Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 28.999
- Поени од реакции
- 61.818
Е не ќе се заебаваат! 

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
За кого како господине Традиционален. Јас како физички граѓанин на Европа и на државава ги поддржувам Европските политики и им се смејам на таквите ко тебе што се крстат кога ќе поминат покрај соборна. Религијата треба секаде да се забрани или во краен случај да биде сведена на интимен чин во своите соби а не да ми ја пропагираат како нешто нормативно и „добро“.
Ама тебе те цитирав или него ? Он сам си има пишано дека е подржувач на "Европските политики".Тие Европски политики се се поголема бирократија,поголем државен апарат и поголем тоталитаризам.Многу е јасно што се подразбира под "европските политики" и за тоа ај да не се правиме на будали.
А тоа дека атеизмот се поврзувал со индивидуализам е чиста глупост ,од каде го извади ова од ракав?.Двете не се во никој случај поврзани.Напротив од историски аспект атеизмот е поврзан со најголемите тоталитарни режими кои исто така се и најголемите кољачи во дваесетиот и дваесет и првиот век.Индивидуализмот не е во ниеден случај поврзан со религиската определба или недостаток од истата.
Значи,истресе глупост, не се пикај до крај во неа. Најголемите атеисти и богоборци во историјата на мислата се залагаат за краен индивидуализам. Ниче е најдобар пример за тоа.
Убиствата во тотралитарните режими не се изведувани во име на атеизмот, туку од политички причини. Да тврдиш дека Сталин убивал затоа што бил атеист, е на исто ниво како да тврдиш дека Сталин убивал затоа што имал мустак.
И една многу лесна задача за тебе. Прогуглај колку има убиени во Библијата од страна на Јахве, или по негов налог.
![]()
И најголемите верници и побожни луѓе се залагале за мир во светот и љубов па затоа не ти ја гледам поентата,да не ни почнувам како и дека скоро сите пророци ( со некој исклучоци ) биле исто така силно индивидуалисти и против државата.
Ако Сталин и Мао не убивале според тебе поради атеизам тогаш и Папите ги почнале Крстоносни војни поради тоа што биле христијани е како да тврдиш дека Папите ги почнале Крстоносните војни дека имале големи капи.
Али ти ги користиш тие што наредувале или тие што извршувале зависно од тоа што ти одговара на тебе како аргумент .
Атеистичките /секуларни влади во 20 век:
Jozef Stalin (USSR 1932-39 only) 15,000,000 people murdered
Pol Pot (Cambodia, 1975-79) 1,700,000 people murdered
Kim II Sung (North Korea 1948-94) 1.6 million people murdered
Tito (Yugoslavia 1945-1987) 570,000 people murdered
Suharto (Communists 1967-66) 500,000 people murdered
Ante Pavelic (Croatia 1941-45) 359,000 people murdered
Ho Chi Min (Vietnam 1953-56) 200,000 people murdered
Vladimir Ilich Lenin (USSR, 1917-20) 30,000 people murdered
Adolf Hitler (Germany 1939-1945) 12,000,000 people murdered
Според учинок ништо полоши од теократските држави во европа и блискиот исток.Патем овие бројки горе се далеку под реалните бројки а и добар дел држави се изоставени.
Со забраниве не само што нема да решат проблем туку ќе создадат уште поголем. Послабите и плашливите ќе влезат андрграунд а психопатите ќе почнат да се разнесуваат со бомби. Проблемот нема да биде решен туку ставен под тепих, а така потиснат после одреден период ќе почни да смрди и да пречи повеќе од претходно.
Како се физикалците платени во Европа? Здравствено има ли, ако те заболи половината од дигање?