Регистар на педофили за поголема заштита на децата

  • Креатор на темата Креатор на темата Hank Moody
  • Време на започнување Време на започнување
Барем во ова се надевам ќе се воведе некаков ред. Требаше порано уште ова. Ама то е... Заостанат балкански менталитет.
 
Барем во ова се надевам ќе се воведе некаков ред. Требаше порано уште ова. Ама то е... Заостанат балкански менталитет.

Важно е дека сега го имаме. Стравот од казната би требало да допринесе за редот. Ако стравот не успее - цел живот позади решетки и/или хемиска кастрација.

Нема простор за негативитет. Ова е значаен и огромен чекор напред :)
 
во ред е што се уведени строго казни, но мора да се поработи на законската регулатива а и квалитетот на истражното дејство. Имаше мислења кои можеби и држи, дека постои дубиоза околу годините на жртвата а и на починителот. Се постави дилемата дали се битни годините или физичката и психичката зрелост на жртвата. Имаше тврдење дека и малолетник може да биде осуден како педофил ако има 5 години повеќе од жртвата (претпоставувам да има над 14г). Б.Т.В., се сеќавам уште пред 25-35години,во СФРЈ, еден 14г малолетник,со крупна граѓа, сексуално искористи машко дете од 4 години (немаше во медиумите за последиците на детето). Бидејќи немаше над 14г, мува не го лазеше, ниту поправен дом, само одеше во амбуланта Млин Балкан на советувалиште кај психолог. Како и да е, проблематиката е деликатна, бидејќи законот вели сексуален однос, не силување. А има малолетници од 13г кој без легитимирање делуваат дека имаат 17г, а има и обратно. Во мало има психофизички потполно здрава и нормална девојка со 23г а ситна физичка градба, како 10 - 11г девојчиња. Има и трето, кај една етничка заедница има доста случаи на млади бегалки, па и под 14г кој живеат со момчињата кој се најчесто барем 5-6г постари, значи потпаѓаат под законот... И да потсетам на вкоренетите лаички убедувања дека педофил може да биде само маж и тоа да е над 35 -40 години, а полнолетна жена која има односи со млади малолетници е позитивен лик, еден вид учителка. Тука е и познатиот случај од Германија, каде учителката која имаше односи со својот 13г ученик, беше осудена и по втор пат, сега построго, лежи, ама во мегувреме е бремена, па баш ме интересира како ќе биде со затворската казна кога ќе се породи.
А да напоменам и на злоупотреби, неодамно во Хрватска имаше случај каде беше осуден маж наводно поради злоупотреба (пипкања) на ќерката на неговата пријателка, а а таа веднаш по неговото испраќање во затвор се усели во неговиот приватен стан!!. Можеби по 6-7 години девојчето ќе ја каже правата вистина , но дотогаш овој ќе си лежи..
 
Како сега ова, јас колку што знам мора да има докази за да осудат обвинет. За пипкање (не знам како ќе го докажат, ама да кажеме дека имало полнолетен сведок) би иделе некои условни казни или така нешто... И врз која основа е запленет стан, поточно приватен имот.

Јас сум за нула толеранција кон педофилите, но ако така лесно може лажно да се обвини некој, тогаш ни тоа не е во ред.
 
за разлика од кај нас, во хрватските медиуми се многу позастапени написи со коментирање на судски одлуки, закони и слично...кај нас се пишува само ако опозицијата или некој друг има некаков интерес.... Но убаво се сеќавам на случаи каде наводната жртва, кога ќе порасне, ќе го демантира исказот кој бил даден под притисок на родителите. Пред 4-5 години имаше случај во босанско село , каде 16 девојка спиела во иста соба со своите помали браќа (12 и 14г). Таа останала бремена и родителите веднаш набедиле некој чичко, но бргу се открила вистината, дека всушност таа вршела родоскрнување со своите браќа.
Но сепак кај нас , барем како го схватив тоа што е во медиумите, околу новите повисоки казни се наведува полов напад... е сега дали тоа значи само извршен сексуален чин незнам. Но во законите нема прецизни дефиниции ... дури можно е жртвата да има сексуални односи со други лица но тие лица да не се предмет на истрагата и казнување а потоа само некое лице да биде. Првиот осуден педофил, англичанец, турист во Тајланд, осуден е поради однос со малолетна проститутка. Тогаш пишуваше во медиумите дека проститутката ( која имал стаж и доста клиенти) другиот ден по односот, го пријавила клиентот бидејќи и наликувал на нејзиниот татко...
А пример за злоупотреба кај нас беше случајо со професорот во една гимназија, Драчево ли беше не се сеќавам...таму се работеше за обвинување по однос на злоупотреба на службена должност за сексуално искористување на малолетно лице ( наводните жртви беа над 14г).
Инаку проблематиката околу тзв пипкањата е многу незгодна, посебно за наставниците по физичко и спортските тренери, особено гимнастика а и балетските и танцови училишта. А јас се сеќавам како пред 50-на години, нашата наставничка по физичко во основното училиште стоеше под разбојот додека вежбавме. Бидејќи тогаш се носеа широки спортски дресови можеше сешто да се изнагледа, сакала или не. Но дискутабилно е дека со машките деца треба да работи машки наставник или тренер а со женските женски , тоа се работи од времињата на прикриена и толерирана хомосексуалност, времињата на заеднички машки или женски купатила и тоалети, а за жал тие работи некаде се уште егзистираат. По мене хомосексуалната педофилија ( не само кај машкиот пол) е уште поопасна, а беше со децении раширена и во црквите, сега излегуваат на виделина случаи од католичката црква во УСА, Британија и другде... А се откриваат и случаевите од разните полувојни организации, извидници, скаути и слично; веројатно имало и кај нас такви сличаи, без обзир што жртвите не сакаат да откриваат...
 
Инаку проблематиката околу тзв пипкањата е многу незгодна, посебно за наставниците по физичко и спортските тренери, особено гимнастика а и балетските и танцови училишта...
Императив е дека никој не смее да биде осуден без да биде докажано дека е крив.
Кога се работи за дело без пенетрација, или без никакви ДНК докази, не би требало да се оди на суд со само еден доказ, сведоштво на само еден сведок, туку да се оди на обезбедување на додатни докази.

Денес има многу методи за докажување. Праксата вели дека педофилите го повторуваат делото. Обвинителите во соработка со полицијата имаат многу методи на располагање, обезбедување на видео снимка е крунски доказ кој не остава простор за манипулации. Како што педофилот го повторува делото, а праксата вели дека порано или подоцна секогаш го повторува делото, така извесно е дека ќе се обезбеди видео снимка и се ќе биде чисто во случајот. Да му се уништи животот на некој, во ситуации кога другата страна прави малверзации, е скоро исто толку неприфатливо како и самиот чин на злоставување на деца.

Затоа мислам дека е многу важно работите во законодавството, уште од самиот старт на носење на вакви законски акти, да се стават во права насока.
--- надополнето: 14 ноември 2013 во 13:54 ---
Ех да, заборавив на казнувањето. Еднаш кога така непобитно ќе се докаже дека некој е виновен за педофилија... тогаш и физичка кастрација е сосема соодветна казна.
 
Се согласувам, посебно со делот за казнувањето. Но се јавуваат секакви ЕУ-душегрижници за кои и хемиската кастрација беше проблематична...
Сосем друго прашање е дали хемијата и затворот (досега затворските казни беа релативно благи и оставаа можност пуштениот педофил да го повтори злосторството) ќе завршат работа. Нивната настраност може да биде резултат на повеќе фактори, а не само на сексуалната изопаченост. Ова е едно од ретките злосторства, за кои сметам (ако постојат докази) дека би требало да се воведе смртна казна без можност за помилување.
 
Не се согласувам!

Премногу блага казна е тоа, посебно за повторувачите на педофилски чин. Во тие случаи мојот предлог е, покрај физичката кастрација, ампутација на два екстремитети за секое повторено дело (барам два екстремитети, за да можам да дозволам ценкање до еден екстремитет), (ОК, еден екстремитет е последна понуда, земи или остави).
 
Какво ценкање!!!! нема право на глас и точка.
Кастрација и доживотно у затвор у самица.Бело видело да не видат чудовиштата.
 
Какво ценкање!!!! нема право на глас и точка.
Кастрација и доживотно у затвор у самица.Бело видело да не видат чудовиштата.

И јас сум за казна доживотен затвор на педофили како најсигурна метода за превенција од повторување на делото. Хемиската кастрација е ефективна само ако правилно се спроведува, а постои ризик таа ефективност да се загуби во системот.

Само, јас не би ги ставила во самица. Би ги оставила заедно со другите затвореници, од проста причина што другите воопшто не се благонаклонети спрема педофили и силувачи. ;)
 
Колку си лоша Велветко! :D Ама се согласувам со тебе за ова. ;) Да видат и самите гнаси како е...
 
Овие казни кои сега ги даваат се премногу благи за нив. Тоа што ќе ги стават во затвор и потоа кога ќе излезат тие истите пак повторно ќе го направат истото. Во една работа која јас мислам дека би требало да се воведе а тоа е бесење. Нека направи нешто такво и право на бесилка можеби премногу старомодно и премногу жестоко и уште како да го наречам но таквите типови на луѓе кои сакаат да имаат однос со мали деца плус тоа кога ќе помислиш дека тој ужива во сето тоа и уништува еден живот кој штотуку сеуште не е започнат, да уништиш еден млад живот само заради задоволство тогаш јас би го поставил прашањето дали ти е навистина треба да живеат? Тие се умно болни ти е едноставно треба човек да ги тргне од овој жив свет. Бидејќи тој тоа што ќе го направи = е на убиство. Само можете да замислите каков е животот на едно малечко девојче кое имало однос која е силувана зарем таа понатака како ќе живее? Како ќе ги преброди сите тие трауми? Навистина незнам зошто вакви глупости им текнуваа регистар и што ти знам таму директ на бесилка и чао повеќе не постои тој човек ќе се запише дека бил педофил направил лошо нешто и тоа е тоа. Другите што се такви нема да се осмелат да го направат тоа. Иран како земја ако не се лажам таму ги праќаат на бесилка што според мене така и треба.
 
работата што по мене е деликатна, а можеби и концепциски погрешна, се ЕУ трендовите за демек рано откривање на потенцијални педофили... армија луге земе плата да ги надгледува веб сајтовите со детска порнографија, но не од аспект да го лоцира серверот и лицето кое тоа го поставило на интернет, да ги лоцира лицата кои ги искористувале децата и лицата кои снимале, туку открива кој лица пристапувале на веб страната ( а тоа може да се случи и случајно, постојат и веб диалери и куки фајлови кој го водат ПЦ-то на некоја веб страна..), а во многу држави и се казнуваат лицата за овакви дела- сурфанје на веб страни со детска порнографија.
Парадоксот е што често предвидените казни за овие виртуелни педофили (воаери) се построги од досудуваните казни за реалните злосторници, педофили и родоосрнувачи или силувачи. А парадоксот е и дека им требаше 35години да го откријат Фритзл и дузина такви случаи. Друга работа е што надлежните што работат на ова може лесно и да го злоупотребат. Еве тазе пример што се случи во соседството ...http://www.jutarnji.hr/zbog-ove-fot...-jutarnjeg-pod-sumnjom-na-pedofiliju/1138345/
.. Значи поентата е дали треба човечки ресурси за контрола на ситуацијата на теренот - систематски физички и психолошки прегледи на деца, надгледување на проблематични поединци и семејства, сместување на проблематични лица во соодветни установи или треба да се плаќаат лица кој по службена должност ќе сурфаат на веб страни со детска порнографија. А најчестите и најтешки случаи се случуваат во некој села, често од страна на роднини или соседи, никаков интернет, фејсбук и слично...
б.т.в., ..еве пример на женска педофилка, http://www.plusinfo.mk/vest/114341/Nastavnichka-vo-Slovachka-imala-seks-so-uchenik и се заканува казна, ама само до 12г затвор, јас типувам дека нема да добие повеќе од 4-5 години .. а да беше обратно, учител, ќе се бараше доживотен затвор, кастрација и слично...
.. а еве што има кај нас ( а има и во ЕУ), деца кој раѓаат деца, а никој не проверува татковците врсници ли се или се полнолетни (Педофили).. патем казниво е по закон живеење во див брак со лице под 16г без дозвола на родители
http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=10A960947E17B242987FC247456C8558
 
Смртна казна за злоставување а притоа затворска казна за убиство е исто така нелогичен акт. Ако казнуваш педофилија со смрт ондак треба и други акти кои носат релативно иста или поголема штета да бидат казнети со смртна казна.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom