Ќе ве замолам за помош
Дедо ми сакал целиот имот сакал да го поклони на еден внук. Кај нотарот кога отишле нотарот им рекол дека пола е стекнат во брак со баба ми (која е почината) и побарал да се покрене оставинска постапка за баба ми. И бидејќи е само тој нотар таму (нема друг нотар еден е) кај него се води и оставинската постапка. Наследници се мајка ми, дедо ми и децата на вујко ми (пошто он е починат). Мајка ми беше повикана на расправа ама она не дојде во закажаниот термин, и се јави на нотарката која и рекла дека другите биле и се е завршено се чека уште мајка ми да иде и да даде наследничка изјава. Кога отидовме со мајка ми заедно после тоа постапката не беше почната (нотарката не лажела), ама ние инсистиравме да состави смртовница и мајка ми да даде наследничка изјава. Мајка ми се прифати за наследник и добивме записник со потпис на записничарот и нотарот со печат. Тоа беше во Септември и уште немаме добиено решение. Се јавив еднаш кај нотарката која ми рече дека уште не ги повикала другите наследници бидејќи едната студира во Скопје. Сега кога отворив на страната на катастар имотот кој што беше предмет на оставинската постапка се води на едниот внук не се води веќе на дедо ми. Најверојатно го направиле договорот за поклон кај истиот тој нотар. Станува збор за мало место каде што сите се знаеме не може да се збуни нотарот па да знаел дека се води оставинска постапка кај него за тој имот. Ќе ве молам да ми помогне некој.
Ви благодарам однапред