Пред една недела се запознав со еден дечко и од тогаш секој ден правиме муабет. Мене ми се свиѓа, а и преку муабетите посебно на фб ми кажа и тој на мене дека му се свиѓам и јас. Е сега има еден проблем зошто еден ден и двајцата сакавме да се викнеме за на кафе ама не се викнавме зошто беше прерано се знаевме само 1 ден...и јас го викнав за 3 дена и му реков бидејќи не бевме првиот ден да одиме сега но тој ми рече дека неможел и да сме се виделе за 3 дена зошто неможел..му реков добро и чекав да ме викне а во меѓувреме правевме муабет секој ден .. и дојде и тој 3ти ден ама не ме викна...и сега јас не го викам затоа што сметам дека машкото треба да викне прво бидејќи јас еднаш и го викнав пред тоа..ама сеуште ништо...
Исто така ми рече дека му треба малку време за да се ставиме во врска затоа што пред 1 месец раскинал и сеуште не бил спремен..му реков добро ќе се запознаеме подобро и ќе биде се во свое време како што треба да биде..ми рече може да се гледаме ама за врска не сум спремен....така и остана ..
не помина голем временски период туку помина една недела ама уште не сме излегле ниеднаш на кафе и незнам дали треба да му оставам простор или сепак да прпбам да направам некој муабет да видам што планира..што мислите?
Исто така сакав да прашам и за една моја другарка.. и се свиѓа еден дечко и јас се знам со негов другар и му реков да спомне нешто и тој ми рече дека му спомнал ама дечкото рекол дека не му се свиѓа мојата другарка и дека несака ништо...дали мислите дека другарка ми треба да проба уште нешто или да му пристапи прва или да се откаже? ( нема ни фб дечкото за да проба преку полесниот начин )
Извинете што досадувам, ама си реков да побарам некој совет онака колку да видам што мислите