Реакции на Законот против пушење на јавни места

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор


  • Вкупно гласачи
    714
Значи ,на некој му прави задоволство да имам секс постојано и што треба да направам видам некоја на улица ме пали и се фрлам ја силовам, уживам во задоволството?

Задоволство е да си на кокаин, и што правиш се предозираш и умираш?

Значи контролата на консумирање нешто те прави корисник, неконтролирано те прави зависник.

Значи се што се консумира премногу е штетно. Според мене истото треба да е и со алкохолот, незнам дали го има кај нас тој закон но во повеќе европски земји го има колку навистина е во сила незнам но на пијани не се служи алкохол. На пример низ европа во многу дискотеки на влезот сум видел апарат за проверка на алкохолот. Дуваш ако покажи дека си многу пијан нема да влезиш во локалот.



Знаев дека ќе се фатиш за задоволствата кои се казниви по закон :)
Има разлика измеѓу задоволство од секс и силување девојки по улица.

Ипак, во контекст на претходно кажаното, личностите на кои им прави кеиф да силуваат девојки - ги силуваат. Осеќам дека е потребно да потенцирам дека ја лично не го оправдувам актот на силувањето. Поентата е дека задоволството (како тема на муабетов) е доживеано во својата потполност, а понатамошните последици не ги коментирам, барем не на оваа тема.

Наркоманите најчесто умираат од предозираност. Пак, задоволството е комплетирано и само како такво може да се нарече задоволство со тоа што повторно ќе ги изоставиме последиците.

Ајде малце по фини примери за предизвикување задоволство, нешто што нема да не однесе у затвор или во прерана смрт. Книги на пример. Кај е штетата во читање премногу книги? Или во смеење? Добри филмови и серии? Цело чоколадо само за тебе? Повремен сарказам? Гушкање?
 
Инаку си го гледал Бен Хур? Ти текнува на онаа сцената со лепрозните кога ги чуваат во гето (дупка уствари, некои катакомби), храна им симнуваа со јажиња надоле?
Иднината бачка. ;)

:pos:

Натака иде, не се свесни уште...:coffee:
 
Милион пати правевме муабет за ова, и воопшто не така едноставно како што изгледа.
Само накратко дел од (многуте) факти кои ја прават работата нерешлива: Прво вработените ќе бидат дискриминирани да дишат тутунски чад. Второ, тие вработени не се само келнерите, туку и најразлични службени лица. Трето, а можеби и најважно, тука менталитетов е таков да сите газди ќе отворат пушачки кафичи, пошто рајава е тотално неука и со генерациски испран мозок дека е сосема во ред да те трујат со тутунски чад, на крај пак сите ќе идат во пушачки кафич. Колку сакаш непушач биди, ама ако сите девојки се таму, ќе идеш и ти таму. :)

Така да во пракса, излегува дека законот не се замара со вас и со зависноста. Не е баш фер (човечки гледано зборувам, не дека е логично да ве жалат), но пред законот беше НЕСПОРЕДЛИВО ПО-НЕФЕР за непушачите.
ЈБГ





Пази се kooperativa, девојката ти става до знаење дека сака редовна врска! ;)
тоа со велвет ни е веќе “редовно“ одамна, така да не ни се мешај у штипки:P

е сега посериозно, ми го скокаш најбитниот момент. ДА СЕ ИМА ОПЦИЈА!!!
и сега, кога би имало опција, никој на никого не му е рив ако иде ваму или онаму. ако некој е продаден гз и цело време иде кај што НЕ му е арно, кој му е крив? девојките кои ти ги спомна? ......... хмммммммм, па што бара девојка пушач кога тој не сака цигари? од старт не се компатибилни. и мене ми се случило да ме одбие девојка затоа што сум пушач па? идемо даље! така и ова, ако е за партнер, партнер се бара во средината која ти одговара. а и друштвата исто така се прават, нели? според одговарањето. ете за со шегата за велвет, ........
така да фер е да се има избор, опции. се' друго е диктатура.
 
Законов не е против пушачите,туку заштита на непушачите од издувни гасови шо ги испуштаат пушачите!
 
Како занеш, бе Магус, дека не им пречи? Можда се само културни. Бидејќи сакаат да поминат моменти во добар муабет со тебе, седат и ќутејќи си дишат, можеби дури и те убедуваат дека не им пречи.

Знам дека ја така се понашам со моите пријатели пушачи...на пример, кога ги молам слободно да си запалат цигара, кога ќе ми дојдат на гости...:вонзем:

А, дали ми пречи...ај, де, ми пречи ли???


Можеби знам, можеби мислам дека знам а уствари се културни и пријателството им е пред чадот како што ми е мене па кафето го пијам на тераса ако не ми се трпи за цигара. Небитно. Битно е тоа што се се сведува на инат а законот е дискриминирачки затоа што е едностран и пушачите немаат избор. Како да се реши ситуацијата треба да смислат заспаните убавици кои што ја наметнаа истата, а ако ги мрзи или не знаат да мислат нека земат спид или "RR" па тие нека мислат за нив ;)
 
тоа со велвет ни е веќе “редовно“ одамна, така да не ни се мешај у штипки:P

е сега посериозно, ми го скокаш најбитниот момент. ДА СЕ ИМА ОПЦИЈА!!!
и сега, кога би имало опција, никој на никого не му е рив ако иде ваму или онаму. ако некој е продаден гз и цело време иде кај што НЕ му е арно, кој му е крив? девојките кои ти ги спомна? ......... хмммммммм, па што бара девојка пушач кога тој не сака цигари? од старт не се компатибилни. и мене ми се случило да ме одбие девојка затоа што сум пушач па? идемо даље! така и ова, ако е за партнер, партнер се бара во средината која ти одговара. а и друштвата исто така се прават, нели? според одговарањето. ете за со шегата за велвет, ........
така да фер е да се има избор, опции. се' друго е диктатура.



Види, и ја сум на страна на опциите. Ете, пушачите имаат опција-да излезат низ врата кога сакаат да спалат една.

На пример, јас како нешушач, ја делам канцеларијата со тројца пушачи. Секој од нив си има свој момент кога му доаѓа да запали а тој момент ретко се поклопува со моментот на останатите двајца (иако, морам да признаам дека момент на еден подегнува или инспирира момент кај друг пушач). Сега, ако беше дозволено пушењето во канцеларија, јас би била осудена да ги дишам сите моменти на моите колеги (како што беше пред законот)-тоа е цигара до цигара осум саати, човече! Вака, ако на некој му се "присака" си искача и тако сви сречни...толку просто...
 
јас сакам закон кој ќе ме заштити од издувните гасови на непушачите, ептен е лошо по здравјето
 
Види, и ја сум на страна на опциите. Ете, пушачите имаат опција-да излезат низ врата кога сакаат да спалат една.

На пример, јас како нешушач, ја делам канцеларијата со тројца пушачи. Секој од нив си има свој момент кога му доаѓа да запали а тој момент ретко се поклопува со моментот на останатите двајца (иако, морам да признаам дека момент на еден подегнува или инспирира момент кај друг пушач). Сега, ако беше дозволено пушењето во канцеларија, јас би била осудена да ги дишам сите моменти на моите колеги (како што беше пред законот)-тоа е цигара до цигара осум саати, човече! Вака, ако на некој му се "присака" си искача и тако сви сречни...толку просто...
чек чек, не ми спинувај со други примери. јас кажав само за места за излегување, а ти одма во канцеларија. тоа е сосема друг мом, дај прво ова да го решиме/разјасниме, па после тоа да ги фатиме и канцелариите, и сите други работи
 
Можеби знам, можеби мислам дека знам а уствари се културни и пријателството им е пред чадот како што ми е мене. Небитно. Битно е тоа што се се сведува на инат а законот е дискриминирачки затоа што е едностран и пушачите немаат избор. Како да се реши ситуацијата треба да смислат заспаните убавици кои што го наметнаа истата, а ако ги мрзи или не знаат да мислат нека земат спид или "RR" па тие нека мислат за нив ;)


Да, мислам дека законот делува дискриминирачки на пушачите, но од агол на тоа дека никој не инвестира во градење на соодветни простории по фирмите за пушачите, па овие ко сираци се туткаат пред влезовите ко пушачки одбор за пречек...
Сметам дека е претерано забранувањето на цигарите по кафичи, кафани и места каде се собираат мешани (по навики) друштва-сепак, можеби првоприменетото зонирање во овие објекти беше добра идеја+ако кафанџиите се условеа со инвестирање во подобра вентилација...ех!

Сепак, читајќи ги постовите на темава, во кои доаѓа до сликовит приказ на пушачкиот ментален склоп, мило ми е што имаме ваков закон. :pipi:
 
е сега посериозно, ми го скокаш најбитниот момент. ДА СЕ ИМА ОПЦИЈА!!!
и сега, кога би имало опција, никој на никого не му е рив ако иде ваму или онаму. ако некој е продаден гз и цело време иде кај што НЕ му е арно, кој му е крив? девојките кои ти ги спомна? ......... хмммммммм, па што бара девојка пушач кога тој не сака цигари?

.....
така да фер е да се има избор, опции. се' друго е диктатура.
Абе ако некој скока нешто, тоа ти ги скокаш правата на вработените и на службените лица кои службено идат секој ден во јавните локали.
Инаку за идењето таму каде те ебат во здрав мозок, таква е рајава овде. Проста маса, стадо за шишање волна и плетење џемпери. Тоа и ти кажувам, со сегашниов менталитет, ако остават слободен избор на газдата... од 1000 локали, дали 1-2 ќе бидат непушачки.

Во тие услови, или ќе идеш во пушачки места, или ќе седиш дома.
Чекај, бе малку!! Па тоа е исто како пред законот, ти текнуе?? ;)
 
Инаку си го гледал Бен Хур? Ти текнува на онаа сцената со лепрозните кога ги чуваат во гето (дупка уствари, некои катакомби), храна им симнуваа со јажиња надоле?
Иднината бачка. ;)

Не ми ги кради идеите...

:P
 
Да, мислам дека законот делува дискриминирачки на пушачите, но од агол на тоа дека никој не инвестира во градење на соодветни простории по фирмите за пушачите, па овие ко сираци се туткаат пред влезовите ко пушачки одбор за пречек...
Сметам дека е претерано забранувањето на цигарите по кафичи, кафани и места каде се собираат мешани (по навики) друштва-сепак, можеби првоприменетото зонирање во овие објекти беше добра идеја+ако кафанџиите се условеа со инвестирање во подобра вентилација...ех!

Сепак, читајќи ги постовите на темава, во кои доаѓа до сликовит приказ на пушачкиот ментален склоп, мило ми е што имаме ваков закон. :pipi:


За ова погоре ти симнувам капа, правилно (y)
А за ова последново, исто така се сложувам за сликовитиот приказ ама ОБРАТНО! :pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom