Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Може, затоа однеси го на ветеринар. Мора да се направи снимка, една нативна, една контрасна. Не можеме да тти дијагностицираме на форум. Може да биде се, може да биде во било кој дел. Затоа, мој натопол совет, не чекај.Дали постои можност да не можи кучето да врши нужда?(се надоврзувам на претходна ситуација)
Да се надоврзам на проблемот од некни. Сега потстанува, шетка, има апетит, прееска го видов мокреше, но мислам дека има проблеми со нуждата, или поточно како да е подебело во стомакот, а во задниот дел како да е подослабено..........Му давам полесна храна, има апетит но е пасивно во глобала, веројатно тоа му е од надразнестост со која се соочи претходно.
Абе децаможе ли сега јас петпари муабет да ви кажам? Прво за turvior - не е проблемот толку до староста на кучето, туку до газдата е, прво што неправилно го храниш, второ што не го носиш на вет. наместо што џабееш пред компјутер. Кучето ти е пензионер,и како такво има послаба перисталтика на цревата плус што со начинот на кој се храни,често има шокови низ целиот дигестивен тракт, така да право чудо е што досега цревата и желудникот не му се врзале во кукулче. Со тоа коските на тоа старо куче најверојатно сте му направиле запек, и ако не го однесеш на вет набрзо, може да се искомплицира со ред комплицирани медицински заврзлами (мегаколон,руптури, хернии.....). Ако неможе кучето да се искака дома можеш да пробаш сам да му дадеш само малку ладно млеко од фрижидер или сладолед, за да му помогне да се искака, а друго ако не знаеш не пробувај сам. Затоа имаш ветеринари.
Не ми е намерата да те навредам, туку ти кажувам да бидеш малку поактивен ако веќе сакаш да му помогнеш на кучето и најбитно да викнеш или да отидеш на ветеринар, оти дијагноза прецизна на форум без преглед и видување може да ти даде само Баба Ванѓа. Најчесто луѓето не се свесни дека со тоа ,,ај ќе почекаме уште некој ден, па ако не му помине ќе го носиме на доктор,, си прават само додатни компликации и трошоци.
Второ, за darkobt - кучето во период на најинтензивен раст си го храниш практично со слама, не му требаат витамини туку му фали храна. Со миљор кане само за да ја одржи телесната маса треба да му даваш не 350 грама дневно поделена на три оброци, туку трипати дневно по 350 грама, оти таа нема голема хранлива вредност, и пази тоа е само одржување а каде е тука растот и развојот? Прво што треба да направиш е или да ја фрлиш таа храна или потроши ја што побрзо, давај му поголеми количини заедно со витамински додаток, оти и со витамини не е јака таа. После, или купи некоја од гореспомнативе појаки храни или друга опција - месо, леб и готвена храна (не вашата домашна).Не само што расте, ако е надвор, кога ќе се излади времето, најголем дел од енергијата од храната ќе ја троши да се стопли, така да мораш да го храниш на начин кој сите тие потреби ќе ги покрие или попросто - појака храна.
Еден совет ако не ви пречи, од долгогодишен кучкар - освен ако не користите екстра енергетски или посебни ветеринарни храни,никогаш не се водете по упатството напишано на вреќата за дозирање на храната, тоа е само генерално водило, не значи дека таа доза е буквално за секое куче. Мислете со своја глава и според ефектот што го гледате - ако слабее кучето со пропишаната доза, значи дека не му е доволна, ако се дебелее, значи треба да се намали. Особено кај храните со послаб квалитет - да, на вреќата можеби ќе пишива дека пропишаната доза треба де е пример 300 или 500 грама, ама реално, за да не губи на тежина на кучето би му требале можеби 700 или 900 грама дневно.
друг пример од твое кажување - често пиење вода може да е знак на висока температура - можна инфекција, проблеми со бубрези, црн дроб... имаш тука премногу опциибидејќи начесто потпивнува
Ти зарем сега дозна дека SaltNPepa e во Словенија ? Заборавив да ти кажам на изложбатаВидиш мајката,отиде во словенија и не се пофали ништо.Чекам пофалби,било тука на форум било на фб![]()
Друже, да ти дадам совет од моето долгогодишно кучкарско искуство, џабе ти се сите витамини на светов доколку го храниш кучето со ѓубре ... без навреда али Miglior Cane е тешко ѓубре ... една од најнеквалитетните храни на нашиот пазар, со пренизок процент на протеини (од растително потекло) и пренизок процент на масти, а за месо да не правам муабет, во таа храна нема месо туку месни преработки.Имам златен ретривер кој е веќе 5 месеци, во последните неколку недели многу ослабе пробав со секакви витамини ништо не помага, иначе го хранам со milor cane
Колега, ги прочитав сите твои постови во врска со проблемот, па еве го цитирам твојот прв пост во кој што ја опиша ситуацијата со твоето куче.Aj да прашам и тука да не знај некој.
Пред скоро месец дена кучево имаше проблеми,така цел ден лежеше, не сакаше да се придвижи да се помести, и кога ќе станеше само се напнуваше како да сака да изврши нужда. Назад на крзното како да имаше малку крв, па го прашав братучед ми што може да е проблемот. Ми рече дека веројатно е затровано, му кажав што му дадовме да јади (коски од пилешко стари 3-4 дена кои ги донесе баба ми) па рече дека од тоа му е , да му дадам аналгин и парацетамол. Тоа и сторив и за ден два кучево се накрена, му се заарни.
Еве денеска гледам како да има сличен проблем. Пасивно е, исто се напнува за нужда кога ќе стани, идентична состојба како пред месец. НЕ сака да јади ништо како да има гадење, ни млеко, ни месо дури. Да напоменам само сабајле му дадовме свинско месо со коски, јадеше тогаш.
Не можам ни апчиња да му дадам нурнани кроз кренвишла. Старо е има околу 10 години, но не сакам да верувам дека во староста лежи проблемот.
Има некој тука од поискусните имам проблем со маченцето .. ПОМОШ
--- надополнето: 6 ноември 2013 во 01:24 ---
Апдејт- Заспа на креветот, незнам многу чудно..... се надевам дека е добар знак штом заспа... ваљда ногата му е повредена, пред недела дена предната нога му беше повредена па го носев на ветеринар, но ме чуди оти си беше дома без да криви од еднаш го симнав од креветот и почна да мјаука и да криви... ме уплаши ... сега нема да спијам ќе го пратам... се буди еве го се лиже моментално.... и пак спие....
Не дојде до ветеринар фала богу, прво станување сабајле отиде у лов на скакулци во дворШто ти кажаа на ветеринар? Му ја снимаа ногата? Имаше скршиница, што?
Значи редно е да посетите ветеринар под итно, животинчето ти е дехидрирано!Значи веќе трет ден има пролив, воглавно црна и темнозелена боја. Му се случувало да има таков, али еднаш и толку. Сеа веќе три дена само тоа, одбива да јаде, т.е. јаде многу малку, сува храна не сака ни да помириса.
Обично коа му се случувало така сум му давал кисело млеко (кое сеа го повраќа) и сум го пуштал да „пасе“ трева и му минувало.
Совет? Инаку релативно старо е, неполни 10 години има.
Значи редно е да посетите ветеринар под итно, животинчето ти е дехидрирано!
И да му дадеш вода не знам колку ќе помогне. Не знам од форум што е проблемот, мора ветеринар да го погледне. Ако јаде јогурт и млеко давај му, само не знам колку тоа би го рехидрирало и дали ќе биде доволно. Потегли му ја кожата на вратот, ан горниот дел па напиши ми дали бргу се враќа во првобитна состојба. Ако можеш измери му температура.До утре нема шанси за ветеринар.Совет да му дадам нешто, течности или? Киселото млеко (т.е. попарата) од денеска уште не го повратило, вчера веднаш го повраќаше.
И да му дадеш вода не знам колку ќе помогне. Не знам од форум што е проблемот, мора ветеринар да го погледне. Ако јаде јогурт и млеко давај му, само не знам колку тоа би го рехидрирало и дали ќе биде доволно. Потегли му ја кожата на вратот, ан горниот дел па напиши ми дали бргу се враќа во првобитна состојба. Ако можеш измери му температура.