Пред некое време имав силна вртоглавица, се матно ми се гледаше , ми зуеа многу ушите и за малку во несвест ќе паднев ако не леганв , мајка ми ми го измери притисокот едвај зошто беше слаб пулсот и ми беше низок ама не многу , после отидовме на лекар докторот рече дека притисокот ми е нормален, направив детална крвна слика се беше ок. После тоа неколку месеци се беше добро за после пак одеднаш да ми се случи истото ама овој пат бев на факултет, чекав ред на студенски и бидејќи имаше многу гужва и беше загушливо си се тешев дека ради тоа , не знам стварно од што ми е , по нет читам дека тоа се симтоми на низок притсок посебно зуење на уши. А да и многу спијам , некогаш да можам цел ден би го отспала и никогаш не пијам кафе. Моиве ми викаат дека ради тоа што не внесувам кофеин ич може да ми се случува ова.
Не само зуење на уши и вртоглавици, мачнина, немаш концентрација (бар кај мене е вака, не можам да се фокусирам), малаксаност и тн.
Немаш зошто да се секираш, не е нешто многу страшно, освен тие вртоглавиците најлошо што може да ти се случи е да се струполиш негде. Плус, тебе ти се случува повремено, јас веќе трет ден сум ко пијана, ми паѓа на моменти до 70/55 па жива сум.
Прочитај си ја темава, имаш корисни совети како и што да правиш кога ќе осетиш дека ти паѓа притисокот. Кај сите нормално е да варира, лошо е кога ќе го осетиш тоа.
Пиј мнооогу течности, до што стигнеш, вода, цедевита, витамински пијалоци. Кока кола кога ќе се осетиш дека се губиш. На многу низок притисок, солта го покачува притисокот ептен брзо. Јади повеќе солено. Регулирај си јадење, грицкај по нешто низ денот, не се оставај гладна. Кафе ако ептен мораш, али има краткотраен ефект ко што прочитав. Благо исто, имај по некое чоколадо во ташна за секој случај. Повеќе движење, или некоја физичка активност.
Ако се осетиш дека ти се врти, седнувај негде, легни, фати се за нешто, да не се струполиш и да паднеш негде.
И не му се секирај многу, ако те мавне на психа, па се на тоа да мислиш, си се зафркнала.
