Ева е таа што се огрешила спрема Бог,односно пробала/го натерала Адам да вкуси од забранетото овошје,значи ЖЕНСКОТО а не МАШКОТО е тоа што се огрешило спрема Бог иако била/биле предупредени да не го прават тоа.Како што е познато Бог тогаш им вели дека како вид на казна ќе им ги зголеми маките при породување,треба да му биде поттчинета на мажот и така натаму.. пак ќе повторам ова е мој и само мој став и размислување,а и многу други го имаат.Според ова мислам дека машкото го има тоа право што жената го нема да прави што сака со својата невиност,и она го имала тоа МОРАЛНО ПРАВО да прави што сака ама згрешила.
Ок, еве според тебе....ќе избегаме малку офф топик, али ќе биде во контекст на темата.
Дали Господ знае се? Ако знае се, дали тој истиот знаел дека Ева ќе го натера Адам да згреши? И ако знаел, дали тогаш Ева немала волја да напраи поинаку? Дали тоа го прави Господ највеќе крив бидејќи он знаел што ќе се случи (Ева немала слободна волја) а притоа ја казнил Ева, која воедно е негова креација. Зарем не е Бог најгрешниот тука што дозволил да се случи тоа?
Доколку Бог не знаел, тогаш Бог не знае се и библијата лаже што укажува на тоа дека ако постои барем една лага во библијата, тогаш постои можност да има и повеќе лаги.
Зошто Ева била само казнета а Адам не кога Адам можел да ја одбие Ева? Ако Ева го завела Адам, змијата ја завела Ева. Зошто Господ не ја казни змијата која е првичниот причинител на оваа беља, наместо да ги казни Адам и Ева?
Да не ја продолжиме дебатава во религиозна дискусија, што никој не би сакал тука...да продолжиме со аргументов...
И сега го има,нели правото на слобода,ама го нема она МОРАЛНО ПРАВО да го прави тоа,мислам дека ако е тоа таква љубов меѓу едно машко и женско таа треба да ја сочува нејзината невиност за него како еден вид ајде глупо да се изразам ''физички доказ'' за таа љубов,иако не сакав ова да го кажем ајде нека биде.. женското со губењето на невиноста се обележува цел живот,засекогаш,сеа овде одма ќе узрипаат овие ПА ИМА ПЛАСТИЧНА ХИРУРГИЈА,да ама не е тоа тоа.. може 170 милиони пати да се сожие хименот ама еднаш кога ќе се скине тоа е обележување,исто како оние што ги горат на бутовите кравите и коњите не знам точно како се вика тоа,жигосување ако не се лажам,така и ова.Очекувам сеа да ме нападнат овие Синдикатов на искинати
Добро, ама ако она треба да се заколне на вечна љубов кон него, истото важи и за него. Од друга страна, библиски гледано, доколку мажот имал секс со некоја друга пред неговата жена, он ја завел нејзе на грев а потоа ја оставил "скината". Зарем Бог не треба да го казни него како што ја казнил Ева тогаш, со болки и слично? Он и ја одземал невиноста, зошто би било тоа морално оправдано?
И баш, се надевам дека тролаш и дека не си озбилен