Стипендии

  • Креатор на темата Креатор на темата Mädchen
  • Време на започнување Време на започнување
Од оваа година нема А, Б, В тип на стипендии ?

Нема тип А,Б и В, ама според тоа што видов Прва група соодвествува на ланската тип Б/В стипендија, Втора група на тип А и информатичарска, а Трета група е нешто ново што стартува од оваа година.
Друга новост, од оваа година еден од условите за стипендија (прва и трета група) е положени 80% од испитите, а до лани беше 90%.
 
Тип Б и В иста сума се, по 3000 за разлика од 3000 вс. 2500 лански.

П.с. Ај сега да си прашам уште еднаш дали некој знае за сигурност. Корисник сум на Тип Б стипендија од 3000 денари месечно и веќе однесов документи за продолжување. Меѓутоа од годинава имам просек над 9,00 и можам да конкурирам за информатичката која е 5500 денари. Разликата е вкупно 2500*9 месеци некои 400 евра. Сега ако конкурирам за оваа и ја добијам, ќе треба да ја откажам Тип Б, меѓутоа што да пишам сега во таа изјавата дека не сум корисник на друга стипендија. И дали смеам да направам нешто вакво?
 
Излезен е конкурсот за информатичките?

За женскава прашувам, оти досега не беше излезен, а денес гледам нешто фрц прц.
 
Излезен е конкурсот за информатичките?

За женскава прашувам, оти досега не беше излезен, а денес гледам нешто фрц прц.

Да, конкурсот што излезе денес (а утре се очекува да биде корегиран од страна на МОН, подобро објаснет и со поконкретни информации) се однесува на сите стипендии, вклучувајќи ги и информатичките. Тоа се уствари стипендиите од втора група, во неа спаѓаат ланските од тип А и информатичките.
 
Запишан сум на медицински науки, просек имам 8 некаде и сите предмети ми се положени, можи некој да ми објасни во која група спаѓам ( јас мислам во трета, со просек најмалку 7).
 
Запишан сум на медицински науки, просек имам 8 некаде и сите предмети ми се положени, можи некој да ми објасни во која група спаѓам ( јас мислам во трета, со просек најмалку 7).

Да, би требало да фатиш од тој тип.
 
Кога продолжуваш стипендија од минатата година... кое време обично пуштаат пари? Дан згрешиле нешто па да пуштиле некоја рата? :O
 
Вака сега, брат ми треба да земе стипендија од МОН.

Јас сум постар од него и веќе вработен.

Дали јас влегувам во она "членови во семејството" или тоа се само мајка, татко и тој во случајов?

Искуство?

Thank you very much!
 
Имам колега со истиот случај, лани не го пријавил брат му и зема стипендија (сепак на ризик). За оваа година не знам како е... И да те потсетам, ако аплицира за втора и трета група нема потреба од никакви документи од УЈП.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh

Пријавување како што е објаснето во конкурсот се мисли за помлади браќа или сестри кој сеуште учат или студираат.Не се однесува за браќа или сестри кои веќе работат бидејки тие се веќе самостојни.Поздрав
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh
Вака сега, брат ми треба да земе стипендија од МОН.

Јас сум постар од него и веќе вработен.

Дали јас влегувам во она "членови во семејството" или тоа се само мајка, татко и тој во случајов?

Искуство?

Thank you very much!
Сите влегуваат друже, барем така беше кога јас аплицирав пред едно 4 години :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh
Вака,татко ми се води како невработен од септември 2013. Дали во полето за последна плата треба да ја внесам последната примена плата ( фактички од август ) или па да пишам 0?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom