Фриленсер (Freelancer)

Брзии

Бело сунце, Бело небо, иди даље бог те јебо!
Член од
15 јануари 2012
Мислења
1.026
Поени од реакции
481
Мора ли да си полнолетен за оваа работа? :D Се разбирам барем нешто у GFX :)
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Да споделам еден пост што одамна го имав пишано кај мене на блог, а во моментов е офлајн и не може да се пристапи до него. Плус објаснување за zoki_com и другите заинтересирани од темата „Врски за вработување - ваше мислење“.

фриленсер sto e ova ?? I ova e rabota prelu internet aj objasni podobro za da svatime
Што е фриленсинг?
Фриленсинг е една од најдобрите методи на заработување на интернет. Зависи исклучиво од вештините, способностите и искуството на поединечни личности, односни фриленсери. Фриленс начинот на работа подразбира самостојна работа со клиентите, без точно определено временско време.

Кој е фриленсер?
Фриленсер е самовработен работник. Личност која не е поврзана само со еден работодавач и истовремено може да работи за повеќе луѓе. Во зависност од интересите и занимањето фриленсерот, тој/таа избира проекти за одредена компанија и се обврзува работата да ја заврши во дадениот рок. Штом ја заврши работата – добива плата за завршената работа и преминува на друг проект.


Вовед во фриленсинг
Со оглед на тоа дека повеќето фирми кај нас бараат работници со веќе работно искуство, а вие само што имате завршено факултет и тешко е да најдете работа. Можеби, единствено решение е да почнете да работите како фриленсер, со што ќе стекнете искуство и потоа можност за да се вработите во некоја од нашите компании. Инаку, како фриленсер можете да работите и доколку имате веќе постојана работа, вишок на слободно време и желба за поголема заработка.

Фриленсинг – концепт на работа
Фриленсинг работата не е ограничена само на работници, туку е подеднакво корисен и за работодавачите. Работодавачите (особено start-up компаниите) во можност да пронајдат квалитетен кадар без долгорочни договори и по многу поволна цена, се одлучуваат да објавуваат огласи за part-time работа.

Плаќањето на работата зависи од договорот и онлајн заедницата за која работи фриленсерот. Фриленсерот може да го договори плаќањето дали ќе работи од саат, на дневница или фиксна цена која ќе му биде платена по завршувањето на проектот. Но, најчесто се применува начинот на плаќање од саат.

Некои од работите со кои фриленсерите најчесто се занимаваат се: програмирање, веб дизајн, графички дизајн, преведување, новинарство, консалтинг, уредување и вметнување на текстови, видео продукција и сл.

Предности на фриленсингот
Покрај веќе споменатите работи, важно е да се напомени и дека како фриленсер Вие сте сам свој газда. Значи, работите на колку сакате работи, сами си го одредувате времето во кое ќе работите и колку ќе работите, и никој не може да ви забрани да пиете и јадете на „работното место“. Единствено што се очекува од вас е да ги почитувате дадените рокови и успешно да си ја вршите работата.


Доколку се занимавате со веб програмирање, искористете го Вашето знаење и заработите со работење на различни веб проекти. Доколку сте економист – можете да работите на проекто од областа на маркетингот и сл. Но, никој не ве спречува да работите и на проекти од повеќе области, како на пример WordPress развој и маркетинг на друштвените мрежи.

Постои голем број на онлајн заедници преку кои можете да ја започнете Вашата кариера, а мој предлог за почеток е oDesk.com.
 

Брзии

Бело сунце, Бело небо, иди даље бог те јебо!
Член од
15 јануари 2012
Мислења
1.026
Поени од реакции
481
Има ли некој овде што воопшто заработува од веб, графички дизајн или слично? Јас лично заработувам преку oDesk и Elance, не е многу тешко да започнеш а и 100-200 евра месечно плус и не е мала пара од работа која бара околу 5-6 сати неделно (барем за мене).
Провери ПП ти пишав!
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.882
Поени од реакции
6.942
Има ли некој овде што воопшто заработува од веб, графички дизајн или слично? Јас лично заработувам преку oDesk и Elance, не е многу тешко да започнеш а и 100-200 евра месечно плус и не е мала пара од работа која бара околу 5-6 сати неделно (барем за мене).
А на овие страни да не треба нешто да платиш за да се регистрираш или да ги полагаш тие тестови? Пробав едно време на freelancer.com таму стварно има за се и сешто ама ептен глупо ми падна прво, што за да полагаш од тие тестовите за да си го подобриш профилот, портфолиото, требаше да платиш, а друго што фаќањето работа оди по принцип на лицитација т.е. кој понуди најдобра понуда во смисла, најкратко време и најефтина цена, тој има најголеми шанси да ја добие работата...мислам за почетник таму нема место. А понудиш нешто реално, со време и пари, се ќе се најди некој индиец да понуди двојно и тројно подобра понуда...:facepalm: се откажав од таа страна.

Моментално сум активен на 99designs.com. Е ваму ептен ми се допаѓа како функционира сето тоа. Си има натпревари каде купецот/нарачателот си кажува што точно сака и секој може да учествува со свој дизајн. Било тоа да е флаер, веб страна, лого, амбалажа и сл. Мене најинтересно ми е дизајнирањето на логоата. Преку тоа го учам и Илустратор ;). Често и самата страна ја гарантира исплатата, поради тоа што за купецот воопшто да побара/отвори натпревар тој прво им плаќа на 99designs па тек после се објавува натпреварот. Али јас сум уште почетник и досега немам на ниеден натпревар победено (10 учества). Само на еден влегов во финале, ама без успех ;)

Ми се допаѓа дизајнирањето, само бара време, да ги усовршиш сетилата, софтверот и техниките на модерниот дизајн кој денес се бара.

http://99designs.com/users/949354
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Таков тип на конкурси имаш и на freelancer.com. Инаку на oDesk не се плаќаат тестовите и мислам дека моментално е најголем центар за работа со најдобро регулиран начин на исплати.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.882
Поени од реакции
6.942
Јас некако залетав на Elance иако во прв поглед кога се регистрирав Odesk ми изгледаше подобар...е сега, во преговори сум со еден за пишување статии на неговиот блог, ама проектов беше fixed price, па откога испратив понуда видов тука некои предупредувања дека наводно таквите не исплаќале. Арно ама во проектов пишува
Ваљда со ова гарантираат исплата, а?
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
ко шо глеам се врти муабет само за фриленсинг, а таква тема има
спојка
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Јас некако залетав на Elance иако во прв поглед кога се регистрирав Odesk ми изгледаше подобар...е сега, во преговори сум со еден за пишување статии на неговиот блог, ама проектов беше fixed price, па откога испратив понуда видов тука некои предупредувања дека наводно таквите не исплаќале. Арно ама во проектов пишува
Ваљда со ова гарантираат исплата, а?
Не значи дека не исплаќа ако е со фиксна цена. Впрочем ако правиш долгорочен договор и ако фрлиш во вода 1-2 часа работа не е страшно, но постојано внимавај да не ти направи големо заостанување со исплатите. Нормално претходно провери му ги рејтинзите, колку пари исплатил до сега, коментари и сл.

Од лично искуство знам дека нема никаква гаранција. Клиентот секогаш може да не го прифати испорачаното на ибло кој сервис, а до сега сите конфликти (за среќа малку) кои сум ги процесирал преку сервисот ги добиле клиентите. Нормално е да се на нивна страна, они им носат пари ... и секако нормално е дека поради то го напуштив Freelancer :)
 

#LakersMK

iChangeWorlds
Член од
31 јули 2008
Мислења
1.326
Поени од реакции
250
Дали го пријавувате во ујп приходот што го остварувате?
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
7
Поени од реакции
0
Здраво на сите,

Ќе ве замолам некој да ми објасни како да ги повлечам парите од Elance? Секаде слушав дека еден од начините е дирекно повлекување на девизна сметка, па денес ја отворив. Го верифицирав тел број, и се отвори Account List за да пополнам инфо за банката, ама јас појма немам. Читав за провизии и ништо не ми е јасно. Вика -

  • Withdraw in your local currency or US dollars. If you opt for local currency, Elance will convert your funds at wholesale foreign exchange rates and then send them directly to your account through our global banking platform.
  • Costs:
    • Each Elance account is allowed one free Local Currency wire transfer per calendar month. Any additional Local Currency wire transfer withdrawal within one calendar month will be charged a $5.00 processing fee, which will be deducted from your available balance prior to the wire transfer. The $5.00 Wire Transfer Processing Fee will be displayed on your Transaction History as a separate line item.
    • Each US Dollar wire transfer will be charged $25 per transfer, which will be deducted from your available balance prior to the wire transfer. The $25.00 Wire Transfer Processing Fee will be displayed on your Transaction History as a separate line item
  • Е сега како што разбирам јас, ако ги повлекувам во Локална валута, се наплаќа 5 долари провизија, ако е во УС долари се наплаќа 25 долари провизија. Прашањето е дали да одвберам Локална или УСА долари и дали на девизна може да стига прилив во денари?
  • Што да пополнам овде (на сликата) ако е некој расположен да ми објасни?
 

Attachments

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
@etaKate
Отвори си skrill акаунт, и таму врзи ја девизната сметка. Префлрање од elance на skrill е бесплатно, а од skrill на девизната сметка е многу поефтино отколку да плаќаш провизија на elance.

Skril

  • Electronically deposit your withdrawal directly to your Skrill account.
  • No minimum withdrawal amount.
  • Free to use.
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
@etaKate
Отвори си skrill акаунт, и таму врзи ја девизната сметка. Префлрање од elance на skrill е бесплатно, а од skrill на девизната сметка е многу поефтино отколку да плаќаш провизија на elance.

Skril

  • Electronically deposit your withdrawal directly to your Skrill account.
  • No minimum withdrawal amount.
  • Free to use.
како да се отвори скрил акаунт? што е се’ потребно....... сите ситници ако може
 

Kajgana Shop

На врв Bottom