Barclays Premier League Season 2013 - 2014

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ја освои Премиер Лигата?

  • Вкупно гласачи
    289
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Да ама пак сигурен сум дека му било соопштено дека клубот застанува на нозе и дека политиката ќе се смени за една година. Или пак не му се чекаше една година.
--- надополнето: 2 декември 2013 во 09:45 ---
Или барем една изјава да дадеше како е благодарен на Арсенал што направил се за него.
Wenger kaza deka e prodaden poradi fudbalski pricini. Da mu kazel deka politikata ke se smeni, a ovoj da odbiel, nemase na prviot duel na OT, Wenger da go ceka Robin so pruzena raka, me mrzi da go baram gif-ot.

Prvoto nesto sto go napravi Robin na pretstavuvanjeto kako nov igrac na Man Utd bese sto im se zablagodari i na Arsenal i na Wenger.

Do clenot pogore sto debatira lack of ambition - Man Utd 20 god nema zavrseno podole od 3 mesto, ako edna vakva sezona vo koja nema prodavanje klucni igraci i koja patem ne e ni zavrsena zboruva za nekakov si lack of ambition, ne znam sto da kazam.
 
Види до утре може да се натегамо дали е во право или не. За Арсенал (посебно фановите) е испаднат “предавник“ па и ако гледаме фудбалски вредности. Само фановите на манчестер го оправдуваат и наоѓаат алиби и го правдаат неговиот потег. Факт е дека е никаков карактер (и самата го имаш кажано тоа) и заради тоа сега несмеат фановите да си го искажат незадоволството за да не го налутат? Значи чутите велите дека е во право само за да не слави против нас. И убеден сум дека чекаше само изговор да најде за да се оправда за прославата. Ако ништо друго од почит кон Венгер не би се понашал така.
 
Нешто интересно во склоп со Премиер Лига, чат-пат по некој интересен податок. :гик:

СТАТИСТИКА ПОСЛЕ 13. КОЛО
* Кристиан Бентеке седум натпревари во низа е без постигнат гол, неговиот најголем пост во Англија.
* Сандерленд пет гостински натпревари во низа нема постигнато гол, за прв пат после 2009 година.
* Арон Ремзи за прв пат постигна гол со глава во Премиер лигата.
* Арсенал примил само три погодоци на последните осум натпревари во сите конкуренции.
* Кардиф има само една победа на последните седум натпревари во лигата.
* Герет Бери има ист број на асистенции (3) за Евертон сезонава, колку што имаше и во Манчестер Сити во текот на целата измината сезона.
* Ромелу Лукаку има осум погодоци на девет натпревари за Евертон.
* ’Карамалите’ на натпреварот изминатиот викенд постигнале повеќе погодоци (4) отколку на сите предходни натпревари против Стоук заедно (3).
* Евертон постигнал четири погодоци на еден натпревар за прв пат после април, 2012 година.
* На последните осум домашни натпревари, Норич на четири од нив не примиле погодок.
* Карлтон Кол постигнам седум погодоци на последните девет натпревари против Фулам.
* Стјуарт Даунинг ја запиша првата асистенција оваа сезона, иако имаше направено 24 шанси за гол.
* Вест Хем нема пораз од Фулам на домашен терен во последните девет натпревари.
* Фулам победил само на шест од вкупно 57 лондонски дерби натпревари надвор од Кревен Котиџ.
* Сите погодоци кои Муса Сисоко ги постигнал за Њукасл, биле на Сент Џејмс Парк.
* ВБА имаа само еден удар кон голот на Тим Крул, и тоа беше погодокот на Крис Брант.
* На последните девет дуели помеѓу ВБА и Њукасл ниту еден тим ја нема сочувано својата мрежа празна.
* Тотенхем има само една победа на последните 25 натпревари против Манчестер Јунајтед и ниту една на последните 13 дуели на Вајт Харт Лејн.
* Вејн Руни има постигнато 149 погодоци за Јунајтед во Премиер лигата, единствено Тиери Анри има постигнато повеќе за ист клуб (175, Арсенал).
* Руни во досегашниот тек од сезоната има пет погодоци на гостински терен, толку имаше во текот на целата 2012/13.
* Трите погодоци на Сандро во Премиер лигата биле постигнати во Лондон, но викендов за прв пат погодоци на домашен терен.
* Кајл Вокер постигна гол за прв пат после април 2012 година, против Блекбурн.
* Ливерпул само еднаш ја сочувал својата мрежа празна на последните 10 натпревари во Премиер лигата.
* Хал по втор пат сезонава постигнува повеќе од еден гол.
* Стивен Џерард го постигна неговиот 22. погодок во декември, повеќе од било кој друг фудбалер.
* Џерард на четири натпревари против Хал има исто толку погодоци.
* Ливерпул има само две победи на последните шест натпревари.
* Џеј Родригез е третиот фудбалер во Премиер лигата што оваа сезона постигна гол во 13. секунда од натпреварот.
* Челзи на Стемфорд Бриџ во историјата примил три погодоци во почетната минута, два од нив биле од Саутемптон.
* Не сметајќи ги пеналите, Џон Тери е најдобриот стрелец (дефанзивец) во историјата на Премиер лигата.
* Жозе Мурињо и понатаму е без пораз на домашен терен во Премиер лигата.
* Дуелот на Стемфорд Бриџ имал лош процент на реализирани додавања, седми најлош (во таа точка) во текот на оваа сезона.
* Манчестер Сити на седум домашни натпревари имаат постигнато 29 погодоци, повеќе од било кој друг тим сметајќи ги сите натпревари.
* Самир Насри постигнал повеќе од еден погодок за прв пат после 2010 година.
* Серхио Агуеро за прв пат после 10 натпревари не успеа да постигне гол за Манчестер Сити.
* Свонси не постигнале гол на три од последните четири натпревари на гостински терен.
 
Перси е одличен професионалец, дава максимум на терен, немам слушнато дека било кога во кариерата има неоправдано отсуствувано од тренинг или направено инцидент со соиграч. Тоа е повеќе од доволно за да се констатира дека има карактер на шампион. За другото, нека мисли жена му. Не гледам како неговата искреност или лојалност ме засегаат мене како фан на клубот.
 
омг. Разбравме.

Исто како Руни да дојдеше во Арсенал, сега ја ова да ти го кажам. Не е тоа е поентата.. а, и незнам зошто воопшто се дискутира на темава, доволно се знае каков играч/особа е. Све да му.
 
Дај бе баталете ја гнидата и онака нема да земе титула веќе никогаш и ќе биде заборавен од сите за некоја година вклучувајќи ги и навивачите на неговипт сегашен клуб.
 
омг. Разбравме.

Исто како Руни да дојдеше во Арсенал, сега ја ова да ти го кажам. Не е тоа е поентата.. а, и незнам зошто воопшто се дискутира на темава, доволно се знае каков играч/особа е. Све да му.

Исто ко да дојдеше, ама не дојде. Настрана тоа што Руни освои еден куп титули во Јунајтед, ама да, на крај пак исто ќе беше.
 
Се фативте за неговиот карактер како да ви е некој близок роднина, пријател или познаник. Ко досега да не се докажал колкав професионалец е во фудбалот!

Само ајде, мора негде да се испразните, затоа што во себе содржите големо количествто на негативна енергија, омраза и болка. :3
 
Ke go osvoi eve pivskiot kup. Uste toj mu fali od Anglija :D
 
Се фативте за неговиот карактер како да ви е некој близок роднина, пријател или познаник. Ко досега да не се докажал колкав професионалец е во фудбалот!

Само ајде, мора негде да се испразните, затоа што во себе содржите големо количествто на негативна енергија, омраза и болка. :3

И Тевез е професионалец, кај и да играл давал 100% зашто вашите палеа дресови и вие плукавте кога отиде у Сити?
 
И Тевез е професионалец, кај и да играл давал 100% зашто вашите палеа дресови и вие плукавте кога отиде у Сити?

Едно е да го коментираш пред натпреварот со тимот за кој игра, сосема друго е секое коло да го пратиш и коментираш. Тие што палеа дресови се лоботомирани. Нив, за жал, ги има секаде.
 
И Тевез е професионалец, кај и да играл давал 100% зашто вашите палеа дресови и вие плукавте кога отиде у Сити?

Не знам зошто, затоа што најверојатно оперирани се од логика, а и нивото на интелигенција им е ниско. Тевез не беше наш, туку беше на позајмица кај нас, се донесе одлука наместо да го платат Тевез, да го купат Бербатов. Што за мене од една страна беше разочарувачки го сакав Тевез во Јунајтед но што е тука е...
 
Едно е да го коментираш пред натпреварот со тимот за кој игра, сосема друго е секое коло да го пратиш и коментираш. Тие што палеа дресови се лоботомирани. Нив, за жал, ги има секаде.

А чим Перси паднал ниско кон тие лоботомирани и им покажал на истите со иста мера значи не е ништо поарен од нив. И пак ќе кажам до утре може да барате оправдување и изговор дека е во право но факт е дека го браните само поради тоа што е кај вас, да беше во друг тим не би го тврделе истото.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom