Тепих со цели градови - Немав јас ова но братучед ми имаше и вози ги автомобилчињата на него, а панталоните и тренерките на колената ни се избелуваа и кинеа затоа што сме се влечеле по тепихот
Пиштоли на дијаболи - е ова највеќе мразев да ме погодат бидејќи ептен болеше.
Нинтендо - Супер марио, пукање гуски со пиштолче, wonderboy и други игри.
Радио касетофон - На него можеше да се снима на касета. Јас го утепував од работање, секој ден снимав емисии и музика од Македонско радио и застанат до радиото чекаш да почне песна за да ја фатиш од почеток да ја снимиш, па се нервираш на сред песна почнале водителите да зборат
VHS видео рекордер - купив касета и снимав емисии, Паметам ги снимав едно време Дали се плашите од темнината секоја сабота ги даваа на МТВ но не ги снимив сите епизоди а касетата замина во канта откако и целиот видео рекордер се расипа . Едно време се отвори првата видеотека во градот King,. се зачленив и земав касети со филмови па паметам кога ќе ја враќаш мораше да се премнота касетата од почеток.
Алки од шише и конец - паметам некој ми имаше направено ваква алка со името мое.
Првиот компјутер - Пентиум 1 или како што ние го викавме Пентиум Кец па татко ми минарачуваше да ми сминаат игри и енциклопедии интерактивни. Паметам имав енциклопедија Дизни интерактив на која можеше виртуелно да се прошета Дизни, да се чита историјат, да се гледаат видеа, да се играат игри.
Слики моментално неможам да ставам потрошен ми е интернетот кој моментално го користам на работа.[DOUBLEPOST=1450540896][/DOUBLEPOST]
А ФИФА 98?
а NBA Live 99 мислам беше со најаката песна кога ќе го стартуваш цд-то
Bobby McFerrin - Don't Worry Be Happy