Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Го реши ли некој динамичкото алгоритми од вториот/третиот термин ?![]()
И првиот и вториот термин имаа лесни за динамичко, за третиот не го знам текстот, ама четвртиот термин имаше доста потешка задача. Како извадена од codefu натпревар беше и 99% сум сигурен дека никој не ја реши ни делумно од четврт термин.
Е за тој термин мислев, пошто познавам некои луѓе кои ете оделе по натпревари и такви работи, едвај по 3-4 излеза им поминале... Иначе јас бев во третиот, задачата беше од дадена низа со N елементи да се изберат К елементи, така што сумата на апсолутните разлики помеѓу првиот и вториот, вториот и третиот... к-1-иот и к-тиот да биде максимална.
На пример ако N = 7 и дадена е низа 1 6 3 4 9 2 1, треба да ги земеш 1 9 1 и максималната сума ќе ти биде 16.
^ а онаа со листите ја реши?
да, слична беше кај сите.. штом си решил една супер си, освен ако не се бореше за оцена поголема од 6..
Абе генерално првата и третата задача не беа тешки. Бараат основни познавања на ред и листи. Како на лаб што беа. Ама динамичкото е сосема друга приказна. Јас разбирам дека сакаат да ги издвојат тие што се натпреварувале и што од порано знаат динамичко ама е тотално нефер кон нас останатите. Како прво немавме лабараториски за динамичко, од задачите за вежбање имаше една динамичко, и таа беше лесна во споредба со тие што паднаа на колоквиум. Единствени задачи за вежбање беа тие од аудиториски, а тие се основните проблеми. Некако ми изгледа дека динамичкото беше баш онака за инат дадено, да го намалат бројот на 10ки...
Како гласеше задачата од 4 та група?
Инаку реално динамичко програмирање не се учи со една недела предавање и аудиториски вежби. Тоа е општо да знаеш дека постои такво нешто и ништо повеќе.
Баш поради тоа даваат задачи каде што треба да препознаеш кој алгоритам да се искористи и со мали промени да ја решиш задачата.
Реално треба прв колокв да е : листи, стек-ред, хеш и сортирање, но ако е така на втор ќе биде само "тешките" задачи и скоро сите ќе паднат, а вака повеќето со листа и хеш ќе положат.
Епа видиш, тоа е уште полошо. Сега ти си изедначен со мене на пример, а ти сигурно знаеш повеќе за концептот на динамичко програмирање. Тоа сакам да кажам, едноставно колоквиумот не покажува реално кој колку знае. Ни дадоа задача каква што воопшто немаме решавано ( на факултет ). И сеа ако некој кој од порано решавал ваков тип на задачи не успее да ја реши оваа, како очекуваат јас да ја решам кога за динамичко ми кажуваат 2 недели пред колоквиум ? А на задачи за вежбање ми даваат само 1 задача динамичко и тоа со растечка подниза ? Едноствано јас такво нешто и очекував на колоквиум. Според мене ќе беше подобро наместо 2 лесни и една хардкор, да дадеа 1 лесна листи, 1 средно тешка стек/ред и една ете динамичко каде ќе можат да видат дали ти си го сфатил концептот....Најинтересно беше што задачите со динамичко имаа различна тежина во четирите групи, прва и втора група имаа баш лесно динамичко, трета група имаше динамичко со две табели и четврта група веќе имаше сложен проблем со динамичко.
Многу не издвоија, посебно од четврт термин кога никој не ја реши задачата со динамичко.
Без многу мрчење, навикнете се дека на колоквиум доста често паѓаат ствари што немате решавано на вежби.![]()
Mене ми рекоа дека ако биле стринговите исти не треба да се земале, во динамичкото од четвртиот термин?