Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 27.402
- Поени од реакции
- 36.603
Види сега вака, сакаш да кажеш дека за државата и општеството, треба да се еднакви бензинските пумпи со некакви си пушачки кафани?Шо да дообјаснам, на бензиски станици колку се испуштаат штетни гасови, плус шо испарува бензин. плин, нафта... како не ти е жал за службените лица што одат на бензиски станици, да прават контроли и сл, а жал ти е да одат по кафичи кај што се пушело.
Еднакво важна функција вршат?
Можеби сакаш да кажеш дека во таквите пушачки кафани, на келнерите и другите, треба ваљда и бенефициран стаж да им се обезбеди, повластици за работа во опасни услови и загадена атмосфера? Како за заварувачите, рударите, или така нешто?
Абе лесно ви е вас, да си раскажувате приказни на форуми. Во реалноста ваквите половични решенија не се ниту едноставни за решавање (само врвот на сантата мраз ја почнуваме, од сите можни проблеми), ниту пак има реална потреба да се решаваат „проблемите„ на удобноста на зависниците.
На крајот на краиштата се работи за грда и штетна зависнот, нема што да ве чуваат и пазат како нежни цвеќенца.
Тутунот ви е легален, повелете консумирајте. Дома, на отворено, некаде на страна... или ако инсистирате во јавност, може, пред врата да ве гледаат младите генерации како тоа што треба да бидете: отпадници од опшеството. Не како кул ликови кои својата „независност„ ја изразуваат преку труење на сите окулу нив, само и исклучиво заради свој кеиф, задоволство, но пред се, зависна потреба врз која немаат контрола.
Здравјето на сегашните и идните генерации е секогаш поважна од удобноста на зависници.