Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

  • Креатор на темата Креатор на темата onak
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам за вас, али за политики дедо ми си го слушам(в) јас. Тој вкусил од најголемите, најлошите срања па до оние подзачинетите демек поарните, преку бегство од Грција за време на граѓанската војна, па до режимот на тогашна СФРЈ. Вака некако одеше муабетот:
Внучко, Југославија за некои беше арна, но беше далеку од добра. Или поточно беше фалшлива. Некои успеаа да го увидат вештачкото, но ако си го сакаа животот, подобро ќе беше слепи да останеа. Ако мене ме прашуваш, ни Тито го сакав, па ни Титојца.

Си сакаше политика, редовно си гледаше собрание од сабајле до вечер. Нека почива во мир, вчера три месеци му пеевме.
(а што се однесува до мене, читкањето низ книгиве и предметиве кои се поклопуваа со некои периоди од тие времиња, ми го дозациментираа ставот, против) А ако мене некој ме праша за сега, можам да речам дека ми е арно. А ако ми речи статистикава општо сега е срање, нека ми најди чиста статистика од тој период, каде се беше таинствено и максимално сокриено под пазувите на силата и ,,слободата". Пристап до информации од јавен карактер во тоа време ти е Sci-Fi тематика, таман за филм налик Space Odyssey
 
Бар немаше да се плашам дека утре може да живеам во Голема Албанија или Западна Бугарија.Во сред главен град премиер на соседна држава изразува територијални претензии,самонаречени команданти ни изиграваат шерифи по државата.Армијата ако уопште може да се нарече Армија,ни е под раководство на терорист..
 
Знам едно - Дека не ги замарале со политика и труеле како сега...И живееле многуу поопуштено и посреќен период бил тој дефинитивно ....
А сега дали имало слобода на говор ...Па не гледам напредок некој ден денес посебно..Напротив - бетер е ...бар последниве години.....
 
Да
Во 1986-88
кога порастот на платите било поголем од инфлацијата.
Занетет како СФРЈ решаваше проблем со невработеност.
Со Гастербајтери.

Така да тоа време помина .
 
Занетет како СФРЈ решаваше проблем со невработеност.
Со Гастербајтери.

Така да тоа време помина .

Како мислиш помина? Зарем сега невработеноста не се решава со гастербајтери?
 
Како мислиш помина? Зарем сега невработеноста не се решава со гастербајтери?

Прости не се докажав.

Помина делот со често зголемување на платите.:notworthy:
 
Eeee колку убаво се живееше во 1950 сите семјства имаа по 2 коли 4 лаптопи 3 телевизори 8 мобилни телефони 2 таблети и одеа во странство на одмор со авион...е тоа беа времиња.
 
Eeee колку убаво се живееше во 1950 сите семјства имаа по 2 коли 4 лаптопи 3 телевизори 8 мобилни телефони 2 таблети и одеа во странство на одмор со авион...е тоа беа времиња.
Да. Огромниот дел од човековата историја е тотално срање за живеење, затоа што немало лаптопи, телевизори и мобилни.
 
Eeee колку убаво се живееше во 1950 сите семјства имаа по 2 коли 4 лаптопи 3 телевизори 8 мобилни телефони 2 таблети и одеа во странство на одмор со авион...е тоа беа времиња.

а тебе дали сега ти недостасуваат работи кои ќе ги имаат младите и луѓето за едно 50-60 години? Замисли во 2070 година ко ќе велат “а бе како живееа бе тогаш со тие примитивни процесори, и смартфони од камено доба ?!!? кутри луѓе - ги жалам!“
 
Што има воопшто да се говори по темиве кога СФРЈ веќе одамна е мртва држава и нема потреба мислам да се знае дали се живеело добро или не се живеело; и онака нема тоа ништо да смени!Еве ви ја капиталистичка Македонија, пред распад и со четиристотини илјади млади надвор од државава и плус уште триста и педесет илјади млади кои бараат на било каков начин да избегаат од државава....
 
Да. Огромниот дел од човековата историја е тотално срање за живеење, затоа што немало лаптопи, телевизори и мобилни.
Да незборам дека во 1950 во Скопје имало Маларија поради Катлановското Блато и ТБЦ косела се живо и диво... А колку била романтична Црната Чума во 16 век ќе ти каже. @Let3
--- надополнето: 27 ноември 2013 во 14:22 ---
а тебе дали сега ти недостасуваат работи кои ќе ги имаат младите и луѓето за едно 50-60 години? Замисли во 2070 година ко ќе велат “а бе како живееа бе тогаш со тие примитивни процесори, и смартфони од камено доба ?!!? кутри луѓе - ги жалам!“
Поприлично сум сигурен дека во 2070 ќе се живее подолго и поубаво од денес како Што денес поубаво се живее од 1950та...Тоа се вика прогрес.
 
Да незборам дека во 1950 во Скопје имало Маларија поради Катлановското Блато и ТБЦ косела се живо и диво... А колку била романтична Црната Чума во 16 век ќе ти каже. @Let3
Мислам дека имаш направено грешка што си дошол тука да дискутираш, али ај ти си знаеш...
 
Мислам дека имаш направено грешка што си дошол тука да дискутираш, али ај ти си знаеш...
Ова им го викаа и во 1950та пред навечер да им дојдат и да ги носат во непознат правец.:LOL:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom