Да споделам еден пост што одамна го имав пишано кај мене на блог, а во моментов е офлајн и не може да се пристапи до него. Плус објаснување за
zoki_com и другите заинтересирани од темата „
Врски за вработување - ваше мислење“.
фриленсер sto e ova ?? I ova e rabota prelu internet aj objasni podobro za da svatime
Што е фриленсинг?
Фриленсинг е една од најдобрите методи на заработување на интернет. Зависи исклучиво од вештините, способностите и искуството на поединечни личности, односни фриленсери. Фриленс начинот на работа подразбира самостојна работа со клиентите, без точно определено временско време.
Кој е фриленсер?
Фриленсер е самовработен работник. Личност која не е поврзана само со еден работодавач и истовремено може да работи за повеќе луѓе. Во зависност од интересите и занимањето фриленсерот, тој/таа избира проекти за одредена компанија и се обврзува работата да ја заврши во дадениот рок. Штом ја заврши работата – добива плата за завршената работа и преминува на друг проект.
Вовед во фриленсинг
Со оглед на тоа дека повеќето фирми кај нас бараат работници со веќе работно искуство, а вие само што имате завршено факултет и тешко е да најдете работа. Можеби, единствено решение е да почнете да работите како фриленсер, со што ќе стекнете искуство и потоа можност за да се вработите во некоја од нашите компании. Инаку, како фриленсер можете да работите и доколку имате веќе постојана работа, вишок на слободно време и желба за поголема заработка.
Фриленсинг – концепт на работа
Фриленсинг работата не е ограничена само на работници, туку е подеднакво корисен и за работодавачите. Работодавачите (особено start-up компаниите) во можност да пронајдат квалитетен кадар без долгорочни договори и по многу поволна цена, се одлучуваат да објавуваат огласи за part-time работа.
Плаќањето на работата зависи од договорот и онлајн заедницата за која работи фриленсерот. Фриленсерот може да го договори плаќањето дали ќе работи од саат, на дневница или фиксна цена која ќе му биде платена по завршувањето на проектот. Но, најчесто се применува начинот на плаќање од саат.
Некои од работите со кои фриленсерите најчесто се занимаваат се: програмирање, веб дизајн, графички дизајн, преведување, новинарство, консалтинг, уредување и вметнување на текстови, видео продукција и сл.
Предности на фриленсингот
Покрај веќе споменатите работи, важно е да се напомени и дека како фриленсер Вие сте сам свој газда. Значи, работите на колку сакате работи, сами си го одредувате времето во кое ќе работите и колку ќе работите, и никој не може да ви забрани да пиете и јадете на „работното место“. Единствено што се очекува од вас е да ги почитувате дадените рокови и успешно да си ја вршите работата.
Доколку се занимавате со веб програмирање, искористете го Вашето знаење и заработите со работење на различни веб проекти. Доколку сте економист – можете да работите на проекто од областа на маркетингот и сл. Но, никој не ве спречува да работите и на проекти од повеќе области, како на пример WordPress развој и маркетинг на друштвените мрежи.
Постои голем број на онлајн заедници преку кои можете да ја започнете Вашата кариера, а мој предлог за почеток е oDesk.com.