Не можеме да одиме на референдум, не е обврзувачки. Со последните амандмани, како една од бариерите за, веројатно, да се заштитат рамковниот договор и територијалните измени, референдумот го изгуби обврзувачкиот карактер и остана како консултативен, ако не по форма, тогаш по суштина. И да е успешен постојат филтри кои треба да ги помине, а ДУИ преку бадентер и Уставен, со оправдување дека ги загрозува правата не на едно, туку на повеќе малцинства (имаме овде муслимани, тие си тераат полигамија), нема да го пуштат. Лошо ќе звучи, ама правата на LGBT заедницата денес се сеуште теоретски(повторувам, теоретски) остварливи благодарение на истиот тој договор кој на мнозинството граѓани овде им го одзема правото да одлучуваат за себе.