- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Видов дека ваква тема има и во Подфорумот Свет но бидејќи не е префрлена да отвориме и овде тема.
Јас неколку пати нарачував од Струмица тоа што го добив беше катастрофа. Барајки по медиуми гледајки документарци разбрав дека всушност К´цаната сол традиционално се подготвува во Кратово и дека од таму влече корени. Затоа летво си земав време и директно кај цимерот во Кратово. Тој ме однесе кај Г-дин Стевче Доневски кој во центарот на Кратово има антикварница и покрај другото се занимава со еколошки туризам и slow food. Бидејки човекот е длабоко навлезен во археологијата и изучувањето на традиционалните вредности во Македонија ми раскажа дека солта ја приготвува на традиционален начин до кој дошол по долго истражување и пробување. Купив 4 мали кесички за по 50 денари од кесенце кое е спакувано во една мала платнена ташничка.
Кога пробав дома од солта навистина се уверив во квалитетот и од тогаш солта ја применувам како злато да е.
Е сега за готвење со оваа сол незнам многу. Она што јас до сега открив освен нејзино конзумирање со леб, путер или маст. Мене многу ми одговара да ја јадам во сите комбинации со мајонез.
Дали тоа ќе биде некоја салата со мајонез или едноставно мајонез, сол, варено јајце и кисели краставички сеедно.
Но она што ме интересира, дали некој од вас има приготвувано и други јадења со оваа сол и на кој начин вие ја конзумирате?
Ме интересира и од каде набавувате ваква сол?

), а добро оди и со варено јајце (да се исече јајцето на кругчиња, да се стави малку оцет, зејтин, од солта и да се згмечи малку жолчката со вилушка). Ја ставам и на помфрит, убав додаток е.