„Макпетрол“ со загуба од над 142 милиони денари
Компанијата „Макпетрол“ прикажа загуба од 142.944.000 денари за период од први јануари до 30-ти септември, се наведува во консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Оперативните приходи, кои што ги остварила компанијата во овој период, се на ниво од над 16 милијарди денари. Од овој износ на приходи од продажба отпаѓаат 16.014.524.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 15.579.242.000 денари, а на странски пазари 435.282.000 денари.
Оперативните расходи на „Макпетрол“, во период од први јануари до 30-ти септември, се на ниво од 16.192.312.000 денари.