За вакви професии и ситуации постои скратена процедура, се вика „за итни и неодложни работи“. Училиштето има право да земе професор на 30 дена, без претходен оглас, а за тоа време се тера процедурата, се огласува работното место итн. Не е дозволено да се губат часови, посебно не толку. Секој предмет има годишен фонд часови кои МОРА да се одржат.
Инаку, на Запад и не се случува ова, затоа што таму си има регистер на substitute teachers, по предмети и по региони, па штом има потреба веднаш се повикува некој од таму, дури и за ден-два да е. Инаку, се случувало и ако најави наставник 1-2 седмици отсуство да се земе привремено друг, ништо ново о ништо чудно, специфична е дејноста, ама најмногу зависи од способноста на директорот да ја организира работата и од причината зошто се чува работното место непокриено, Наставници и по хемија и по македонски има невработени што велат, на слепо да гаѓаш, таков наставник ќе погодиш (за жал), што значи дека причината е до директорот и до партиската наредба