Ок, еве според тебе....ќе избегаме малку офф топик, али ќе биде во контекст на темата.
Дали Господ знае се? Ако знае се, дали тој истиот знаел дека Ева ќе го натера Адам да згреши? И ако знаел, дали тогаш Ева немала волја да напраи поинаку? Дали тоа го прави Господ највеќе крив бидејќи он знаел што ќе се случи (Ева немала слободна волја) а притоа ја казнил Ева, која воедно е негова креација. Зарем не е Бог најгрешниот тука што дозволил да се случи тоа?
Доколку Бог не знаел, тогаш Бог не знае се и библијата лаже што укажува на тоа дека ако постои барем една лага во библијата, тогаш постои можност да има и повеќе лаги.
Зошто Ева била само казнета а Адам не кога Адам можел да ја одбие Ева? Ако Ева го завела Адам, змијата ја завела Ева. Зошто Господ не ја казни змијата која е првичниот причинител на оваа беља, наместо да ги казни Адам и Ева?
Да не ја продолжиме дебатава во религиозна дискусија, што никој не би сакал тука...да продолжиме со аргументов...
Добро, ама ако она треба да се заколне на вечна љубов кон него, истото важи и за него. Од друга страна, библиски гледано, доколку мажот имал секс со некоја друга пред неговата жена, он ја завел нејзе на грев а потоа ја оставил "скината". Зарем Бог не треба да го казни него како што ја казнил Ева тогаш, со болки и слично? Он и ја одземал невиноста, зошто би било тоа морално оправдано?
И баш, се надевам дека тролаш и дека не си озбилен