Најекономично греење и ладење

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.360
Разбирам се убаво што викаш не ни мислев јас да се греам со климата така ја пробав само купена е за ладење летно време во што е многу ефикасна не се жалам за 5-6 минути ја соборува температурата од 30 на 25с.ама сепак смета и тогаш тоа палење и гасење.Касно почнав да ја читам темава инаку ќе одев на некој ефтин инвертер секако
Тоа ти тоа, цената е на страна на обичните клими.
Од друга страна, ефикасноста и конфорот во користењето (нема непријатно дување) е на страната на поскапите инвертор модели на клими (чија поскапа цена пак се заштедува преку неколку сезони на користење).

Парите се тие, па кој колку може да си дозволи. Во секој случај било која клима е многу поефикасна од панелки или било кои други греалки.
--- надополнето: 22 ноември 2013 во 23:18 ---
На надворешна околу 10 ст. и зададени сега 21 ст. процесот е ист, само што подолго време се задржува некаде помеѓу 250-300 вати.
Еве ти мерење на потрошувачка од поквалитетен уред. За разлика од панелката или Нео ѓубрето, овој уред за одржување на топлината троши колку 2-3 сијалици од 100вати...
 
Член од
1 ноември 2013
Мислења
616
Поени од реакции
529
Еве ти мерење на потрошувачка од поквалитетен уред. За разлика од панелката или
Нео ѓубрето, овој уред за одржување на топлината троши колку 2-3 сијалици од 100вати...
е сега и ти па кога си завикал ѓубре па ѓубре па што сакаш ти за 15000 со се монтажа дојди летно време кај мене во гевгелија знае да има и денови над 50с.ќе видиш дали лади и колку разлика има од тие вашите клими по 1000 евра што се
за греење видов дека пет пари не вреди
@gigovit што инвертер имаш ти ако не е тајна и колку го зеде
 
Член од
2 јули 2007
Мислења
472
Поени од реакции
27
Некој искуство со Даикин инвертер,ми ги фалат многу а сум за земање па сакам да го направам најдобриот избор.Ми даваат цена од околу 710е со монтажа на 3.5кв
 
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.653
Поени од реакции
7.498
Некој искуство со Даикин инвертер,ми ги фалат многу а сум за земање па сакам да го направам најдобриот избор.Ми даваат цена од околу 710е со монтажа на 3.5кв
За кој модел ?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.360
е сега и ти па кога си завикал ѓубре па ѓубре па што сакаш ти за 15000 со се монтажа дојди летно време кај мене во гевгелија знае да има и денови над 50с.ќе видиш дали лади и колку разлика има од тие вашите клими по 1000 евра што се
за греење видов дека пет пари не вреди...
Јас за уредот навистина мислам дека е ѓубре, што не значи дека (барем за ладење) нема да работи... некако.
Не се навредувај, критиките се на сметка на уредот. На форумов немаме влакна на јазикот и си земаме за слобода да не ги виткаме зборовите во шарена хартија.

Што се однесува на ѓубр... извини... што се однесува до Нео климите, моето скромно мислење е дека за сосема малку повеќе пари, Беко е измислен клима уред во однос на Нео. Многу подобри перформанси, многу поголема гаранција, а барем додека температурата не падне под нула ќе може и солидно да те грее.

Поентата на форумов е да разменуваме искуства, не да ги фалиме сопствените уреди. Немам за намера да те навредам, само сакам да укажам на квалитетот, и на многу подобри алтернативи што коштаат само малку повеќе.
Од друга страна разбирливо е секој да си го фали своето, па и тебе те разбирам. Ако ти е само за ладење и ако ти се погоди Нео-то да не е склапан во трета смена, во бугарската „фабрика„, не велам дека и еден Нео нема да брка некаква работа.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во Телеграф мк се појави вест дека Соединетите Американски Држави ги забраниле печките на дрва
http://www.telegraf.mk/aktuelno/66160-sad-gi-zabrani-peckite-na-drva-kaj-nas-lozat-nad-70-od-semejstvata
Наводно нивата Агенција за заштита на околината донела ваква одлука.
Еве ја страницата на EPA -United States Environmental Protection Agency која наводно извршила забрана
http://www.epa.gov/
Јас такво нешто на оваа страница не најдов
Но најдов многу убаво упатство за согорување на дрвото, можете да погледнете
http://www.epa.gov/burnwise/workshop2011/WoodCombustion-Curkeet.pdf

А зошто нашиве новинари измислуваат вакви вести - не знаеме
 
Член од
1 ноември 2013
Мислења
616
Поени од реакции
529
Јас за уредот навистина мислам дека е ѓубре, што не значи дека (барем за ладење) нема да работи... некако.
а што ќе кажеш на тоа што надворешната единица е со тошиба компресор лани ја отворивме со мој пријател што монтира клими да ја исчистиме лично се уверив со свои очи
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Во Телеграф мк се појави вест дека Соединетите Американски Држави ги забраниле печките на дрва
http://www.telegraf.mk/aktuelno/66160-sad-gi-zabrani-peckite-na-drva-kaj-nas-lozat-nad-70-od-semejstvata
Наводно нивата Агенција за заштита на околината донела ваква одлука.
Еве ја страницата на EPA -United States Environmental Protection Agency која наводно извршила забрана
http://www.epa.gov/
Јас такво нешто на оваа страница не најдов
Но најдов многу убаво упатство за согорување на дрвото, можете да погледнете
http://www.epa.gov/burnwise/workshop2011/WoodCombustion-Curkeet.pdf

А зошто нашиве новинари измислуваат вакви вести - не знаеме
ех..зошто, повеќе ми личи на она: ти зборам ќерко - сети се снао...мислат дека така се во трендот на спасување на чистиот воздух во Македонија...
Најсмешно е што горењето дрво е сепак најеколошко загревање..ако се направи биланс по сите елементи.
Не е најкомотно, бара прилично физички напор од почеток до крај, ама нај-еколошко-за-сигурно е.;)

Освен она со ел.енергија добиена од хидро централа...
Башка ја има логиката на биодизелот: расте па го гориш, а тоа што го гориш кога расте......јаглен двооксидот го претвара во килород. Горејќи фосилни горива , милијарда години депонираниот карбон го враќаш во атмосфера како загадување, плус трошиш кислород без да го ствараш :tapp:
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Јас за уредот навистина мислам дека е ѓубре, што не значи дека (барем за ладење) нема да работи... некако.
Не се навредувај, критиките се на сметка на уредот. На форумов немаме влакна на јазикот и си земаме за слобода да не ги виткаме зборовите во шарена хартија.

Што се однесува на ѓубр... извини... што се однесува до Нео климите, моето скромно мислење е дека за сосема малку повеќе пари, Беко е измислен клима уред во однос на Нео. Многу подобри перформанси, многу поголема гаранција, а барем додека температурата не падне под нула ќе може и солидно да те грее.

Поентата на форумов е да разменуваме искуства, не да ги фалиме сопствените уреди. Немам за намера да те навредам, само сакам да укажам на квалитетот, и на многу подобри алтернативи што коштаат само малку повеќе.
Од друга страна разбирливо е секој да си го фали своето, па и тебе те разбирам. Ако ти е само за ладење и ако ти се погоди Нео-то да не е склапан во трета смена, во бугарската „фабрика„, не велам дека и еден Нео нема да брка некаква работа.

Нео ЛЕД моделите на почеток беа со Тошиба компресор и беа сосема коректни.
Имам пријател кој работи во Техномаркет и според него досега имало многу малку поплаки од страна на муштерии за климата и покрај тоа што имале продадени доста од нив.
Сега не знам дали ги користат истите компресори, во секој случај не беа ништо полоши од Беко, Мидеа и слични брендови.
Конкретно за овој модел се работи, плус сега гледам дека имаат и трогодишна гаранција што не е за занемарување.
http://technomarket.mk/products/00002370/neo-acs-hr12led-r410
 
е тоа е де ѓубрето што вика Vanlok :D
нека ми најде он беко со тошиба компресор за 250 евра го носам на скара кај сака
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.360
Стојам поправен тогаш, можно било и тоа, Нео имал модел од клима која не е толку лоша!
Добро, сега барем имаме информација кој модел им е ОК, па фановите на Нео ќе имаат полесен избор. ;)

Јас пак ќе кажам, за таа мала разлика во пари (до Беко), не вреди да се игра руски, односно бугарски рулет.
Инаку прочитајте на нетов за компресорите во климите, освен големите производители никој од средните и помалите не произведува свои компресори. Тоа што оди во најевтините клими како Нео/Кварт се серии најевтини можни компресори од Тошиба, Санјо, кинези, итн, за кои најважна карактеристика што се бара од нив е... да работат. Не е важно колку економично, долготрајно или квалитетно, важно е да е евтино и да работи.
Затоа е смешно кога тие компресори се користат како рекламен материјал и селинг поинт од бредови како Нео, Кварт и слични... ѓуб... брендови де! ;)

Не се работи само за дно-дна брендови како Нео, Кварт туку еве и гигантот Самсунг, кој иначе е одличен прајс-перформанс бренд за сите други видови техника, за клими (за греење) треба да се избегнува.
Така велат искуствата на многубројни корисници по разни форуми низ нетот. Но не ми верувајте мене, побарајте и сами.
Не дека очекувам некаква благодарност за тоа што моето употребено време за истражување ви го сублимирам во неколку реченици за да не губите и вие месеци читање... но ме нервира кога некој промовира бренд со многу лош квалитет само затоа што го купил истиот.

Тоа е тоа, јас мислам дека е важно сите информации да бидат достапни до идниот купувач. Каков одлука ќе донесе тој купувач потоа, е работа на личен избор.

Нео ЛЕД моделите на почеток беа со Тошиба компресор и беа сосема коректни.
...
Сега не знам дали ги користат истите компресори, во секој случај не беа ништо полоши од Беко, Мидеа и слични брендови.
Винд, зарем мислиш дека едни ластовички ја прават пролетта?
Зарем некој со здрав памет ќе оди да се распрашува по продавниците дали имаат останото Нео клими со фамозните Тошиба компресори?
Ако некој читал и се информирал за клими, и знае што е што, секако ќе сака да доплати една-две илјади денари за бренд како што е Беко.

ОК е информацијата за кој конкретен модел се покажал добро, ама не бива на форум за писмени луѓе да промовираме брендови како Нео, Кварт и слични.
Да те поправам и за Мидеа. Пред десетина години биле добар лоу-енд бренд за обични (не-инвертор) клими, сега се страње. Пак се подобри од Нео/Кварт, но и доста полоши од Беко. Беко е измислен за сите други евтини клими. ЛГ има солидни поевтини модели, за неколку илјади денари поскапи од Беко. Беко и ЛГ иначе се произведуваат во иста турска фабрика, турски ЛГ се најголемиот број од уредите што се продаваат кај нас (што никако не значи дека се лоши).
И тоа би било тоа за поевтините обични клими.

Нео купуваат неинформирани луѓе што се во недостаток со пари.
Никој не е толку сиромашен да му се исплати пазарење на таков уред.
 
Член од
13 август 2013
Мислења
1.054
Поени од реакции
2.062
е сега и ти па кога си завикал ѓубре па ѓубре па што сакаш ти за 15000 со се монтажа дојди летно време кај мене во гевгелија знае да има и денови над 50с.ќе видиш дали лади и колку разлика има од тие вашите клими по 1000 евра што се
за греење видов дека пет пари не вреди
@gigovit што инвертер имаш ти ако не е тајна и колку го зеде
Јас земав тошиба сузуми плус 13-ка за 51.500 со монтажа на акција. Барав насекаде кај нас и даикин, фуџитсу, мицубиши и на крај се решив за оваа. Даикин се продаваше и уште се продава за 40.000 + монтажа најосновниот модел на инвертер, фуџитсото солиден модел го продава хидросет скопје за 41.000 + 5.000 монтажа но не ми се допаѓа малата тежина на надворешна единица од само 26кила и многу лош цоп на минус температури, мицубиши електрик можеби и најдобриот бренд по мене ги имаше у битола но цена дури 69.000 за 35-ка (одличен модел), а зубаданот дури 102.000 (луда работа), тука се спомнуваше грее за кој јас не дојдов до информации,вивакс инвертер кој го продава адванс у тетово за 46.000, имаше панасоник 12-ка пке у техномаркет кој чинеше 57.000 и за крај нео инвертер за 24.000 на акција и толку.
Заклучок-солиден инвертер кај нас е минимум 40.000 плус монтажа. Од сите тие тошибата имаше најмал деклариран минимум од 150 вати, пример даикинот е 300 вати, панасоникот 250 вати, а неото дури 600 вати, што по мене е некој показател за квалитетот на целокупната изработка (мотор,софтвер,компресор) и во случаи на благи зими како кај нас, најбитен елемент за штедливост, побитен и од цоп. Можда грешам ама тоа е мојата логика.
 
Член од
1 ноември 2013
Мислења
616
Поени од реакции
529
Ај сега јас да ви кажам нешто давате по 1000 евра за клими и викате дека се многу економични.Па разликата во цена од 250 до 1000 евра нема да ја извадите за 15 години колку и да се економични спрема ова ѓубрето што јас го имам. Значи кај е тој есап што го кажува Vanlok дека за 2-3 години се враќа инвестицијата спрема обична он/оф клима :D
да не стане некоја забуна сватив дека најјаката клима што ја има тука на форумот некој троши приближно 400 вати на саат да одржува некоја си температура на 22 а мојата најѓубре клима ќе потроши 2 пати повеќе значи не се 2-3 него добри 7-8 години ако мислите дека грешам рачунајте и дајте некој ваши проценки
не зборам на памет ниту си ја фалам климата реков дека не е исплатливо да се грејам на неа по не економична е од обична греалка кој мисли спротивно нека даде здрави аргументи не нешто што прочитал на нет
--- надополнето: 24 ноември 2013 во 03:30 ---
Стојам поправен тогаш, можно било и тоа, Нео имал модел од клима која не е толку лоша!
Добро, сега барем имаме информација кој модел им е ОК, па фановите на Нео ќе имаат полесен избор. ;)
по ова се гледа дека имаш многу познавање за климатизери.Ти може да имаш и 9000 мислења ама за овие два дена што сум на форумот што се ми кажа имам мислење дека ништо не знаеш сакаш лути се сакаш не
демократија брат тоа е моето мислење за тебе :P
слободно можеш да делиш совети уште само јас нема да обраќам внимание на нив
--- надополнето: 24 ноември 2013 во 03:31 ---
Стојам поправен тогаш, можно било и тоа, Нео имал модел од клима која не е толку лоша!
Добро, сега барем имаме информација кој модел им е ОК, па фановите на Нео ќе имаат полесен избор. ;)
по ова се гледа дека имаш многу познавање за климатизери.Ти може да имаш и 9000 мислења ама за овие два дена што сум на форумот што се ми кажа имам мислење дека ништо не знаеш сакаш лути се сакаш не
демократија брат тоа е моето мислење за тебе :P
слободно можеш да делиш совети уште само јас нема да обраќам внимание на нив
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Ај сега јас да ви кажам нешто давате по 1000 евра за клими и викате дека се многу економични.Па разликата во цена од 250 до 1000 евра нема да ја извадите за 15 години колку и да се економични спрема ова ѓубрето што јас го имам. Значи кај е тој есап што го кажува Vanlok дека за 2-3 години се враќа инвестицијата спрема обична он/оф клима :D[/MERGETIME]
Хммм немој да мислиш дека случајно се цените од 1000 евра и 250 евра и го плаќаш само брендот.
Како прво климата Нео што ја посочивме е обичен климатизер додека истата верзија Нео во инвертер варијанта е 400 евра што е во ценовна класа на Мидеа и Беко некаде.
Проблем со климата од 250 евра е што не верувам дека истата ќе работи ефективно на температури под нулата и ќе има поголема потрошувачка за разлика од инвертерот. Освен членот Смрт за паркинзи досега скоро никој нема искуство да претера цела зима со обични клими.
Ако ти служи за припомош на веќе грејно тело можеби таква инвестиција е океј барем за температури до нулата, но меѓутоа ако планираш да се грееш на клима тогаш мислам дека нема да бркаш работа освен ако не живееш во Гевгелија или Дојран.
Тоа е првичната причина зошто се купува инвертер клима, барем зошто јас ја купив.
Потоа иди потрошувачката и на крајот бучавоста. Плус да не се лажеме материјалите вградени во Нео се далеку понеквалитетни од материјалите вградени во Тошиба, затоа и векот на траеење ќе биди помал.
Треба да ги земеш сите фактори оа во обзир пред да се решиш како ќе инвестираш од причина што е долгорочно решение.
Инаку еве втора година по ред го користам овој модел на ЛЏ инвертер и засега сум презадоволен од потрошувачката. Најголема сметка за струја што ми дојде беше ланската во Јануари од 3300 ден, со оглед дека просечно плаќам околу 1000-1300 ден. за струја во лето во месеците кога не пуштам климатизер, значи дека климата ми потрошила околу 2000 ден. месечно максимум што е навистина супер потрошувачка според мене.
Да се разбереме дека оптимална температура во собата беше 21-23 степени.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.360
Ај сега јас да ви кажам нешто давате по 1000 евра за клими и викате дека се многу економични.Па разликата во цена од 250 до 1000 евра нема да ја извадите за 15 години колку и да се економични спрема ова ѓубрето што јас го имам. Значи кај е тој есап што го кажува Vanlok дека за 2-3 години се враќа инвестицијата спрема обична он/оф клима :D
Eсапот е пред тебе, ама треба да си писмен за да го прочиташ.

да не стане некоја забуна сватив дека најјаката клима што ја има тука на форумот некој троши приближно 400 вати на саат да одржува некоја си температура на 22 а мојата најѓубре клима ќе потроши 2 пати повеќе значи не се 2-3 него добри 7-8 години ако мислите дека грешам рачунајте и дајте некој ваши проценки

не зборам на памет ниту си ја фалам климата реков дека не е исплатливо да се грејам на неа по не економична е од обична греалка кој мисли спротивно нека даде здрави аргументи не нешто што прочитал на нет
Не само што на памет зборуваш, туку и арогантен си до бесвест во својата глупавост и незнаење. Tвојата најѓубре клима НЕО (како што и сам кажуваш), не е никаков репер за разумна дискусија.
Наместо да замараш, земи едуцирај се малку. Побарај на интернет што е топлотна пумпа и како работи. Потоа врати се тука и признај колку појма немаш за што зборуваш.

На форумов имаш еден куп луѓе што се греат со клими, дури и ти напишаа точни пресметки, колку киловат часови струја е потрошувачката и колку пари месечно се сметките. Зошто мислиш дека некој сега ќе паѓа во несвест да те убедува тебе, не ми е јасно.

Ова што го пишувам е за сите други што ќе дојдат некогаш на темава да се информираат, па да не се заебат да помислат дека е навистина така како што одвреме навреме ќе се излетаат вакви игнорамуси како тебе.

по ова се гледа дека имаш многу познавање за климатизери.Ти може да имаш и 9000 мислења ама за овие два дена што сум на форумот што се ми кажа имам мислење дека ништо не знаеш сакаш лути се сакаш не
демократија брат тоа е моето мислење за тебе :P
слободно можеш да делиш совети уште само јас нема да обраќам внимание на нив
Хехе, види вака... не е проблем колку Јас знам. Знам колку што знам, но уште поважно, знам колку не знам.
Проблемот со тебе, не е што ништо не знаеш, туку што не знаеш дека не знаеш, а сакаш нас да не учиш.
Тоа што не знаеш, а доаѓаш да солиш ум на место каде што има луѓе што понешто и знаат... зборува многу за тебе.

Ајт со среќа да си се грееш на панелка, и уживај, остај не тука нас глупавите да „фрламе„ пари на скапи клими. (y)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom