Овај Skrill е ужас невиден. Се правев како што треба, побарав верификација на адреса и писмото (наводно) го пуштија 23.11., но се уште не е пристигнато. Потоа пуштив и скенирана лична карта и скенирани документи од банка, од девизната сметка и пак ништо. Пракам меилови и пак ништо. Потоа прочитав на нивната страна дека верификација е потребна ако сакаш да ти се зголеми лимитот, а бидејќи мене лимитот ми е доволен реков да пробам со 100 долари да тестирам. Еланце уредно за 2 саати ги пушти на Скрилл, и кога сакам да ги повлечам бара верификација на идентитет. Пратив пак маил и порака на нивната страна на ФБ, па се надевам ќе се среди. На нивната страна на ФБ читав многу, многу жалби и поплаки, кои ги има се повеќе во последно време, и се жалат луѓе кои го користат со години, ама проблеми се јавувувале во последниве месеци. А и некаде прочитав дека е пред банкрот. И битна информација е дека скрилл на 100 долари ќе ми земе 4,6 долари, ќе можам да повлечам само 95 долари. Да ги земем тие 100 и повеќе никогаш нема да го користам и воопшто не го препорачувам.