Стојам поправен тогаш, можно било и тоа, Нео имал модел од клима која не е толку лоша!
Добро, сега барем имаме информација кој модел им е ОК, па фановите на Нео ќе имаат полесен избор.
Јас пак ќе кажам, за таа мала разлика во пари (до Беко), не вреди да се игра руски, односно бугарски рулет.
Инаку прочитајте на нетов за компресорите во климите, освен големите производители никој од средните и помалите не произведува свои компресори. Тоа што оди во најевтините клими како Нео/Кварт се серии најевтини можни компресори од Тошиба, Санјо, кинези, итн, за кои најважна карактеристика што се бара од нив е... да работат. Не е важно колку економично, долготрајно или квалитетно, важно е да е евтино и да работи.
Затоа е смешно кога тие компресори се користат како рекламен материјал и селинг поинт од бредови како Нео, Кварт и слични... ѓуб... брендови де!
Не се работи само за дно-дна брендови како Нео, Кварт туку еве и гигантот Самсунг, кој иначе е одличен прајс-перформанс бренд за сите
други видови техника, за клими (за греење) треба да се избегнува.
Така велат искуствата на многубројни корисници по разни форуми низ нетот. Но не ми верувајте мене, побарајте и сами.
Не дека очекувам некаква благодарност за тоа што моето употребено време за истражување ви го сублимирам во неколку реченици за да не губите и вие месеци читање... но ме нервира кога некој промовира бренд со многу лош квалитет само затоа што го купил истиот.
Тоа е тоа, јас мислам дека е важно
сите информации да бидат достапни до идниот купувач. Каков одлука ќе донесе тој купувач потоа, е работа на личен избор.
Нео ЛЕД моделите на почеток беа со Тошиба компресор и беа сосема коректни.
...
Сега не знам дали ги користат истите компресори, во секој случај не беа ништо полоши од Беко, Мидеа и слични брендови.
Винд, зарем мислиш дека едни ластовички ја прават пролетта?
Зарем некој со здрав памет ќе оди да се распрашува по продавниците дали имаат останото Нео клими со фамозните Тошиба компресори?
Ако некој читал и се информирал за клими, и знае што е што, секако ќе сака да доплати една-две илјади денари за бренд како што е Беко.
ОК е информацијата за кој конкретен модел се покажал добро, ама не бива на форум за писмени луѓе да промовираме брендови како Нео, Кварт и слични.
Да те поправам и за Мидеа. Пред десетина години биле добар лоу-енд бренд за обични (не-инвертор) клими, сега се страње. Пак се подобри од Нео/Кварт, но и доста полоши од Беко. Беко е измислен за сите други евтини клими. ЛГ има солидни поевтини модели, за неколку илјади денари поскапи од Беко. Беко и ЛГ иначе се произведуваат во иста турска фабрика, турски ЛГ се најголемиот број од уредите што се продаваат кај нас (што никако не значи дека се лоши).
И тоа би било тоа за поевтините обични клими.
Нео купуваат неинформирани луѓе што се во недостаток со пари.
Никој не е толку сиромашен да му се исплати пазарење на таков уред.