Ова е надвор од темава, но те замолувам да објасниш и опишеш каква внатрешна изолација си поставила
Мислам нема да биде надвор од темава...
Стиропот и мрежа. Не знам како оди точно постапкава сега и што точно ставаа пошто претежно не присуствував на ова,но од прилика: пошто ги лупевме скроз ѕидовите и се се правеше од почеток(бетонски блокови се иначе),прво премачкиуваа со некаква маст за пред глетовање,па ставаа стиропор,мрежа и на крај глетоваа. И засега е супер,ни М од Мувла. А ја имаше наавистина многу.Сите станари што се под мене го имаа истиот проблем и сите ставивме ваква изолација и конечно се решивме од овој проблем,иначе секоја година белење,плочките не издржуваа на тој дел,паѓаа,на крај ги отстранивме и сменивме распоред.
--- надополнето: 8 декември 2013 во 21:31 ---
И те како има...
Ако надворешната е минимум 5 сантиметри, не гледам како внатрешната е подобра кога сепак се има можност за надворешна
Oкеј е ако имаш можност,не реков дека не е добра.Само сакав да ти кажам дека и внатрешната е добро и поекономично решение. Јас мојот проблем го решив така и ти го кажувам тоа од лично искуство,а твое е што ќе одбереш.
--- надополнето: 8 декември 2013 во 21:35 ---
Страв ми е да ставам стиропор. Стиропорпт е запалив, а и незнам дали е стабилен, можеби со време се распаѓа и испушта хемикалии. Овде се работи за внатрешна изолација.
Не се разбирам од стиропор, затоа и прашувам.
Како би се запалил стиропорот не ми е јасно? Значи сето тоа си е убаво покриено со глет маса. Не се познава апсолутно ништо.Немаш никаква допирна точка со него. Секако зависи и од мајсторот тоа како ќе ти го направи.Нас ни наплатија скоро поскапо и од материјалот,но барем се исплатеше навистина и не ми е криво воопшто.