Храна за кучиња

  • Креатор на темата Креатор на темата Lu
  • Време на започнување Време на започнување
Ај некој нека каже нешто повеќе што знае за хранава, дали е добра ?
1) Miglior Cane
2) Miglior Cane
Дехидрат со катастрофален состав.
Ако си ги сакате кучињата, ве молам немојте да им давате вакви неквалитетни дехидрати.
Здраво, нов сум тука и сакав да ве прашам, предходно прочитав за некои храни "Brit Care" и "Holistic" нешто, па ме интересира, каде можат да се набават истите и колку чинат за 1kg ?
Јас сум презадоволна од BRIT.

BRIT е бренд кој што произведува и понеквалитетни линии како што се: Brit Astor и Brit ... овие 2 дехидрати се со послаб состав и содржат помало количество на месо.

Јас ги имам користено (и сеуште ги користам) квалитетните линии на BRIT ... како што се: Brit Premium и Brit Care.

Brit Care е одличен дехидрат кој што спаѓа во највисоката суперпремиум класа и е Grain Free (не содржи житарици) освен оризот, и е Хипо-алерген, на база на Јагнешко и ориз.

Инаку колку за информација, во составот на Brit Premium првата состојка е 45% пилешко месо, а втората состојка е ориз ... тоа е дехидрат кој што има далеку поквалитетен состав од Royal Canin и Eukanuba ... кои што важат за најквалитетни дехидрати во Македонија (а уствари не се) ;) туку само се добро маркетиншки изрекламирани.

Моментално користам Brit Premium - Sport ... енергетска формула со висок процент на месо, протеини и масти наменета за активни кучиња.

И да не ја заборавиме и фантастичната суперпремиум линија Brit - Carni Love, која што е Grain Free (не содржи житарици) и составот е фантастичен, содржи 70% животински продукти ... според мене дури и за нијанса е подобар од Natural & Delicious на Farmina.

prod1779.jpg
 
Која цена се овие дехидрати на вреќа?
 
Brit Premium - Sport вреќа од 15kg e 3.300 денари.
Brit - Carni Love вреќа од 12kg e околу 4.500 денари.
Колку и да сум за дехидрат ... ама за овие пари знаеш ли колку мевце ќе крка Пепче и Астриче? Има да не сакаат доживотно :D
 
Колку и да сум за дехидрат ... ама за овие пари знаеш ли колку мевце ќе крка Пепче и Астриче? Има да не сакаат доживотно :D
Астричка освен дехидрат (Brit Premium - Sport) редовно си крка и мелено телешко месо + органи (изнутрици) сварено со ориз ... и нормално додека се вари месото + оризот, додавам и зеленчук (најчесто морков и пиперка).
Преку мои пријатели телешкото месо го набавувам за пониска цена, бидејќи ако и купувам телешко месо од месара по редовна цена, ќе треба да банкнотирам :D со оглед на количината што ја јаде Астра, 800 гр. - 1 кг. месо во еден оброк :)
 
Јас не давам веќе дехидрат, ретко кога ќе наидам.
Сега е на природна храна, пилешки грбови, грклани, џигер и срце, тоа иде со палента или макарони и ориз, барем ние го имаме. Секако и рибешко, само нешто ми се мршти на папалините, додека ја гледам демек, јас ова не ти го јадам.

А ако давам дехидрат, изненадена и презадоволна сум од ОК Спорт, не е супер премиум храна, ама одлично се покажало, плус ако земам, земам папи формила. Знаеш дека некогаш овие премиум храните може да излезат подобра работа (секако не зборувам за педигре, и храните на кам) од оние за наѓи цени пренафурани дехидрати.
 
Зошто толку се лоши храните во KAM ?
На нив не пишува ништо страшно дека има некој производ што е штетен за кучињата.
Е можеби во проценти се помалку застапени месото итн.
Кај мене во близина има KAM маркет и се троши нонстоп таа храна.
Имам купено и јас, и кучето ја сака.
Не сум забележала некои промени или штетни последици.
Можеби не сум во право, ама ме интересира што има како штетен продукт во таа храна ? :)
 
Можеби нема нешто штетно (пошто за повеќето дехидрати не знаеме дали имаат нешто штетно) ама како што кажа многу е помал процентот на месо и сл. што е потребен за кучињата.
 
Можеби нема нешто штетно (пошто за повеќето дехидрати не знаеме дали имаат нешто штетно) ама како што кажа многу е помал процентот на месо и сл. што е потребен за кучињата.
Па мислам дека "за толку пари толку музика" е тоа ми е пологично, но почнав да се сомневам во таа храна бидејќи е стално напаѓана по форумите.
Мислам дека ако се користат такви храни (сега кажувам за сите) не е лошо.
Не секој може да си дозволи да купува храни скапи по 2000 - 4000 денари.
Сите си ги сакаме кучињата премногу (со самиот факт дека сме ги зеле да ги чуваме), но неможеме да им пружиме идеални услови.
Идеални услови неверувам и дека некој може да му даде на својот миленик - впрочем и луѓето не се гледаме по правила и прописи :)
 
Зошто толку се лоши храните во KAM ?
На нив не пишува ништо страшно дека има некој производ што е штетен за кучињата.
Е можеби во проценти се помалку застапени месото итн.
Кај мене во близина има KAM маркет и се троши нонстоп таа храна.
Имам купено и јас, и кучето ја сака.
Не сум забележала некои промени или штетни последици.
Можеби не сум во право, ама ме интересира што има како штетен продукт во таа храна ? :)

Храните се катастрофално лоши затоа што составот им е катастрофално лош.
Нивниот состав изгледа како да е наменет за вегетаријанци, а сите знаеме дека кучињата не се вегетаријанци, и месото е главна храна на кучињата.

Како прво тие low budget храни не содржат чисто месо во себе, туку содржат преработки од месо и тоа во ептем мал процент, до максимум 5% месни преработки.
Пример дехидратот Педигри (кој што го фалат во Пет Шоповите и кој што е премногу маркетиншки изрекламиран) содржи 4% месо ... па храна ли е тоа ?

Значи како прво и основно зошто се катастрофални таквите дехидрати од КАМ и сличните (Педигри, Фрискис Чапи, Дарлинг, Миглиор Кане, Боно и сл.) е тоа што не содржат месо, туку месни преработки во ептем мал процент (до 5%) а и некои што имаат месо исто така го имаат во ептем мал процент (до 5%).

Втора многу важна работа, е тоа што протеините, кои што се најважни за мускулната маса на кучето, во low budget дехидратите како извор на протеини користат зеленчук (најчесто грав и леќа) ... зеленчукови протеини, кои што се ептем нехранливи.
Во секој квалитетен дехидрат се користи протеин од месо, а не од зеленчук.
Единствен исклучок се Grain Free дехидратите, кои што немаат житарици во составот, тие понекогаш користат протеин од компир, кој што е многу поквалитетен од грав, леќа и сл.
И во квалитетните дехидрати протеинот од месо е во голем процент, заразлика од неквалитетните low budget дехидрати кои што протеинот од зеленчук е во мал процент на застапеност ... а ионака тие протеини се катастрофа, па башка и у мал процент = double trouble.

Трето, преполни се со житарици (пченка, пченица, јачмен) кои што и не се хранливи за кучињата.

Четврто, преполни се со конзерванси, вештачки бои и ароми ... а тоа е штетно.
Затоа и гранулите се шарени, тоест се фарбани со боја.
Одете во Пет - Шоп и сами ќе се уверите кога ќе видите во вреќите на евтините дехидрати шарени гранули.

Бидејќи во таквите неквалитетни дехидрати нема месо, мора да користат вештачки ароми за да ги привлечат кучињата, дури тие вештачи ароми се толку силни за кучињата и толку многу ги привлекуваат, што на кучињата да им ставиш 2 тањири еден до друг со неквалитетен дехидрат со 4% месо (пример Педигри) и до него тањир со квалитетен дехидрат (пример Брит Премиум) кој што содржи 45% месо, кучето попрво ќе јаде од тањирот со Педигри бидејќи вештачката арома ќе го привлече многу повеќе, затоа и кучињата ги обожаваат евтините и неквалитетни дехидрати, токму поради вештачките бои и ароми.

Петто, не содржат доволно витамини и минерали, кои што се од исклучително висока важност за правилен раст и развој на младите кучиња.

И има уште многу други работи, но ова се најважните.

Во контекст со муабетов, морам да го спомнам членот Hellsing, бидејќи он е член кој што има доста време посветено на истражувањето на квалитетот на дехидратите.
И дури и некои работи што не ги знаев за дехидратите, ги научив од него :)
 
Храните се катастрофално лоши затоа што составот им е катастрофално лош.
Нивниот состав изгледа како да е наменет за вегетаријанци, а сите знаеме дека кучињата не се вегетаријанци, и месото е главна храна на кучињата.

Како прво тие low budget храни не содржат чисто месо во себе, туку содржат преработки од месо и тоа во ептем мал процент, до максимум 5% месни преработки.
Пример дехидратот Педигри (кој што го фалат во Пет Шоповите и кој што е премногу маркетиншки изрекламиран) содржи 4% месо ... па храна ли е тоа ?

Значи како прво и основно зошто се катастрофални таквите дехидрати од КАМ и сличните (Педигри, Фрискис Чапи, Дарлинг, Миглиор Кане и сл.) е тоа што не содржат месо, туку месни преработки во ептем мал процент (до 5%) а и некои што имаат месо исто така го имаат во ептем мал процент (до 5%).

Втора многу важна работа, е тоа што протеините, кои што се најважни за мускулната маса на кучето, во low budget дехидратите како извор на протеини користат зеленчук (најчесто грав и леќа) ... зеленчукови протеини, кои што се ептем нехранливи.
Во секој квалитетен дехидрат се користи протеин од месо, а не од зеленчук.
И во квалитетните дехидрати протеинот од месо е во голем процент, заразлика од неквалитетните low budget дехидрати кои што протеинот од зеленчук е во мал процент на застапеност ... а ионака тие протеини се катастрофа, па башка и у мал процент = double trouble.

Трето, преполни се со житарици (пченка, пченица, јачмен) кои што и не се хранливи за кучињата.

Четврто, преполни се со конзерванси, вештачки бои и ароми ... а тоа е штетно.
Затоа и гранулите се шарени, тоест се фарбани со боја.
Одете во Пет - Шоп и сами ќе се уверите кога ќе видите во вреќите на евтините дехидрати шарени гранули.

Бидејќи во таквите неквалитетни дехидрати нема месо, мора да користат вештачки ароми за да ги привлечат кучињата, дури тие вештачи ароми се толку силни за кучињата и толку многу ги привлекуваат, што на кучињата да им ставиш 2 тањири еден до друг со неквалитетен дехидрат со 4% месо (пример Педигри) и до него тањир со квалитетен дехидрат (пример Брит Премиум) кој што содржи 45% месо, кучето попрво ќе јаде од тањирот со Педигри бидејќи вештачката арома ќе го привлече многу повеќе, затоа и кучињата ги обожаваат евтините и неквалитетни дехидрати, токму поради вештачките бои и ароми.

Петто, не содржат доволно витамини и минерали, кои што се од исклучително висока важност за правилен раст и развој на младите кучиња.

И има уште многу други работи, но ова се најважните.

Во контекст со муабетов, морам да го спомнам Hellsing, член кој што има доста време посветено на истражувањето на квалитетот на дехидратите, и дури и некои работи што не ги знаев ги научив од него :)
Го прифаќам целото твое објаснување што се однесува до квалитетот на храните од овој тип.
Сега следното мое прашање е кои храни се поквалитетни од оние поефтините?
Ние знаеме кои се поквалитетни и самата цена ќе ни каже. Мислам дека ако се купи оваа храна единствена причина е цената 1кг. од Пурина Дарлинг е 80 денари ... ама 1кг. од другите е 150 -160 денари.
Значи да им кажеме и помогнеме на одгледувачите на некој начин, да им купуваме храна што ќе ги задоволат потребите барем основните.
Ова сето мое мислење се однесува на сувата храна и готовата исхрана, затоа што колку и да им приготвуваме домашна храна, не можеме да ја избалансираме добро како готовата. :)
 
Мое лично мислење е дека и најлошо избалансираната домашно зготвена храна е подобра и од најквалитетниот дехидрат. Затоа што човек сам гледа колку месо и зеленчук и житарици става, и со каков квалитет се, а кај дехидратот сепак мораме да веруваме на тоа што пишува на вреќата нели ?
За добро да ја избалансираш храната треба само малку знаење и многу слободно време :)
Реално кој што сака нека каже, домашно приготвената храна кај нас е сеуште најевтина, но главен проблем на повеќето ни е тоа што неможеме секогаш да го одвоиме времето да ја зготвиме.
Никогаш, никогаш немој да се потпираш на цената за една храна како репер за квалитет. Секогаш единствен репер за квалитетот нека ти биде изгледот на твоето куче и потрошувачката на ‘‘отпад - :гомце:‘‘.
Затоа што да, голема е разликата помеѓу 80 и 180 или 280 денари за 1 кг. храна и никој не вели дека мораш да купуваш од најскапата храна, но заради сите причини кои горе ти ги објасни Lu , може многу лесно да ти се случи додека да го постигнеш саканиот ефект врз кучето (на пример да го здебелиш) кога ќе ја направиш математиката да видиш дека си потрошила толку храна од 80 ден колку за една вреќа од таа што е 180 ден и всушност не заштедуваш ништо.
Ако ги исфрлиш од равенкава најевтините храни и најскапите, првите заради нивната слаба хранливост, вторите заради нивната голема цена, имаш широк избор на храни во опсег од 2000-3000 денари за вреќа, за да избереш нешто што ќе му одговара на кучето и што ќе ти одговара финансиски. Зборуваме за исхрана на кучето месец за месец со дехидрат, тоест просек од 1 вреќа месечно.
Ако го храниш и со готвена храна и дехидрат, особено од поевтините во старт фрлаш пари - направи ја математиката колку месечно трошиш за двете храни, и ќе видиш дека всушност трошиш колку за една вреќа поскапа храна.
 
Син ми доби на подарок хаска, која сега има три месеци.
Го храниме со домашна храна, но размислуваме да го префрлиме комплетно на готова храна, оти секој ден некој треба да е обврзан да му готви 3 пати.
Ме интересира која готова храна е најдобра за мали кучиња?
 
Моја препорака е да го храните комбинирано.
Можете да користите дехидрат редовно, но немојте комплетно да ја исклучите готвената исхрана, затоа што преку готвената храна ќе внесува чисти протеини (пилешко / телешко) и јагленихидрати (ориз / тестенини / палента) во поголема количина и сооднос, од било кој дехидрат.
Исто така користете Калциум, а слободно може да давате и јогурт и несолена урда кои што исто така се богати со калциум.

Моја препорака за квалитетен дехидрат, во моментов премиум дехидрат со најголем процент на месо во составот:
Brit Premium: Junior Large Breed

Или суперпремиум дехидрат без житарици:
Brit Care: Puppy All Breed - Lamb & Rice
 
Во последно време другарката ја хранам со Purina Pro Plan

dog_lalr_main.png.sflb.ashx

Пред тоа со Ројал Канинот имав најдобри резултати, ама веќе ги надминавме границите за јуниори (иако можеби има простор да си терам уште малку со храна за јуниори), па си реков да сменам друга храна.

Начекав во еден пет шоп, Пурина Про План, одлична цена нудат 200 денари кило, имаат линија за активни кучиња, и за робусни кучиња ... навистина ја даваат по ептен ниска цена, дури и за на кило да земаш е иста цена, да не речам набавна:pipi:
Во последно време другарката беше премногу активна (беше на дресура), па зедов вреќа за активни кучиња, јадеше само дехидрат (што досега не беше случај, ја хранев комбинирано), и навистина добро се покажа, сега за зимата ќе измешам со ориз, пилешко + дехидрат и таман, зимницата спремна.

Мислам дека во моментот за таа цена нема подобра храна на лагер за возрасни кучиња (барем не во Битола), изборот на супер премиум дехидрат е сведен на минимум, да бираш меѓу Пурина Про План и Ројал Канин :)
Ќе пробам за секој случај и од линијата на Ројал, да видам како ќе се покажи дехидратот за возрасни кучиња ... иако мислам дека за Ротвајлери, кои се доста склони на дебелеење Пурината има подобар ефект од Ројалот :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom