Регистар на педофили за поголема заштита на децата

  • Креатор на темата Креатор на темата Hank Moody
  • Време на започнување Време на започнување
Ги има и оние кои се осудени и издржуваат казна затвор и оние кои се на слобода. Гледам на некои казната им е истечена 2012, па уште ги има во регистаров.
Инаку во однос на едукација на децата, психологијата има голема улога овде. Мислам дека на децата не им се објаснува директно. Се комуницира, од аспект на тоа дека постои таков и таков човек, кој прави тоа и тоа, тој е опасен. Да не навлегувам во психолошка област, PurplePuma може ако сака подобро да го објасни тој начин на соопштување.
Во однос на одлуката на Уставен, не се согласувам со неа. Регистарот за педофили не е новост и Македонија не е прва и единствена која го воведе. Постои во многу држави во светов. Факт е дека треба да се прецизираат некои работи.
Мене ми е крајно мизерно што педофили ја поднеле инцијативата до Уставен, со кој памет и со кое лице истите се повикуваат дека им е нарушен нивниот интегритет. Регистарот за педофили не им го нарушува интегритетот. Самите со својата постапка си го нарушиле интегритетот и личниот и на своите семејства.
Кај нас казната е 15 год, со можност и за доживотен затвор. Има неколку казни на 15 год досудено. Проблемот е што педофилите се рецидивисти, односно го повторуваат делото, значи на нив социјализацијата не им делува. Мислам дека редно е да почне да се размислува за хемиска кастрација. Меѓутоа тоа е сложен процес, а кај нас ретко се збори за тоа.

Не знам како се едуцираат децата (нели, џандариве нешто ги едуцираа) но единствен начин дете да те разбере е конкретно да му зборуваш, на негово ниво и со за него познати работи.
За се останато немам што да кажам, кажано е се од твоја страна.
 
Не знам да е нешто функционален, а немам ништо против таква база. нека има

Нешто грозно

Во Кочани татко си го силувал четиригодишниот син

Тешки трауми доживувал кочански малолетник под бремето на исполнување на гнасните и искривоколчени сексуални настраности од страна на неговиот татко. Насилникот синоќа е фатен и приведен.
Според пријавата на неговата мајка доставена до кочанската полиција, таткото во повеќе наврати го силувал нивниот четиригодишен син. Не можејќи да ја трпи оваа страшна тортура, 39-годишната мајка, вчеравечер се охрабрила и својот, според неофицијалните информации што ги добивме од најблиските соседи на ова семејство, веќе поранешен сопруг, го пријавила на органите на редот.
Насилникот неколку часа по пријавата не и бил достапен на полицијата. Сепак, по однапред добиени оперативни сознанија, како што ни потврдија во полицијата, истиот синоќа е фатен и приведен. Против приведениот Г.М. за она што го сторил врз неговиот малолетен син, сексуално злоупотребувајќи го неколку пати, ќе следува соодветен поднесок.
Инаку, најновиот педофилски скандал што ја потресе кочанската јавност се случува на неполна недела откако Уставниот суд на Македонија, укина три члена од Законот со кој се регулираше начинот на јавна објава на идентитетот на регистрираните педофили.


...ова и двајцата родители биле луди.
 
Блесава работа е регистаров. Не го крева нивото на заштита на децата, а се останато е небитно, во поглед на функцијата.

Треба казни, треба бесилки за вакви, не регистри.
 
Смртна казна за педофилите!
--- надополнето: 17 мај 2013 во 21:29 ---
Регистарот е само маска на власта дека еве демек ние правиме нешто. Во тој регистар со имиња и слики, има и фаци кои не се педофили, луѓе на кои само им е оцрнето името. Лично познавам еден таков кој е осуден за педофилија, само затоа што немал пари да си плати адвокат.
А за вистинските педофили, кажав и погоре и пак ќе кажам. СМРТНА КАЗНА!
Децата се светост и секој кој што ќе направи вакво злодело да биде погубен без размислување.
 
Вчера во 15.50 часот на улицата Соле Стојче во скопската населба Карпош 4 педофил нападнал 4 девојчиња на возраст од 7 до 8 години.

Настанот се случил додека девојчињата играле пред влезот од зградата каде дошло непознато лице со откочани панталони и повлекло за рака едно од девојчињата.
Малолетничките потоа викнале помош и се разбегале по што од страна на родителите е повикана полицијата која тргнала во потрага по напаѓачот, потврдиле за Сител од МВР.
За случајот свои изјави по полициската станица во Карпош дале девојчињата и нивните родители, а полицијата работи на утврдување на идентитетот на напаѓачот.

http://grid.mk/read/news/505087423/3037707/pedofil-napagja-devojchinja-niz-karposh-4
 
Не смејме да се задоволиме со регистарот !!!
За регистар не треба воопшто да станува збор ...
Треба некое друго чаре да се бара да се спасат децата пред да бидат за навек изгорени, та после од ко ќе се деси работата не во регистер, на чело да му напишиш веќе едно дете изгубивме ако не и поќе дури не се открие педофилот ...
Не знам шо памет ги држи овие нашиве шо воопшто си го поставуваат прашањето дали да постои таков регистар. Мислам дека под итно цела јавност треба да изврши притисок врз властите и да се донесе тој регистар (ако веќе не постои, а мислам дека уште нема) и под итно да се спроведи хемиска кастрација, а некаде и физичка на педофилите и крај на муабетот ...
 
Уставниот Суд го укина Регистерот, за хемиска или друга кастрација Абер нема... а и во тие држави каде има таква кастрација тоа е спогодбено, за да му се намали казната педофилот прифаќа...
Второ Уставен Суд не е власт, тој е над власта... дури на тие што објавија во некој онлајн медиуми, кој судии гласале против регистерот им се закануваа кривично гонење и 5 години затвор !!
Но од друга страна секој криминалец е често склон на повторување на делото, не само џебџии и ситни крадци, туку и насилници и убијци, посебно криминалци кој се дрогираат. Но има една друга работа, ако има Регистри на било кој криминалци, ќе настане масовно одбегнување и иселување од некој делови од градови, ќе се засили гетоизацијата...
 
Срамота е ова со казниве бе има ли некој таму да ги смени казните во државава или нема. Клошаров нападнал три деца, а претходно бил осуден на 2 години, ова му е повраток.
Незнам јас ова правово како го толкувате али вакво дело испод доживотна не смее и не треба да биде.
Десет години затвор за педофилот Иван од Скопје
Четврток, 06 Јуни 2013 21:03
Кривичниот суд пресуди 10 години затвор за педофил повратник. Тој претходно веќе бил осуден за полов напад на 2 години затвор.

pedofil-skopje.jpg

28 годишниот Иван се товареше дека нападнал 3 малолетни девојчиња во Скопје. Според обвинението, во првиот случај се обидел да изврши полов напад врз 11 годишно девојче кое го пресретнал на плоштадот Македонија. Ја однел во зграда во непосредна близина но девојчето успеало да му побегне.
Во вториот случај повторно среде бел ден нападнал 10 годишно девојче во Карпош 4. Ја соблекувал и ја допирал. Девојчето пружило отпор и успеало да се ослободи од канџите на напаѓачот. Во третиот случај се товари за силување во обид. Во населбата Карпош три ја начекал жртвата и ставил рака на уста и ја турнал на земја, но девојчето успеало да побегне.
 
Десет??? Срамота. Какви последици има по детето и неговото семејство, само 10.
 
Конечно добра вест на темава. Јас иако мислам дека смртна казна е единствено решение, сепак и хемиска кастрација и доживотен затвор за волот ми е прифатливо сега за сега:
Хемиска кастрација и доживотен затвор за педофилите во Македонија

Текст: Макфакс
Македонија | 13 ноември 2013


Зголемување на затворските казни и воведување на мерката медицински-фармаколошки третман за педофилите односно за сторителите на делата полов напад на дете кое не наполнило 14 години, предвидуваат новите мерки против педофилијата, информира министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

se-voveduva-hemiska-kastracija-i-dozhivoten-zatvor-za-pedofilite-vo-makedonija-158885.jpg


„По спроведената анализа на Министерството за труд и социјална политика и дадените предлози за зголемување на казните и воведување на дополнителен медицинско фармаколошки третман за сторителите на полов напад на деца до 14 години на кои им е изречена казна затвор, истите беа прифатени од Министерството за правда, од правните експерти, професори, судии, јавни обвинители, адвокати, невладини организации, и сите оние кои што работат во делот на заштитата на децата, како и од пошироката јавност!", рече Спасов.

Предлозите се предвидени во измените на Кривичниот законик и вчера биле усвоени на седница на Влада, при што се предвидува заострување на казнената политика, зголемување на затворските казни и воведување на мерката медицински-фармаколошки третман за педофилите односно за сторителите на делата полов напад на дете кое не наполнило 14 години.

„Доколку осудениот се согласи на медицински третман му се намалува затворската казна, а доколку го повтори делото медицинскиот третман е задолжителен", рече Спасов.

До сега кај основниот облик, кој се однесува за сторител кој ќе изврши обљуба или друго полово дејствие врз дете кое не наполнило 14 години казната беше минимум осум години, а сега се зголемува со најмалку 12 години.

Спасов информираше дека за прв пат во Македонија се воведува нова медицинска мерка односно медицинско - фармаколошко лекување (позната во јавноста како хемиска кастрација) на сторители на полов напад врз дете до 14 години на кои им е изречена казна затвор .

Имено, на сторител на кривично дело полов напад врз дете до 14 години кога постои опасност и натаму да врши такви дела судот може да му изрече мерка на медицинско фармаколошко лекување.

Ако за делото е пропишана казна доживотен затвор судот може на сторителот да му изрече казна затвор од 40 години ако тој се согласи на медицинско фармаколошко лекување кое ќе трае до крајот на неговиот живот или до времето до кое според оцената на судот е потребно да трае лекувањето.

Ако за делото е пропишана долготрајна казна затвор од 40 години судот може на сторителот да му изрече казна затвор од 20 години ако тој се согласи на медицинско фармаколошко лекување .

Ако за делото е пропишана казна затвор од 20 години судот може на сторителот да му ја изрече минималната казна затвор пропишана за кривичното дело ако тој се согласи на медицинско фармаколошко лекување кое ќе трае до крајот на неговиот живот или до времето до кое според оцената на судот е потребно да трае лекувањето.

„Мерката медицинско фармаколошко лекување ќе се извршува на слобода во специјализирани медицински установи по издржување на казната затвор, а надзорот на извршувањето на мерката го спроведува Управата за извршување на санкции, која има обврска најмалку еднаш на шест месеци да го известува судот за извршувањето на мерката и за потребата од нејзиното продолжување или прекинување. Ако сторителот не се подложи на мерката медицинско фармаколошко лекување или самоволно го напушти лекувањето судот може да определи мерката присилно да се изврши во здравствена или друга специјализирана установа. Судот и без согласност на строителот задолжително ќе му ја изрече мерката ако сторителот го повторил делото", информираше Спасов.
http://kajgana.com/se-voveduva-hemiska-kastracija-i-dozhivoten-zatvor-za-pedofilite-vo-makedonija
 
Време беше. Инаку јас не сум за смртна казна, но сум за физичка кастрација.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom