Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
wot и јас сум за Before.
Туку +1 згрчен од глумата на Хју. А и од филмот.


Чекам женска прво да си фатам, затоа уште не ми е гледан. :D

Инаку се одлучив за Planes, и заспав. Moжда за подобро, еве, станав за предавања барем.

Хју мора номинација за ова еј..
 
Гледам дека се збори на големо за Prisoners, и како сите се задоволни од филмот, ќе се согласам за повеќето работи, филмот според мене тешко дека некој ќе го надмине оваа година, многу добар филм, без малце совршен.

Сепак имам една мала забелешка, за мене Хју не беше кузнае што. Ова е дефинитивно неговата најдобра улога до сега, ама за каков актер се работи можете да видите во моментот кога се расплака....тој момент можете да видите зошто Хју е актер кој не е во класата на најдобрите, него во добрите. Реално гледано.

За мене дечково од аспект на глума, беше едно 2 класи над сите во филмот,

Paul-Dano-e1314768973144.png
 
Мулето, не сте го гледале во други филмови најверојатно :)

Сепак беше споредна улога, во моментите кога беше во кадар можеше да се осети како буквално да гледаш човек со тешки психички проблеми пред тебе, зрачеше таква аура од него, страшно автентично, и морбидно.

Хју, се тресеше, но моментот кога заплака беше малце вештачки, ако не си го избришал пушти го пак, ќе приметиш за што зборам. Не е актер кој може вистински да извади толкава емоција од него, јас го гледав филмот без импресии без никој да ми каже дека Хју во него бил одличен, па така не бев "спремен" да му дадам екстра оцена за глумата, можеби тоа имало влијание кај вас.

Хју беше одличен во текот на филмот ама моментот кога заплака неговата глума ми стана да не речам тенка......не беше таа емоција глатка, него некако тешко изведена. Значи да се разбереме, не хејтам, мое лично мислење е дека ова е неговата најдобра глума до сега, без конкуренција, но не беше на ниво на кое што се врвните актери, него едно скалило под нив.
 
Јас знам дека минутажа за појавување во филм не е секогаш репер за да се земе севкупната слика за таа улога и да се направи паралела со главна улога ама Псај во случајов не можам да се согласам со тебе. Хју според улогата, сцените, времетраењето во многу емотивни ситуации како онаа кога ги гледаше сликите од алиштата ... не ни може да се стави во паралела со Пол.
Гневот во филмот кај мене покрај приказната, глумата на Хју го допринесе.

И не збориме за нив како актери и во други филмови, ирелевантно е тоа во муабетов, збориме само за во овој филм. :)
 
Псајд, ја за жал морам да сум со wot во ова. Глумата на Хју беше скоро перфект. Еве премотај филмови во кои имаш родители во ваква ситуација да видиш колкава разлика има. Хју имаше страва сцени, од онаа кога го среќава детективот по непреспиена ноќ, онаа со чеканот, во колата со детективот, кога го нападна мулето... сите сцени поблиску до реалност од било кои што сум ги гледал порано. Нервоза, бес, параноја, нерационално размислување, неспиење, трауми...

Мулето ја има таа сомнителна фаца и одлично си одглуми но не е воопшто над Хју во филмов.

Хју е топ актер. Сега не почнувам инаети, само ве тролам цела година со ова, од Лес Миз наваму. Она кога еден ден ќе почне да собира награди да можам да ве тролам со нели-ви-реков муабети :)
 
Fair enough, нема да пробувам да ве разубедам, затоа што тоа не ми беше поентата на дискусијава, само пробав да доловам зошто јас сметам дека глумата не беше на врвно ниво, него на високо. За мене Хју никогаш не бил и нема да биде врвен актер, ако вие сметатe дека тоа не е точно во ред, секако не збориме за некој амaтер него за доста добар актер, па ќе ја оставам дебавата во сегментот субјективност.

Мојата замерка највеќе се однесуваше за еден дел од филмот, не во целост за неговата глума која во овој филм е најдобрата што сум ја видел до сега кога се работи за него, но не така сјајна споредена со она што јас го сметам за улога вредна за номинација :)

Еве премотај филмови во кои имаш родители во ваква ситуација да видиш колкава разлика има.

Колкава разлика има?


:vozbud:
 
И јас не почнувам со инаети Ио, и јас цело време те тролам дека за се' треба да си со мене. Само што јас веќе можам да викам нели-ти-реков. :D

Псај, сфаќам што сакаш да кажеш, ама јас не оценував глума едноставно, можеби според фацијални (ќе си измислувам зборови оти сум модератор) експресии (хаха) и слични критериуми не одглумил за врвно ниво, ама моментот е да те натера да се сочувствуваш. Јас верував дека приказната уствари се десила, пренесе емоции beyond comprehension, реални, или барем најблиску до реални. Значи не претерувам, буквално ми се ежеа влакната на вратот на повеќе сцени со Хју. Додека мутлето како споредна, како (своевремено) негативец заврши одлична работа. Ама не само што не се во исти парк, во иста населба, дури ни со ист поштенски код, Хју беше над него како од друга планета!
 
Псајд, прво, знаев дека на Мистик Ривер ќе отидеш пошто друго и нема. И во рецензијата спомнав дека по глумата само Мистик Ривер е блиску. Второ, ако ти одговорам спојлер ќе биде. Не е истата ситуација.

Нема потреба да се инаетиме.
 
Не бе, какво инатење, само дискутираме :)

Постирав клип од Мистик затоа што прво ми текна на таа сцена, има и други сцени во кои родители биле над Хју, ама ме мрзи да барам сега искрено. Нема везе тоа е мојот став за Хју, само доловив како јас го доживувам него како актер :)
 
Ако, кога ќе се сетиш на сцени постирај да се присетиме :)

P.S. Мајки не се рачунаат, поемотивен сум на женски солзи.
 
Yep, тоа не е воопшто предмет на дебата :D
 
Дали некој го има гледано филмот The Doors, со Ван Килмер во главна улога? Ми го препорача колешка и сакам да знам дали вреди да се симнува. Ја немам читано книгата за Џим Морисон и бендот, така да, дали ќе биде веродостоен за животот на Џим, и бендот? Дали е базиран на книгата?:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom