Прашање за Христијанството III

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Затоа што католиците го користат грегоријанскиот календар а православните јулијанскиот.
Точно, но зошто дошла до таа поделба? Различностите не разделуваат ,а не не спојуваат.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

Затоа што православната црква е поприврзана до традициите и не прифаќа речиси ништо кое е ново.
Случајот со календарите е од чисто практична природа, грегоријанскиот календар е попрецизен за разлика од јулијанскиот и тоа е и повеќе од очигледно после поголеми временски периоди, затоа декември станал јануари.
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580

Токму така различностите во теолошките сваќања дошло до разделувањето.
Иако Православието и Римокатолицизмот се многу слични толку многу и се рзликуваат во догмите.

До разделување доаѓа кога папите си воведувале свој систем кој за Православието не бил прифатлив. но главно основна причина за разделувањето била борбата за власт помеѓу римските папи со Константиполските патријаси.
Од кој дошло дури и до крсноносни војни предизвикани од римските папи.

Православието секогаш се придржувало и ќе се придржува кон основните Христови учења и благодата на духот на црквата Христова.
--- надополнето: 25 ноември 2013 во 13:56 ---
Затоа што православната црква е поприврзана до традициите и не прифаќа речиси ништо кое е ново.
Случајот со календарите е од чисто практична природа, грегоријанскиот календар е попрецизен за разлика од јулијанскиот и тоа е и повеќе од очигледно после поголеми временски периоди, затоа декември станал јануари.

Така Православието не`е приврзано до новотариски бабски учења за моќ,власт,папски богови и идоли.
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Има една работа, се вика размислување. Пробај понекогаш, навистина не боли. Ќе почнеш со по 2 минути на ден, па постепено ќе зголемуваш. За неколку месеци ќе стигнеш на ниво да мислиш дури и цел саат.

Ако твоето ниво на размислување е на iq 60 немора да им потенцираш и на другите и да се фалиш!
Ете ти уште еднаш главниот дел од текстот и пробај да размислиш па да цитираш!

До разделување доаѓа кога папите си воведувале свој систем кој за Православието не бил прифатлив. но главно основна причина за разделувањето била борбата за власт помеѓу римските папи со Константиполските патријаси.
Од кој дошло дури и до крсноносни војни предизвикани од римските папи.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ако твоето ниво на размислување е на iq 60 немора да им потенцираш и на другите и да се фалиш!
Ете ти уште еднаш главниот дел од текстот и пробај да размислиш па да цитираш!
Да де, Константинополските патријарси исто сакале власт и моќ, како онаа на папата. Прво напиша дека патријарсите биле желни за власт и моќ, а потоа напиша дека православието не го интересира власта и моќта.

Тоа се вика шизофренија. Човечкиот ум работи на принципот на бинарна логика, која тебе ти е скарана.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Така Православието не`е приврзано до новотариски бабски учења за моќ,власт,папски богови и идоли.
А грегоријанскиот календар има врска со ова на кој начин? Значи се работи за нешто очигледно - јулијанскиот календар е непрецизен, отскокнува со тек на време, затоа е воведен во употреба нов - грегоријанскиот, каде тоа отскокнување се корегира со престапни години - секоја четврта е престапна. Каква врска има ова со моќ, власт, богови и идоли?
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
А грегоријанскиот календар има врска со ова на кој начин? Значи се работи за нешто очигледно - јулијанскиот календар е непрецизен, отскокнува со тек на време, затоа е воведен во употреба нов - грегоријанскиот, каде тоа отскокнување се корегира со престапни години - секоја четврта е престапна. Каква врска има ова со моќ, власт, богови и идоли?

Рече дека Православието е засновано на традиции и не прифаќаат ништо ново!
Репликата ти беше за тоа.
Православието е засновано на Црквта Христова,Светиот Дух и Апостолите.
За секаков спор и одлука во православието се организирало вселенски собор кој не е заснован на свои предрасуди.
А не на своеволно раководење и титулирање како кај остнатите.
За тоа зошто католиците го обожаваат папата и сите му се полонуваат прашај си ги нив.

За календарот ми е многу малку познато па немам што да ти релпицирам.
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
23
Поени од реакции
18
Јасно! Иако имаме различни религиски концепти по ова прашање, ќе ти поставам и трето во склоп со првото: - Кога Исус девет месеци беше во стомакот на Марија дали се што е појавно и создадено остана без Тројството , односно светот го управуваше Двојството (Отецот и Светиот Дух)?
--- надополнето: 3 февруари 2013 во 21:53 ---

Ако прашањето ми е скрос погрешно и насочува на тоа како да сум прашал: кој е поголем, Исус или Исус, тогаш пријателе која е смислата на Исус кога рекол: "...Мојот Татко е поголем од Мене." (Јован 14:28) ?

Според твоево објаснување излегува дека Исус како да рекол: "...Мојот Исус е поголем од Мене Исус." ( Евангелие по Мики1:20:10 )

Молам за одговор доколку знаеш, доколку не знаеш, остави да одговорат оние што знаат.

За да се разбере Светото Тројство треба да си во голема религиска свесност која не би можел ти да ја разбереш иако би ти била објаснета бидејќи твоето верување е неверување во Светото Тројство . Се надевам ме разбираш зошто не можеш да разбереш и имаш иронични подпрашања на кои одговорот е ист!
--- надополнето: 25 ноември 2013 во 21:40 ---
Па кога Исус на крстот ги осети сите тегоби, зошто тоа дрво да биде свето кога на него беше измачуван Исус? Како е можно да биде нешто знак кога тој знак т.е. тој предбет беше причина за тегобите кои ги осетил Исус? Дали некој на Бог може да му нанесе тегоби? Зарем Бог не е Семоќен кој никој не му е рамен? Дали со тоа Исус е Бог?
Исус кога дошол на земјата дошол отелотворен како човек кој можел да ги живее искушенијата на човекот како битие затоа и ги чувствувал маките, а тоа што се смета за свето а сепак било измачување за Исус е всушност и една од мисиите на Синот Божји : Преку своите маки ги спасува верниците , а тие маки ги доживува на крстот кој е поради тоа свет за нас.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Рече дека Православието е засновано на традиции и не прифаќаат ништо ново!
Репликата ти беше за тоа.
Православието е засновано на Црквта Христова,Светиот Дух и Апостолите.
За секаков спор и одлука во православието се организирало вселенски собор кој не е заснован на свои предрасуди.
А не на своеволно раководење и титулирање како кај остнатите.
За тоа зошто католиците го обожаваат папата и сите му се полонуваат прашај си ги нив.

За календарот ми е многу малку познато па немам што да ти релпицирам.
Ми ги извртуваш зборовите, а тоа според твојата религија е еднакво на клевета! Никаде нереков дека е засновано, туку дека е поприврзано за разлика од останатите деноминации, приврзан и заснован се тотално различни поими!
Затоа што православната црква е поприврзана до традициите и не прифаќа речиси ништо кое е ново.
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Ми ги извртуваш зборовите, а тоа според твојата религија е еднакво на клевета! Никаде нереков дека е засновано, туку дека е поприврзано за разлика од останатите деноминации, приврзан и заснован се тотално различни поими!

хихихи

А што е разликата помеѓу заснован и приврзан?

Заснован да живееш кон тоа нешто и приврзан да живееш со тоа нешто што е еднакво со тоа нешто,и со двете живееш исто ај најди ја разликата!
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
хихихи

А што е разликата помеѓу заснован и приврзан?

Заснован да живееш кон тоа нешто и приврзан да живееш со тоа нешто што е еднакво со тоа нешто,и со двете живееш исто ај најди ја разликата!
:facepalm:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
За да се разбере Светото Тројство треба да си во голема религиска свесност која не би можел ти да ја разбереш иако би ти била објаснета бидејќи твоето верување е неверување во Светото Тројство . Се надевам ме разбираш зошто не можеш да разбереш и имаш иронични подпрашања на кои одговорот е ист!
За да го разбереш Светото Тројство треба да ти фали некоја штичка.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
За да го разбереш Светото Тројство треба да ти фали некоја штичка.
Ставро,

а замисли ситуација, колку кубици даски треба да (Ти) фалат за да не го разбереш тројството...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ставро,

а замисли ситуација, колку кубици даски треба да (Ти) фалат за да не го разбереш тројството...
Од сите можни глупости во сите можни религии, ова со светото тројство е најголема.

А мораше да ја направат, инаку Исус никако не се квалификуваше како Бог.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom