 3 и пол. Со вистинскиот човек покрај себе, убави моменти, среќа, радост, па и помалку убави моменти успеавме да надминеме се' заедно. Љубовта продолжи да цвета, за секој проблем наоѓаме заедничко решение, се тешиме и поддржуваме еден со друг, а во септември падна и понудата за брак и почнавме да го планираме заедничкиот живот. Се надевам сите оние работи кои не исполнуваа овие 4 и пол години ќе не исполнуваат и во иднина :pipi:
 
Мислев дека почна добро, продолжи катастрофално и испаднав најголемото магаре на светов али и помудар и повнимателен од било кога :cautious: , добро викаат ако не се изгориш на оган нема да знаеш дека е жежок и дека гори не дека предходно не сум се горел али некако овој пат ми се собра се. Оваа не е завршена уште, али не се ни надевам дека ќе се промени нешто :notworthy: барем нема никакви изгледи за промена, а за 2014 ќе видиме да сме здрави и живи пред се :unsure:
 
По веридбата кон крајот на 2012, и по петгодишната врска, годинава ми започна со преселба. Yeap, од 1.1.2013 живееме заедно. И иако имав мноооогу обврски годинава, плус и иако се случија еден милион глупости на работа па дури и (речиси) останав unimployed, љубовта победи се! Затоа јас си ја сметам 2013 за една од најубавите во мојот живот. Во октомври рипнав в тавче, и сега така си крчкам на тивок оган. Ама полека се распалува - очекувам едно џуџе да пристигне во 2014, па ќе видиме што ќе ми донесе како подарок.
 
И ја како Олимпију улазам у четфрту годину од нашу врску која е сфе појјака и појјака( сс две ли ј се пишуе овј збор?)
Ке се жену еј ahaha замисли ме Кајгано ја у одело,бело(ама не одело)Брзо ми пројде овај година,како ичера да пиесмо винце и си честитасмо нову две и тринаесту и си посакасмо сфе најдобро.Бш беше сфе најдобро,како и увек,како и сфаку годину ми праесмо сфе за да ни биде убаво и испунето.Дали у кафиќче на некое пифце сс лигу на шампиони, или па дебармаалско кафанче, куде њума или куде мене, ми увек точесмо алкохол и тонесмо у романтичну љубаф.Поцрвенесва ми образи еј.Толко мноо еротик и романтик моментз,смеање и по некое тук тамо брзопролазно карање,сфе тој се заокружи сс најубаф одмор у мој живот.Прф пут овуј годину бесмо сами на одмор и си пројдесмо најубаво,најопуштено,најнасмеано.
Сакам па, сакам сфе
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom