Има ли некој искуство со Naxos храната? Имам златен ритривер 5 месеци и сакам да почнам со оваа храна.
Купив едно кило да видам како ја поднесува и се покажа дека има добра столица, но многу има гасови. Проблем ми е тоа што со секоја сува храна треба да се молиме за да јаде и оваа не е исклучок. Каснува малку и остава. Па јас треба со рака да земам....
Не сум спремен да дадам 4000 за храна, а оваа ја има за 2К 15кг (доста добар состав колку што можев да препознаам) затоа што има барем еден готвен оброк дневно со пилешко, ориз, моркови и палента.
Не сум ја користела Naxos, но секое куче е индивидуално, и ако на некое куче му одговарало некој дехидрат, незначи дека и на другото куче ќе му одговара истиот тој дехидрат ... се е индивидуално, и самиот треба да испробаш најразлични дехидрати за да видиш што највеќе ќе му одговара на твоето куче.
Во врска со дехидратов Naxos, види дали има формули за возраст и големина на кучето, ако има, тогаш треба да земеш формула Puppy / Junior Medium Breed ... ти препорачувам Medium Breed (Средни раси) затоа што Златните Ретривери не тежат повеќе од 35 килограми, а според формулите на дехидратите во Средни раси (Medium Breed) спаѓаат кучињата од 25 - 35 кг.
Над 35 кг. се веќе Големи раси (Large Breed).
Види го процентот на месо во составот, ова е најважната прва состојка - месо.
Потоа види колкав процент на протеини и масти содржи дехидратот, исто за куче во раст и развој многу е важна количината на Калциум и Фосфор во дехидратот.
А за тоа што се молите да јаде, и што му даваш од рака да јаде, тоа е многу погрешно и ти препорачувам да престанеш да ги практикуваш тие навики.
Остави го дехидратот во тањирот и ако за 5 - 10 минути максимум не го изеде, тогаш тргни го тањирчето и дај му го покасно, во никој случај не го моли да јаде, ако му се јаде ќе јаде, ако не му се јаде тогаш нека не јаде, најважно е да не го молиш и да не му даваш од рака да јаде.
@Lu бидејки се разбираш многу повеке од мене за храниве, ќе те молам да ми одговориш на следново.
Станува збор за самоједи (возрасна женка и 4 месечно мало, не се во никакво сродство).
Големата ја ранам со Брит Премиум Супер-премиум (ја менуваме еднаш едната, следен пат другата, и се здосадува вкусот).
Сега полека и малиот го префрламе на истава храна (нормално не планирам двајцата да јадат папи формула).
Знам дека Брит е доста фалена на форумов, ама дали има потреба да се промени за некоја подобро рекламирана (немора да значи подобра храна), или да продолжиме со оваа.
Нешто ми ја испофалија Belcando и Hill's Science Plan, ама незнам колку е паметно да експериментирам.
Фала однапред.
Ако им одговара Brit Premium тогаш не гледам причина зошто да ја менуваш за некоја подобро изрекламирана, бидејќи како што и самиот кажа, ако е подобро изрекламирана не значи дека е поквалитетна.
Ако така гледаме, незнам дали постои дехидрат што е порекламиран од Pedigree, а уствари Pedigree ти е еден од најкатастрофалните дехидрати, попрво би го ранела кучето само со леб отколку со Pedigree.
Истото важи и за Royal Canin и Eukanuba, па донекаде и Purina Pro Plan ... премногу изрекламирани храни и прескапи во споредба со составот и квалитетот што го нудат, барем кај нас ги носат најслабите варијанти на Royal Canin и Eukanuba.
За Belcando и Hill's Science Plan, не сум ги користела, но според составот делуваат ОК, не се најквалитетни, но не се ни лоши, во секој случај овие 2 дехидрати во однос на составот и квалитетот би ги ставила над Royal Canin и Eukanuba.
Во врска со квалитетот и дехидратите од компанијата BRIT имам пишувано на
21 страна.
Дехидратот кој што во моментов го користиш Brit Premium спаѓа во Премиум класа, а не во Суперпремиум како што имаш напишано.
Во Суперпремиум дехидрати од BRIT спаѓаат Brit Care и Brit Carni Love ... а Brit Premium спаѓа во Пемиум класа, но сепак квалитетот е фантастичен и дури и многу подобар од некои дехидрати што се класифицирани во Суперпремиум класата.
На
линков ја имаш целата палета на Brit Premium.
Јас моментално користам
Brit Premium - Sport (енергетска перформанс формула за активни кучиња) и сум презадоволна од квалитетот и резултатите на овој дехидрат, а составот од 45% пилешко месо, 30% животински протеини и 20% масти, тешко дека ќе најдеш поквалитетен дехидрат од овој, во моментов во Македонија.