Сите тие напади се минорни во однос на нападите на хетеросексуалците. Ако ти наброја 10 случаеви на напади на некој анонимни гејој во цела историја на македонија, јас во една година ќе ти набројам стотина евидентирани напади на други категории на луѓе, по верска, политичка, национална, па и спортска основа
И кога и да побарм званични извештаји ете во 2013 година од сите физички напади, навреди и закани, убиства повреди.. колкав процент се насочени кон гејој - такво нешто немате. Колку се затворени - нема, колку се осудени на казни затвор - нема колку се отпуштени од работа ради то што се гејови - немате податоци... само знаете да кажувате “јас знам еден чоек кој пред да се пресели во нашата зграда имал комшија чиј кум беше на летовање со еден кој бил војска со чоек кој натепал педер....“
Па по еден натпревар Вардар - Пелистер има повеќе каменовани коли, авобуси натепани уапсени заканувани особи од колку сите гејој во Мк вопоследни 100 години заедно со нивните потомци.
Имате организација, имате претседник, имате членови имате законски можности да:
преку свои преставници во парламент
преку свои преставници во владата
преку собирање на 10.000 потписи
покренете постапка з апромена и измена на закон
И остајте веќе тие анонимни гејој кој ѓоа биле убиени малтретирани и навредени, сите оние кои јавно излегле као гејој - ене ги живи здрави и ситуирани, Фифи сега имаше емисија па си живее сам(а) плаќа кирија излегува се шета, скап мобилен, е вели на улица чудно го гледале - немало физички напади - дајте менвајте устав оти фифи го гледале чудно! родителите не го прифаќале то што е - дајте закон да родител миора да прифати дете геј инаку затвор да оди.... коче рает слободен си шета гостув по телевизии во БТ на широк сокак пие кафе ко ќе дојде со друштво си седи, таа режисерката вработена си режира и гостува со претстави и дава интервјуа во кафиќи и на ТВ, Боки троши буџет на помала општина годишно на козметики и сукњи, држи концерти 2-3 пати месечно е на ТВ или весник, имаше своја емисија на ТВ, па и тој полицаецо шо се облеква ко жена - беше снимен интерввју на улица, се шета таков не е ни заклан ни обесен ни натепан. Како тоа сите јавни педери и педерки во МК да се безбедни ситуирани и слободни во своето понашање а иљадници анонимни кој никој не ги знае се каменувани убиени малтретирани....
Ова што го напиша прочитај го два три пати и ќе ти станат појасни многу работи. Колку насилство постои во традиционалните вредности сите си знаеме.Видиш дури и ти си свесен,ете вака како традиционалист.
Јас се сложувам дека јавните фаци не биле натепани (доволно).Читни малку за тепањето. Но биди сигурен дека секогаш им висат над глава оние прашања, без разлика што некој како Боки шета по улици со горили.
"Дали господинот што помина покрај мене со толку оштар поглед навистина сака да ми забие нож под грло?"
"Да се возам со такси или да одам пеш по улица?"
"A некој да почекам да влезе во влезот па потоа да си одам дома?"
"Што им згрешив на толку луѓе што ме мразат и изјавуваат дека ме сакат мртов?"
"Зошто дома не сакаат да ме видат повеќе?"
"Зошто еден куп луѓе ми го свртија грбот?"
Ова се вика психичко насилство покрај заканите за физичко насилство. На ова не е никој имун. Од Фифи до Пипи.
Покрај константното психичко насилство ваквите луѓе живеат со голема можност за физичко насилство.
И нека не те чудат статистиките во Холандија и Финска зошто има толку хомосексуалци со психички проблеми, депресија и самоубиства како и земјите во третиот свет.
Самиот факт дека сексуално те привлекува човек од ист пол и дека си тотално немоќен околу тоа е доволен товар. Сите живееме по хетеронормативната матрица која апсолутно е вкоренета секаде низ светот. Верувај.
Во најлибералните земји вака стојат работите:
- Геј луѓето се збираат по само по геј места или геј френдли места кои се ограничени.На другите места е ризично. Стрејт луѓето се збираат секаде.
- Геј луѓето се дружат со геј луѓе или геј френдли особи. Дружење со секакви стрејт особи е ризично. Стрејт луѓето се дружат со кого сакаат.
- Стрејт луѓето се полни со предрасуди околу геј луѓето и не сакаат да бидат во близина на нивните семејства, посебно не во близина на очите на нивните деца.
- Геј децата сеуште низ светот се исмевани и малтретирани. САД дури сега почна да води кампања против исмевањето по училиштата.
- Геј луѓето бегаат од малите градови и живеат во метрополите каде нема да ги лажат семејствата и блиските за да се заштитат од дополнително малтретирање поради сексуалната ориентација.
Тоа се вика
изолирање на проблемот околу хомосексуалноста.Изолација и гетоизирање на хомосексуалците "да имаат што сакаат и таму нека им е." Toa како прво не е хумано,а е далеку од решение. Иако нештата во светот се така поставени и се пропагираат како успешно решено прашање.
Да не зборуваме за товарот во хомофобични општества како што е нашево. Тоа е сосема друга тема на разговор.
Некој ако не сака да биде тепан и омаловажуван на верска основа ќе се откаже од црквата и џамијата.Многу е лесно тоа.Може да се моли дома, може да оди по манастири, онаму каде што ќе биде прифатен, или просто да сфати дека тоа е вештачка институција за која не вреди да се биде омаловажуван, етикетиран,а уште помалку физички и психички малтретиран.
(Многу проста паралела, христијаните во цел свет се безбедни и прифатени освен во радикалните муслимански држави. Педерите никаде не се безбедни а уште помалку прифатени.Ама баш никаде.На Блискиот Исток и во пола Африка ги ставаат на бесилка. Во Западот еве уште еднаш да кажам: генерално се берат по геј клубови,генерално се дружат со геј луѓе,геј работи смејат да прават само на геј френдли места и генерално немаат контакти со фамилијарни особи. Секоја чест на исклучоците. )
Некој ако смета дека не е безбеден на утакмица Пелистер - Вардар може да седне да ја гледа дома или во кафич, без простор за размислување околу тоа дека ќе биде натепан. (Да се признае хомосексуалност меѓу чкембари и комити и страсни навивачи за Манчестер е кобно. Било тоа да е на трибина, во кафич,кладилница или на било кое друго место.)
Некој ако не сака да биде омаловажуван на политичка основа може да ја мени партијата или мудро да молчи и да си гласа ама баш за кој сака. (Ниедна партија не сака педери во своите редови.Кај нас дури и СДСМ изјавува хомофобија.Во Хрватска за некое чудо и покрај резултатите на референдумот политичарите испаднаа доблесни и изјавија дека секој има право слободно да живее.)
Има стално невини жртви.Се сложувам потполно. Меѓутоа СЕ' ова што го ти го наброја се лични избори.
Кој колку сака и дали сака да биде вмешан во традиционалното насилство е прашање избор.Да се биде геј не е избор. Никаде. И за никој.
Да се биде латентен и прикриен,неприфатен од себеси хомосексуалец е опасна работа за психичкото здравје.(Секаде и за секој) Но тоа е многу јасен став на мнозинството дури и во најлибералните земји на западниот свет. Дека хомосексуалците не треба да постојат.Тоа кај нив е малку "под тепих" ставено за да не се гледа,имаат еден куп законски регулативи,арно ама де факто постои. ( Просто кажано нека се кријат или нека одат на геј места нека прават геј работи. Ако не ми се пред очи значи дека не постојат за мене.Нека не ми се мешаат и нека не бидат дел од моето семејство)
Да се биде јавен геј е уште поопасна работа. Јавното излагање на фактот дека некој е хомосексуалец посебно на Балканов го става човек директно во лонецот на насилството. Било тоа да е психичко или физичко.
Само кој колку сфатил. Ако некој е мазохист во душата во вакви услови слободно нека се фали и гордее со својата хомосексуална ориентација и слободно нека оди по паради. Ако на некој му причинува задоволство да биде обезбедуван од 10 000 специјалци заради 100.000 народ кој од другата страна аздисува со икони,палки,,боксирачи,ножеви и бакли нема проблем.
Секој има право слободата и гордоста да ја доживува на свој начин.