Препрочитај и погледни што пишува под вие на почетокот од постот и види дали ти се обраќам само на тебе или можеби треба да го цитирам пола форум што пишал тука . Направив генерализација на постовите,а кон тебе беше пренасочено гробарон и new komiti girl,налик нешто на cpg.Смири се и убаво да спиеш , се извинувам предвреме за ова известување што ќе го добиеш сега.
Еве дечко што ти напиша, а беше насочено кон мене (ко шо тврдиш ти).
Мразиш местенки,го браниш и се мокриш на мојсо кога настапува за репрезентација,го испљука тој доле што фрлил стол ,ги изругавте сите комити со другарчињава за ДА БИДЕТЕ ИН ВО ЕВРОПА.Тоа ме натера мене да си поиграм малце со тебе , но очигледно не ја прифаќаш оваа игра односно не знаеш да читаш меѓу редови па сега ќе бидам директен и ќе заминам малце подалеку од темава зошто вие ( сите што ги ругате хулиганиве и сељациве наречени Комити) сте ограничени.
Не ми пречи тоа што навиваш за Вардар, не ми пречи што си против местенките, ама ми пречи тоа што сте ограничени и ја осудувате цела група за постапките на еден поединец.Исто така ме радува што почнавте да го пратите спортот во Македонија и да го подржувате, но ме утепува фактот што станавме wanna be Европејци,па се радуваме и се палиме само на успеси.
.
Каде бре ти дечко виде јас да ги наречам Комитите хулигани? Никогаш не сум ги нарекла така, баш напротив ги обожавам како навивачка група затоа што знаат да навиваат и за лојалноста спрема Вардар. Кога ќе се деси инцидент ко со столчето, да - коментирам негативно, ама НИКОГАШ спрема навивачката група, туку према поединците (ко кретенот со столчето)
НИКОГАШ, ВО НИЕДНО МИСЛЕЊЕ НЕ СУМ РЕКЛА НИШТО ПРОТИВ КОМИТИТЕ!
Измислуваш реченици и зборови кои никогаш не сум ги напишала и тоа нема да го прифатам!
Истото важи и за Мојсо. Смешното е што ништо не напишав за човекот само се насмеав за Гробари Југ моментот пошо беше смешно и му објаснив на Цитро шо пишуваше на транспарентот.
Ако сакаш да се објаснуваш и да им кажеш нешто на тие што ги вреѓаат Комити, шо го бранат Мојсо или шо генерализираат, бујрум цитирај ги нив, а не да ме цитираш мене, па да излага пред форум дека ја сум ги зборела тие работи што апсолутно нема врска.
Бујрум цитирај ги тие што збореле така и со нив расправај се и дискутирај, а не мене да ме вовлекуваш во дискусија со која јас немам допирна точка.
И не се радувам само на успеси, напротив, во ниедна ситуација не го исплукав Вардар, баш реков дека ми е жал што изгуби, но тоа е тоа.
Ако не се согласуваш со мое мислење, цитирај, не е проблем, ќе дебатираме, ама ќе те замолам да не ми ставаш зборови во уста и да не се обраќаш до други преку мои мислења кои јас не сум ги кажала.