Субрата Рој ќе гради Лас Вегас во Македонија

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.998
две илјади и триста години подоцна...

 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Овој изгледа дека е од калибар на Моше Баум,го памтите еврејот нели..само од поголеми размери.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
http://www.forbes.com/india-billionaires/#page:1_sort:0_direction:asc_search:

Повеќе пари и капитал имаат 10 најбогати македонци од колку Субрата, го нема ни во 100те најбогати Индијци

а овде го рекламираат како чоек кој на својот грб ја носи Индија (и уше неколку земји)
 

mackomk

...Chichino...
Член од
23 јуни 2007
Мислења
318
Поени од реакции
72
http://www.forbes.com/india-billionaires/#page:1_sort:0_direction:asc_search:

Повеќе пари и капитал имаат 10 најбогати македонци од колку Субрата, го нема ни во 100те најбогати Индијци

а овде го рекламираат како чоек кој на својот грб ја носи Индија (и уше неколку земји)
Субрата Рој за 27 милиони фунти ја купи куќата во Виндзор

11.11.2013 | 11:31​
Прочитано: 1684​

Компанијата на индискиот милијардер Субрата Рој за 27 милиони фунти ја купи куќата во Виндзор, во која се снимаше познатиот хорор филм „Дракула“. во интервју за „Тајмс оф Индија“.

Бизнисменот Рој појаснува дека замокот поседува 120 соби, вклучувајќи 11 луксузни апартмани, како и дополнителни објекти за состаноци и конференции и ќе служи како седиште на компанијата во Велика Британија.

Имотот се протега на 40 хектари земја и претставува една од најлегендарните готски градби во Обединетото кралство -изјавил Рој.

Сахара груп веќе има имот во Велика Британија.

Во нејзина сопственост е хотелот „Гросвенор хаус“ кој вреди 470 милиони фунти.

(24 vesti)
Сахара груп, компанијата на Субрата Рој од салонот на Порше во Скопје го купи најскапиот автомобил во Македонија, објавува утрешното издание на дневниот весник Вест.

Според информациите на весникот, за автомобилот марка „бентли“, биле платени половина милион евра.
Во него се очекува да се вози сопственикот на Сахара Груп, индискиот бизнисмен Субрата Рој.
Најверојатно станува збор за луксузниот и моќен автомобил „бентли мулсан“ (Bentley MULSANNE) кој пред само неколку дена пристигна во салонот на „Порше Македонија“.
По своите беспрекорни перформанси овој модел на „бентли“ може да се спореди со моќноста на авионите, додека по луксузот и удобноста го споредуваат со јахта.
(libertas)
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Субрата Рој за 27 милиони фунти ја купи куќата во Виндзор






Според информациите на весникот, за автомобилот марка „бентли“, биле платени половина милион евра.
Во Индија, самиот Субрата пред суд и СЕБИ даде отчет за своето “богарство“ Тоа беше бешто над 900.000 долари. (деветсто иљади) На Субрата му е забрането да ја напушта Индија, се додека неговата компанија не му врати на акционерите околу 4.000.000.000 долари (четри милијарди долари. Дури тогаш ќе може одве да инвестира 220 милиони евра во Охридско, и уше некоја десетина милиони ваму таму по крави, казина, можи и некоја тезга да отвори за текстиол (евтини индиски чорапи и гаќи)
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Субрата Рој - made in Macedonia.Од кај знајш, можда Сашо му е името.
 

mackomk

...Chichino...
Член од
23 јуни 2007
Мислења
318
Поени од реакции
72
Во Индија, самиот Субрата пред суд и СЕБИ даде отчет за своето “богарство“ Тоа беше бешто над 900.000 долари. (деветсто иљади) На Субрата му е забрането да ја напушта Индија, се додека неговата компанија не му врати на акционерите околу 4.000.000.000 долари (четри милијарди долари. Дури тогаш ќе може одве да инвестира 220 милиони евра во Охридско, и уше некоја десетина милиони ваму таму по крави, казина, можи и некоја тезга да отвори за текстиол (евтини индиски чорапи и гаќи)
Баш ме интересира ако е шворц како ги купува сите тие ствари. Земи пример од нашиве политичари, на анкетен лист сите бедотија, станче 50м2, кола на кредит и толку, а у реалност сосем друго. А околу забраната да ја напушта индија:
The Supreme Court today allowed Sahara Chief Subrata Roy and two other directors to travel abroad, but said if the property title deeds worth 20,000 crore are not submitted to Securities and Exchange Board of India (Sebi) in three weeks Mr Roy has to come back to India.

Sahara Group had filed an application seeking to rectify the alleged error in the order which barred group's head Subrata Roy and its two directors from going abroad till they submit original title deeds of their assets worth Rs. 20,000 crore to Sebi to cover investors' money.

The court had by its October 28 order said that Mr Roy and his two directors against whom Sebi has moved a contempt petition will not leave the country till the market regulator has received the original title deeds and also examined them to its satisfaction and reported it to the court.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Баш ме интересира ако е шворц како ги купува сите тие ствари. Земи пример од нашиве политичари, на анкетен лист сите бедотија, станче 50м2, кола на кредит и толку, а у реалност сосем друго. А околу забраната да ја напушта индија:

Тоа го интересира и судот во Индија
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.097
Поени од реакции
9.407
Баш ме интересира ако е шворц како ги купува сите тие ствари. Земи пример од нашиве политичари, на анкетен лист сите бедотија, станче 50м2, кола на кредит и толку, а у реалност сосем друго.
Ако е така, баш и не ми ја зголемува довербата во неговите искрени намери.
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Такви луксузи не се прават без пари.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
И Груевски веќе не е сигурен во инвестициите на Субрата

Премиерот Груевски вчера рече дека тие никогаш не рекле дека Субрата Рој ќе инвестира во Македонија, туку оти тој кажал, но архивите на медиумите од минатите месеци покажуваат дека токму власта се фалеше со инвестициите на контроверзниот индиски бизнисмен.



Сопственикот на Сахара групацијата Субрата Рој и премиерот на Македонија Никола Груевски на отворањето на Балканскиот мировен фестивал во Скопје на 1 октомври 2013 година.



Ретерира ли владата од најавените инвестиции на контроверзниот индиски бизнисмен Субрата Рој, откако тамошните власти му го замрзнаа целиот имот и му забранија да на напушта земјата?
Покажува дека е можно бракот од интерес меѓу Груевски и Субрата Рој некаде да не профункционирал.
Здравко Савески, универзитетски професор.


По вчерашната изјава на премиерот Никола Груевски дека владата никогаш не рекла дека Рој ќе инвестира во Македонија, туку оти тој рекол така, универзитетскиот професор Здравко Савески вели дека очигледно се случуваат некои работи за кои јавноста нема информации.
За нас е најважно што сè оди според планираното во делот на реализација на проектите што Сахара груп ги има во Македонија.
Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии(29.10.2013)

„Покажува дека е можно бракот од интерес меѓу Груевски и Субрата Рој некаде да не профункционирал. Во секој случај, ако сепак не испадне ништо, а имајќи предвид колку јавноста негативно реагираше и се сомнева дека преку инвестициите на Субрата Рој ќе има перење на државни пари, во секој случај поволен развој на настаните е ако настанал одреден судир помеѓу интересите на владата на ВМРО-ДПМНЕ и Субрата Рој“, вели Савески.


Премиерот Груевски на вчерашната седница за пратенички прашања рече дека времето ќе покаже дали Субрата Рој ќе инвестира во Македонија.

„Ние не сме рекле ниту дека ќе инвестира, ниту дека нема да инвестира. Ние сме кажале дека компанијата покажа интерес, а самиот сопственик на компанијата, јавно, во интервјуа кажа кој е неговиот интерес“, рече вчера Груевски.
Проектот на Сахара груп за инвестирање во македонското земјоделство и посебно во млекопроизводството од денес станува реалност.
Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии(27.08.2013)

Сепак, архивите на медиумите даваат и еден поинаков поглед. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески минатиот месец изјави дека инвестицијата на компанијата Сахара Груп на Субрата Рој оди според планираното.


„За нас е најважно што сè оди според планираното во делот на реализација на проектите што Сахара груп ги има во Македонија во делот на Џумајлија каде што имаат купено земјиште и каде што веќе се одвиваат одредени инвестициски и други активности и таму има стриктни рокови до кога треба да се заврши. Сè оди според планираното во тој дел и тоа е она што го следиме“, рече минатиот месец Ставрески.
Инвестицијата е голема сама по себе, стотици милиони евра ќе бидат инвестирани за да се изградат сите објекти во тој комплекс.
Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии(12.07.2013)

Пред неколку месеци, откако свечено ја изора првата бразда во пропаднатиот агрокомбинат Џумајлија што го купи контроверзниот индиски бизнисмен, Ставрески рече дека оваа инвестиција ќе претставува препород за Овчеполието.

„Проектот на Сахара груп за инвестирање во македонското земјоделство и посебно во млекопроизводството од денес станува реалност. Тоа е најголемиот проект, најголемата инвестиција во македонското земјоделство во последните 25 години“, рече Ставрески на 27 август годинава.

Во интервју за телевизија Сител летоска, најавувајќи ја инвестицијата на Субрата Рој во Љубаништа, Ставрески рече дека тој проект ќе донесе многу туристи во Охрид.

„Инвестицијата е голема сама по себе, стотици милиони евра ќе бидат инвестирани за да се изградат сите објекти во тој комплекс, меѓутоа поважно е што ќе донесе туристи од целиот свет, ќе отвори работни места за населението во Охрид, но и пошироко во овој регион, ќе помогне за развој на малото стопанство во Охрид, на сите овие субјекти коишто ќе соработуваат со комплексот во Љубаништа, така што верувам дека ќе има повеќекратни позитивни ефекти“, рече Ставрески на 12 јули годинава.

Истражувањето на јавното мислење, пак, што го изработи агенцијата Рејтинг по нарачка на неделникот Фокус пред неполни три месеци, покажува дека 60 отсто од испитаниците не веруваат дека проектите на Рој ќе се остварат, а само 6 отсто од граѓаните целосно веруваат во тоа дека најавените инвестиции на Субрата Рој се реални.
http://www.slobodnaevropa.mk/content/article/25184222.html
Кој е полуд се прашувам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom