Најекономично греење и ладење

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.979
Поени од реакции
34.358
Кано браво за решението за поголем проток во оџакот.
Се надевам само дека во реонот на викендицата нема проблеми со струјата. :)
(водата/течноста во парното со пумпа ја вртиш, или пасивно сама се врти (термодинамички)?)

Малку ме загрижува алупласт цевката, не сум сигурен која е температурата на чадот/воздухот внатре во боцата/оџакот, но ваљда нема да ја стопи пластиката. Плус внатре во цевката исто би можеле да се дигнат температури, и да ја истопат изолацијата од кабелот (можеби каблажа од термо печки би бил подбро ожичување?).
Но ако боцата е доволно далеку од огништето, погоре по оџакот (на кров можеби?), гасовите би требало да се доволно изладени.

инаку терминот ФИКС СПИД е глуп. и само на овој форум го читам. тоа тука некој го уведе и сите општо го прифативте. значи постојат терминологии:

-клима
-инвертер

инвертерот не е клима, туку е инвертер. а климата не е фикс спид клима туку клима или ете класична клима, пошто нели е постар модел...
Хммм, па за „клима„ како назив, можеме да се согласиме дека е локален, балкански ваљда (словенски?) назив.
Ама и како таков назив, клима уред се однесува на уред со топлотна пумпа воздух-воздух.

Од друга страна називот „инвертер„ генерички не се однесува само и исклучиво на уреди за климатизација. Напротив се работи за електронички термин, и се однесува за уред/склопка која DC напонот го менува во AC напон, односно менување од наизменична во права струја.
http://en.wikipedia.org/wiki/Power_inverter

Така да употребата на зборот инвертер, исклучиво како за уред за климатизација, е погрешен. Затоа јас лично практикувам да велам инвертор клима уред.
Мислам дека така е и граматички но и појмовно точно.

Тука да појаснам само дека и инвертер климите се... клими. Работат на принцип на топлотна пумпа, внатре имаат слични делови како и фикс спид климите со таа разлика што имаат и инвертер за претварање на наизменична во права струја. Со тоа можат да ја регулираат брзината на вртење на перките од вентилаторите и во внатрешната и во надворешната единица.
Заради тоа инвертор климите поправилно (потехнички) е да се викаат клими со варијабилна брзина, наспроти климите со една брзина (fix speed).
http://en.wikipedia.org/wiki/Variable-speed_air_compressor

Но колку и да се интересни ваквите етимолошки муабети, ова не е тема за литературна прецизност, туку техничко-економска тема за разменување искуства: кој како сака нека ги вика различните видови клими, важно е да се разбереме (и да ги поделиме искуствата)! :)
 
Член од
15 мај 2012
Мислења
653
Поени од реакции
576
Toa e AC Inverter, a postoi i DC inverter, kade se koristi DC motor......
--- надополнето: 3 декември 2013 во 18:50 ---
Toa e AC Inverter, a postoi i DC inverter, kade se koristi DC motor......
i normalno podobri se
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.979
Поени од реакции
34.358
Главната поента со инверторите на струја, од аспект на климатизерите, е дека со нив е можно да се добие варијабилен напон на излезот (со пософистицираните видови инвертери). Од тука и контролата на брзината (со тоа и јачината) на дувањето воздух.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Кано браво за решението за поголем проток во оџакот.
Се надевам само дека во реонот на викендицата нема проблеми со струјата. :)
(водата/течноста во парното со пумпа ја вртиш, или пасивно сама се врти (термодинамички)?)

Малку ме загрижува алупласт цевката, не сум сигурен која е температурата на чадот/воздухот внатре во боцата/оџакот, но ваљда нема да ја стопи пластиката. Плус внатре во цевката исто би можеле да се дигнат температури, и да ја истопат изолацијата од кабелот (можеби каблажа од термо печки би бил подбро ожичување?).
Но ако боцата е доволно далеку од огништето, погоре по оџакот (на кров можеби?), гасовите би требало да се доволно изладени.:)

денес го отворив да проверам што се деси со моторот и останатото, ме интересираше после јако наложување. после постирањево на текстов се вратив во работилница и го настискав до даска котелот. со термо пиштолот измерив температура од околу 160 степени на боцата. на алупласт цевката немаше видливи измени, ама температурата ме подисплаши, па за секој случај направив мал апдејт. на кабелчето ставив божур, а наместо алупласт турив бакарно цевче. по сигурно е...
 
Член од
15 мај 2012
Мислења
653
Поени од реакции
576
A postojat li takvi ventilatori za odzak ama fabricki.
Moj prijatel saka da stavi kamin (kotel) na drva za centralno ama odzakot e 120mm, a monimum sto zahteva koj i da bilo kamin e 150mm, a optimalno 180mm pa i poveke
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Можеби очекуваш да отидам до кај пријателот твој, да измерам потрошувачка?:)
За жал, апсолутно ништо не очекувам. А верувам и сите останати, ако воопшто го читале муабетот.​
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
A postojat li takvi ventilatori za odzak ama fabricki.
Moj prijatel saka da stavi kamin (kotel) na drva za centralno ama odzakot e 120mm, a monimum sto zahteva koj i da bilo kamin e 150mm, a optimalno 180mm pa i poveke
И јас барам погодни вентилатори за таква намена
Тука е проблем што чадот може да биде на температура и од 200 степени. Мислам дека е најпогодно да се бараат вентилатори кои ќе се постават на врвот од самиот оџак за да чадот биде со што пониска температура.
Ако најдете некој погоден вентилатор, задолжително споделете
 
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.653
Поени од реакции
7.498
Парното ми е изведено исто како на сликиве, алумпласт ставен во плаво/црвени црева што ги користат углавно електричарите и све тоа под кошулица.
Дали алумпластот треба да е претходно изолиран(како на последната слика) со некоја термо изолација во црево за да не се губи топлината во плочата одколку што ке дојде до радијаторите па после да се стави во тие пластичните црева?
Знам дека и подот го загрева кога е неизолиран ама 2 спрата под мене не живеат и негреат и све мислам дека имам големи загуби ради ладната плоча.
Ако треба да е термо изолиран знае ли некој за постапка да се извлече алумпластов од цреватапа и да се навлече нов алумпласт изолиран, зборев со едни парнаџии као правеле таков зафат во некој стан со некој пукнат алумпласт па морале да го извадат само нешто не беа баш заинтересирани а и убедливи дека може да се изведе.
Сппомнаа некаков алат од 500ден за намотување на цревото па као со тоа можело.
 
Член од
21 август 2012
Мислења
55
Поени од реакции
25
И јас барам погодни вентилатори за таква намена
Тука е проблем што чадот може да биде на температура и од 200 степени. Мислам дека е најпогодно да се бараат вентилатори кои ќе се постават на врвот од самиот оџак за да чадот биде со што пониска температура.
Ако најдете некој погоден вентилатор, задолжително споделете
Не сум сигурен ама мислам дека овие http://prntscr.com/28pmgn му се мајката за таа работа нема ни мотор ни влага му смета а и температура мислам дека не му штети
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.979
Поени од реакции
34.358
Дали алумпластот треба да е претходно изолиран(како на последната слика) со некоја термо изолација во црево за да не се губи топлината во плочата одколку што ке дојде до радијаторите па после да се стави во тие пластичните црева?
Знам дека и подот го загрева кога е неизолиран ама 2 спрата под мене не живеат и негреат и све мислам дека имам големи загуби ради ладната плоча.
Ако треба да е термо изолиран знае ли некој за постапка да се извлече алумпластов од цреватапа и да се навлече нов алумпласт изолиран, зборев со едни парнаџии као правеле таков зафат во некој стан со некој пукнат алумпласт па морале да го извадат само нешто не беа баш заинтересирани а и убедливи дека може да се изведе.
Сппомнаа некаков алат од 500ден за намотување на цревото па као со тоа можело.
Јас летово ставав кошулица, и цевките не ги изолирав термички туку само со пластично црево. Старите живеат на долниот спрат па немаше потреба до толку да се замарам.

Од друга страна алупласт цевки се ставаат директно во кошулицата кога се изведува подно греење, па логично е дека оддаваат солиден дел од топлината на водата внатре. Ако сакаш да ги изолираш заебанцијата ќе биде со тоа што и самите цевки се релативно дебели, не се многу потенки од подната изолација окулу нив. Додатна изолација може да ги направи повисоки од дебелината на стиропорот за подна изолација. Што е проблем... колку што јас разбирам.

Можеби можеш цевките да ги водиш над кошулицата покрај ѕидовите, но тоа не е најестетско решение (освен ако не ги маскираш со гипс картон, како стубче по ивиците би дошло). Но така е значајно поскапо, не само заради подолга должина на цевките туку и заради работна рака за мајстор за гипс картонот. Ако ги оставиш да се гледаат цевките, топлината во голем дел ти останува во собите (наместо во кошулицата).

За изолирање, правилото е колку подебела изолација толку поефикасна. Но тоа значи и подебела кошулица. Најубаво да направиш муабет со некој поискусен мајстор...
 
Член од
19 ноември 2013
Мислења
31
Поени од реакции
14
Zdravo, ni se pojavi eden problem, pa ve molam za pomos :( . Denes sabajle vnatre bese prilicno ladno iako postavena temp. preku nok bese 23. Koga ja vidov nadvoresnata edinica taa isparuvala kako sauna :confused: a edno cevce bese zaledeno. Koga go otpusiv, celata se zamrznala, pa ja pustiv vo funkcija ladenje i se odmrzna. Kako sto vidov, komsiite koi se vo nasata vertikala ne gi stavile odvodnite cevki od svoite uredi kako sto treba :mad: i kape voda vrz nasata edinica, pa zatoa zamrzna nokeska. Komsiite tesko da gi najdam doma - gi nema po cel den. Kako da ja zastitam nadvoresnata edinica dodeka ne razgovaram so komsiite i da go resime problemot nekako :( ?
 
Член од
19 ноември 2013
Мислења
31
Поени од реакции
14
taka sakame da napravime iako ke bide tesko da se izvede ... ne znaev deka "majstori" vo mk se tolku "sposobni":cautious:. inace jas sum od polska i nekoi raboti (vo kontekst na snaodlivost na majstorite) moze da se vidat samo vo mk :).
 
Член од
23 октомври 2013
Мислења
817
Поени од реакции
170

A be u makedonija sve se najpametni. Uzas da ti kazam. Idi vidi kako gradat zgradi i kolku se podmiteni nadzornite organi. Se dodeka ne dojde stranska firma za supervizija i nadzor nisto nema da bide ok. I toa da se menjaat nadzornicite. Bez nivni potpis nema da ima dozvol za vseluvanje. Ovaa drzava treba da vovede dozvola za vseluvanje koga ke se izgradi objekt bilo kukja ili zgrada.
I taa da se plakja. Baska povekje vidovi inspekcii da ima:
-inspekcija na elektro instalacija,
-Inspekcija na instalacija za greenje/ladenje (izdavanje na energetski certifikat od drugo telo i tamu da se plakja)
-Inspekcija na vnatresni raboti (da se izdava certifikat so rok na traenje i posle izvesno vreme da se resertificira pak od druga firma zaverena vo opstina)
-Inspekcija na nadvoresni raboti (dovod, odvod, priklucok za struja)
-Inspekcija na bezbednost

I na kraj koga treba da stavis priklucok voda/struja/parno treba da pokazes certifikati od inspekcii. Sekako treba da se napravi i resertifikacija posle x godini od pustanje na objektot (i toa da se plakja) i ako ne ja pomine istiot da se iskluci od struja/voda/parno i slicno dodeka ne se korigiraat problemite.

I osiguranjeto da bara sertifikati od ovie inspekcii za da definira kolkava e polisata i sto pokriva. Duri togas ke se vidi realnata slika na sekoja gradba. Od energetski aspekt edna zgrada 30 godini stara (kade cenata na stanovite e ista da ne recam i poskapa od nova zgrada) koga ke bide certificirana i ke ima energetska klasa (i taa da bide vpisana vo imotniot list sekako), ke plakja poskapo greenje. I da se vovede eko danok na postari objekti i vo zavisnost od energetskata klasa.

Posle ke se vidi realnata pazarna cena na novi ili stari objekti.

Poleka poleka za 3-4 godini ke bide vaka. Se raboti na toa. Isto kako i za kolite.
 
Член од
19 ноември 2013
Мислења
31
Поени од реакции
14
Nie bas ziveeme vo nova zgrada i seto toa go vidovme so svoite oci a i gi osekjame posledicite od vakvo nemarno rabotenje ...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom