Многу ми е криво за Мојс, сакам да успее. Има најтешка работа во историја на фудбалот.
Реално нема и среќа, не дека Манчестер овие два натпревари ги играше феноменално, но далеку од тоа и дека заслужи да ги изгуби. Под Ферги и полошо кога играа знаеа да ги добијат ваквите натпревари.
Сите чекаат да не успее, уште од првиот натпревар се вртат песимистички, па и лешинарски муабети, медиумите се тука да креваат галама со површни вести/анализи, плитка сензација. Тој е под притисок, тимот е под притисок (а што е најлошо и нема доволен квалитет). Лошо е кога тимот не верува во себе, се плаши од гол, затоа што се сомнева дека нема да се врати, секоја грешка значи уште повеќе губење на самодоверба, а уште и кога нема да се реализираат шансите...
Но, ако би морал да се кладам, јас би се кладел дека Манчестер ќе стигне до место кое што води во ЛШ.