Годинава ми беше една од најбурните на љубовен план дефинитивно и искрено посакувам 2014 да биде помирна!
2013 почна со завршување на една подолга..хмм..да ја наречам врска, иако повеќе беше 2 и кусур годишен обид за врска со постојани препреки и падови и на крај заврши мачењето и за двајцата негде во февруари.
Ко да не беше тоа доволно, одеднаш од нигде никаде се појави бившиот што беше пред оваа врска и одеднаш сакаше да се смириме зошто сфатил што имал покрај него и колку многу ме сакал..ја си се спремав за на апсолвентска екскурзија и не ми ни беше до врска, а камо ли да се смирувам со него така што му реков дека е too little too late.
На средина на пролетта и почетокот на летото имаше 2 краткотрајни плеткања со типци кои што дефиитивно беа само за забава и ништо повеќе, и на крај краева послужија за целта

Потоа имаше еден тип што испадна тотален мрсулко! Ми симињаше звезди како ненормално му се свиѓам и сака да е со мене и бла бла, ме молеше за кафиња, кажуваше колку сум била интересна и фина за разлика од бившата (со која што неодамна имаше раскинато) за да на крај од други луѓе дознаам дека он уствари цело време потајно се надева и се обидува да се смири со бившата. Остај тоа, туку и таа се вика како јас, иронично зар не? Така му го спопикав на крај што сеа секогаш кога ќе ме види со поглед ме моли здраво да му кажам, а јас само го одминувам, што не е во мој стил ама секој со тоа што си го заслужил!
И тогаш се појави еден тип, со кој повремено се дружевме годинава ама никогаш не го глеав како нешто повеќе од пријател. Но одеднаш нешто се смени и ми стана толку мил и некако ми прирасна за срце и буквално се радувам секогаш кога ќе го видам. Чувствувам дека има нешто од негова страна, приметувам по начинот на кој ме гледа и како прави муабет со мене, онака двосмислен муабет што оние со што оние кои не` познаваат сфаќаат дека нешто има и цело време "навиваат", literally

нешто да се случи. И искрено се надевам дека оваа година ќе ми заврши убаво, со некој кој ми одговара и физички и карактерно и ми е забавен и ме смее и ми обрнува внимание..и се надевам дека 2014 ќе почне многу подобро од 2014!

That's all folks
