Поништување на договор за дар

Член од
1 декември 2013
Мислења
4
Поени од реакции
0
Ќе ве замолам за помош
Дедо ми сакал целиот имот сакал да го поклони на еден внук. Кај нотарот кога отишле нотарот им рекол дека пола е стекнат во брак со баба ми (која е почината) и побарал да се покрене оставинска постапка за баба ми. И бидејќи е само тој нотар таму (нема друг нотар еден е) кај него се води и оставинската постапка. Наследници се мајка ми, дедо ми и децата на вујко ми (пошто он е починат). Мајка ми беше повикана на расправа ама она не дојде во закажаниот термин, и се јави на нотарката која и рекла дека другите биле и се е завршено се чека уште мајка ми да иде и да даде наследничка изјава. Кога отидовме со мајка ми заедно после тоа постапката не беше почната (нотарката не лажела), ама ние инсистиравме да состави смртовница и мајка ми да даде наследничка изјава. Мајка ми се прифати за наследник и добивме записник со потпис на записничарот и нотарот со печат. Тоа беше во Септември и уште немаме добиено решение. Се јавив еднаш кај нотарката која ми рече дека уште не ги повикала другите наследници бидејќи едната студира во Скопје. Сега кога отворив на страната на катастар имотот кој што беше предмет на оставинската постапка се води на едниот внук не се води веќе на дедо ми. Најверојатно го направиле договорот за поклон кај истиот тој нотар. Станува збор за мало место каде што сите се знаеме не може да се збуни нотарот па да знаел дека се води оставинска постапка кај него за тој имот. Ќе ве молам да ми помогне некој.
Ви благодарам однапред
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
719
Поени од реакции
537
Договорот за дар може да го раскине само дарувачот. Ако е уште жив дедо ти, само тој може. Вие оспорете го по основ дарување имот на кој имаат право и други лица. Мајка ти, децата на вујко ти прво ќе си го добијат својот дел ( тоа е по половина од вкупната половина), дедо ти ќе си добие сам една половина...е после може да го даде неговото како дар на кого сака.
 
Фала на одговорот
Може ли да ми кажеш на кој член од законот да се повикам
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
719
Поени од реакции
537
Закон за наследувањето:
б) Втор наследен ред
Родителите и брачниот другар на умрениот
Член 16
Оставината на умрениот кој не оставил потомци ја наследуваат неговите
родители и неговиот брачен другар.
Родителите на умрениот наследуваат една половина од оставината на
еднакви делови, а втората половина ја наследува брачниот другар на
умрениот.
Ако по умрениот не останал брачен другар, родителите на умрениот ја
наследуваат целата оставина на еднакви делови.
(ова е членот кој кажува дека и мајка ти и вујко ти (неговите деца) имаат право на наследство. Би требало да е доволно само овој член за да се поништи договорот за дар.
 
Они се прв наследен ред ако не се лажам
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
719
Поени од реакции
537
Они се прв наследен ред ако не се лажам
Погрешен член сум ти ставил, чекај малку
--- надополнето: 1 декември 2013 во 12:55 ---
а) Прв наследен ред
Потомците и брачниот другар на умрениот
Член 13
Оставината на умрениот ја наследуваат пред сите неговите деца и
неговиот брачен другар.
Тие наследуваат еднакви делови.
Ова ти треба. Додека не биде задоволен овој услов, не може да се подарува, пренесува и слично. Освен, ако се откажат сите наследници...Ама тоа е друго.

Член 31
Нужните наследници имаат право на дел од оставината кој се вика нужен
дел и кој им припаѓа во случај кога оставителот располагал со оставината.
Нужниот дел на потомците, посвоениците и нивните потомци и на брачниот
другар изнесува една половина, а нужниот дел на другите наследници
една третина од оној дел што на секој наследник би му припаднал според
законскиот ред на наследувањето без оглед на тоа што некој од нужните
наследници не бара дел од оставината, или пак е исклучен од наследство
или е недостоен да наследи. Притоа, не се применуваат одредбите од овој
закон за зголемување, односно намалување на наследниот дел на
брачниот другар, односно на родителите.

Повреда на нужниот дел

Подароци и располагање со тестаментот извршени во корист на
нужните наследници
Член 38
Кога е повреден нужниот дел, располагањата со тестаментот ќе се
намалат, а подароците сторени во последните 90 дена од животот на
оставителот ќе се вратат колку што е потребно, за да се дополни нужниот
дел.
10
Нужниот дел е повреден кога нужниот наследник уште за животот на
оставителот и со тестаменталните располагања не примил од имотот на
оставителот подароци и наследен дел во висина на вредноста на нужниот
дел.
При утврдувањето на вкупната вредност на тестаменталните располагања
и на подароците се земаат предвид и оние подароци и располагања со
тестаментот за кои оставителот наредил да не му се засметуваат на
нужниот наследник во неговиот наследен дел.
Од овие подароци и тестаментални располагања што му се засметуваат на
нужниот наследник во неговиот наследен дел при утврдувањето на
вкупната вредност на тестаменталните располагања и на подароците се
зема предвид само онолку за колку тие го надминуваат неговиот нужен
дел.

Еве го цело, се надевам не промашив некој член сега.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.627
Поени од реакции
16.833
Во врска со ова проблематика, мислам дека по нашето право и пракса, времена мерка дава само судот ,ако тужат наследниците кој се оштетени со договор за дар; би било добро да може со оставинската постапка барем Забелешка во имотниот лист да се стави, бидејќи ако УЛ е чист даропримачот може да направи со имотот нешто во текот на оставинската постапка, но Катастарот не прифаќа да става Забелешки, само става на објекти во Градба... инаку знам случај од 90-те каде во исти ден и го подарил станот и го продал, па купувачот20-на години се тужеше со продавачот да си ги врати парите..
Грешка е и што кршење на законот во сферата на наследното право се третира само парнично а не и кривично
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Кога починала баба ти ако работела и имала дел тој останал на дето ти кој како дар може да го дарува на кој сака а никој друг колку и да го оспорува нема да добие ништо
 
Не си во право. Имотот стекнат во брак се дели 50-50, освен ако има предбрачен договор (што во овој случај не е така). Кога ќе почине едниот од сопружниците, неговиот дел се дели помеѓу децата и живиот сопружник во однос 1/2 за децата (без разлика колку се) и 1/2 за сопружникот.
 
Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.841
Мислам дека судот смее да одлучи дали може да се раскине договор за дар, и тоа врз основа на силни докази, во спротивно нема шанси мислам јас.
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.296
Поени од реакции
567
Не си во право. Имотот стекнат во брак се дели 50-50, освен ако има предбрачен договор (што во овој случај не е така). Кога ќе почине едниот од сопружниците, неговиот дел се дели помеѓу децата и живиот сопружник во однос 1/2 за децата (без разлика колку се) и 1/2 за сопружникот.
тоа важи и ако имотот стои на едниот сопружник?
 
Член од
4 март 2011
Мислења
708
Поени од реакции
727

И ти не си во право, прочитај уште малку
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Не си во право. Имотот стекнат во брак се дели 50-50, освен ако има предбрачен договор (што во овој случај не е така). Кога ќе почине едниот од сопружниците, неговиот дел се дели помеѓу децата и живиот сопружник во однос 1/2 за децата (без разлика колку се) и 1/2 за сопружникот.
Погрешно,се дели секому според заслугите.
Ако јас работам и земам плата од 2000 евра,а сопругата зима 300-400 евра или не е вработена кога ќе се пресмета кој колку работел и придонесувал толку и добива.
Ако сопругата никогаш не работела а цело време трошела мои пари нема ништо да добие зашто не ја следува а јас имотот ќе го оставам на кого сакам а судот нема логика,причина и право да поништува мои одлуки напишани и составени под полн и здрав разум пред нотар.
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
719
Поени од реакции
537
Вака сега. Јас колку што сум читал и од луѓе што сум слушал...имот стекнат во брак е пола - пола. Ако почине едниот, неговиот дел оди половина за сопруг/а и уште половина за децата. Кога ќе почине и вториот, половината заедно со имотот на сега починатиот се дели помеѓу децата. Е сега, докажување кој колку придонесувал се прави во парнична постапка. Инаку се претпоставува дека двајцата имаат подеднаково учество. Муабетот со овој договор за дар е тоа што дедо му дава на внук имот што не е негов. Водена е оставинска постапка? Не верувам. Баба умира, дедо дава дар. Толку? Не оди тоа баш така. Можеби не ми е прецизно напишано, ама сигурен сум дека е вака. Или дајте правна основа дека не е.
--- надополнето: 3 декември 2013 во 01:03 ---
тоа важи и ако имотот стои на едниот сопружник?
Согласно Законот, се она што брачниот другар го имал пред влегување во брак, го стекнал во брак врз основа на подарок, наследство или легат, како и оние ствари кои се стекнати во бракот а служат исклучиво за неговите лични потреби претставува негов ПОСЕБЕН ИМОТ, и не се смета како заеднички имот.
Од друга страна како заеднички имот ќе се смета имотот кој го стекнале со некоја правна работа, на пример го купиле, го отплаќале на рати итн...па дури и ако едниот од нив не работел, а сепак на некој начин придонесувал во брачната заедница, со одгледување деца, грижа за семејството...
--- надополнето: 3 декември 2013 во 01:14 ---
Погрешно,се дели секому според заслугите.
Ако јас работам и земам плата од 2000 евра,а сопругата зима 300-400 евра или не е вработена кога ќе се пресмета кој колку работел и придонесувал толку и добива.
Ако сопругата никогаш не работела а цело време трошела мои пари нема ништо да добие зашто не ја следува а јас имотот ќе го оставам на кого сакам а судот нема логика,причина и право да поништува мои одлуки напишани и составени под полн и здрав разум пред нотар.
Ова е за развод, не за оставинска постапка. Ти ќе останеш жив и ќе делиш со мртва сопруга? Дај не зезај. Еве нека е и твојот пример. Ти си носел повеќе пари, таа помалку. Ама таа ги чувала децата и сега како ќе сметаш? Твоето е повеќе? Верувај дека на суд и тоа како се гледа на вакви (можеби глупави) нешта. Збориме за поделба на имот од едно (починато) лице помеѓу негов сопруг/сопруга и неговите деца. Колку би земал ти, а колку твоите деца од имотот на сопругата (почината, НЕ разведена)?
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Некаков документ на кој пишува врз основа на тој закон по член тој е донесено тоа решение имаш ли.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom