Од Скопје до Штип ќе се патува половина час

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување
Батка. Кисела вода е посебна приказна.
Никогаш не сум живеел таму ама до пред некое време ми беше омилена населба.
Греота е и за жалење то што ви го напраија со зградите. Вас 10 надвозници и подвозници, не ве вадат.
Висечки воз да ви стаат па ви е џабе.
не е моја населба- за среќа:)
туку како пример ја наведов- најзаслужен им е оној марјан ѓорчев- таков градоначалник преку седум планини и седум долини да бараш нема да најдеш- уникат :pos: кој веројатно и ќе биде награден по македонски- н а некоја повисока функција -само заради тоа што ја докрајчи општината -
но темата е сосема друго, така да јас се изјаснив неколку поста понапред -
 
Градоначалникот на Свети Николе, Зоран Тасев, за „Нова Македонија“ ексклузивно открива дека на рутата на новиот автопат Скопје – Штип, кој наскоро ќе почне да се гради, веќе има локација за нов модерен град на површина од 406 хектари. Во проектот во кој е вклучена и Владата се планира елитна населба на 600 метри надморска висина, во шума, која ќе биде на 20-минутна оддалеченост од Скопје и ќе биде магнет за многу скопјани да живеат во еколошка и чиста средина, пишува Нова Македонија.



ПОКРАЈ МОДЕРНИОТ АВТОПАТ СКОПЈЕ – ШТИП ЌЕ СЕ ГРАДИ ЕЛИТНА ЕКОЛОШКА НАСЕЛБА

Педесет години по катастрофалниот земјотрес, на Скопје, кое прерасна во мегалополис, му треба да здивне.
Политиката на масовна миграција село – град ја пренатрупа со урбан простор и станбени згради метрополата, па современиот начин на спокоен живот на периферија, а сепак блиску до градот, сѐ повеќе се наметнува.
Со најавата на новата модерна сообраќајница Скопје – Штип преку Свети Николе на комплетно нова траса, преку Миладиновци, може да се реализираат две дамнешни желби на урбанистите. Скопје да добие алтернативна „спална соба“, сателит-град, модерна урбана населба на дваесетина минути оддалечена од главниот град, која ќе нуди мирен семеен живот во уреден простор, а во исто време цела источна Македонија да се поврзе со главниот град.
„Да, да, токму така, овој нов пат што ќе нѐ поврзе со метрополата, но кој ќе биде и најкуса и најбрза патна врска и на Скопје со источниот дел од Македонија, веќе 70 години го посакуваме и го чекаме да се реализира.
В година се полнат седум децении од ослободувањето на Македонија од фашистичкиот окупатор во 1944-та и обновата и изградбата на државата потоа, од кога во желбите, надежите и соништата на луѓето од овие краишта е модерна сообраќајна комуникација со главниот град“. Ова се само некои од коментарите на луѓето во источните региони на државава по најновите информации конечно да се реализира толку посакуваната модерна патна сообраќајница што ќе ги поврзува Скопје и Штип, преку Миладиновци и Свети Николе. Токму од тие причини и ги посетивме првите луѓе, градоначалниците на двете општини, да ги слушнеме нивните очекувања, планови и замисли со изградбата на новиот автопат.

Децениски копнежи

- Дури 550.000 километри изминав за последните 10 години на релацијата Штип -Скопје, и обратно, како директор на Бирото за лекови – вели Илчо Захариев, градоначалник на Штип, до пред последните локални избори „на привремена работа во главниот град“.
Автопатот е придобивка за цела источна и југоисточна Македонија, прв автопат во овој дел на државата, кој ќе го скрати патувањето до Скопје на половина час и ќе донесе огромни заштеди и за фирмите и за граѓаните, ќе овозможи безбедно патување, но и шанса за економски развој и преродба на овој регион.
Бидејќи источна и југоисточна Македонија се земјоделски краишта, транспортот ќе биде побрз кон Скопје, но и понатаму кон Србија. А во овој дел на државата навистина е запоставена инфраструктурата, велат нашите соговорници.
- Автопатот Миладиновци – Штип не е придобивка само за Штип туку и за Радовиш, Струмица, Ново Село, Кочани, Пробиштип, Свети Николе, Виница, Берово, Пехчево, Македонска Каменица… И за цела источна Македонија. Треба да сме среќни што по три години ние и нашите деца во иднина ќе возиме по еден таков модерен автопат, преку кој до аеродромот „Александар Велики“ ќе патуваме за помалку од 20 минути. А луѓето што работат во Скопје, но и тие што се ангажирани во Штип, нема потреба повеќе да земаат станови во едниот или во другиот град. И тоа е голема придобивка – вели Захариев.
Според него, едноставно сите патишта следните четири години ќе водат кон Штип, градот на модата, во кој генерации го чекаа овој пат. И еве го добиваме, и тој ќе овозможи Штип да се прероди, а ние имаме страшна енергија тоа да го направиме, вели тој.

Слична, ако не и уште посилна возбуда во врска со новиот автопат владее и во Свети Николе, кое е второто по големина населено место на неговата траса.
- Оваа инвестиција е од есенцијално значење, која ќе нѐ врати на вистинскиот колосек и ќе ни овозможи пристап до главниот град. Комуникациски во иднина ќе бидеме едно од местата до кои најбрзо ќе се стигнува до Скопје. Многу светиниколци ќе можат да ја најдат својата среќа во главниот град. Но, и обратно, бизнисмените од Скопје, а и странските инвеститори, ќе можат да си најдат свое место во Свети Николе – вели Зоран Тасев, градоначалник на Свети Николе.

Нов модерен град

Тој првпат открива дека покрај Свети Николе ќе никне нова урбана населба, атрактивна за оние што сега живеат, работат или секој ден патуваат до главниот град.
- Патот ќе биде многу добар поттик за сите бизнисмени да дојдат. За таа цел првпат ќе откријам за вашиот весник дека почнавме и со изработка на нов генерален урбанистички план на градот, а ги менуваме и многуте детални урбанистички планови – набројува Тасев, кој во своето пријатно изненадување за нас ја нуди информацијата дека на рутата на автопатот веќе има локација за нов модерен град на површина од 406 хектари, проект во кој, вели, е вклучена и Владата.
Во овие рамки се планира да се почне со изградба на современа населба, на идеални 550-600 метри надморска висина, во шума, до делот на атарот на селото Малино.
- Тука планираме да правиме една елитна населба, која е еднакво оддалечена и од Свети Николе и од Скопје. Плански локации за винарници со типски и плански објекти и инфраструктура. Почнавме со подготовки да направиме 3Д-анимација, со сите елементи и веруваме дека тоа ќе биде магнет за многу скопјани, во една еколошка и чиста средина. Оттука луѓето за 20 минути ќе се најдат во главниот град, а ќе живеат во една еколошки чиста и мирна природа – истакнува Тасев, кој вели и дека близу Свети Николе ќе биде и идниот карго-аеродром, па треба да се размислува и за локации за центри за пакување и за преработувачки центри околу него.

Тој најавува и шведска иницијатива за фабрика за цврст отпад за производство на електрична енергија и преостанати продукти од отпадот. А со изградбата на автопатот, вели, ќе се качат цените на недвижнините во овој крај, во кој се реализираат и други патни делници, како патот Свети Николе – Пробиштип, при што со поврзување на селата Мечкуевци и Куково со асфалтен пат во должина од пет километри се скратува на пола сегашната предолга патна комуникација од дури 67 километри.

Да се спојат Штип и Свети Николе

Идниот, долгоочекуван автопат веќе побудува и други иницијативи, кои најавуваат и потреба од посеопфатен пристап, до кој сигурно е ќе мора да се дојде и низ стручна расправа. А тоа е идејата дека Штип и Свети Николе треба да бидат еден град и време е да почне да се размислува за реална регионализација, односно за реално окрупнување на градовите според современите светски стандарди.
Ваквата идеја ја пласира и умешно ја елаборира и брани Јордан Ѓорчев, поранешен градоначалник и актуелен директор на меѓународниот славјански институт „Гаврило Романовиќ Державин“ во Свети Николе.
Ѓорчев во својата авангардна визија Штип и Свети Николе ги гледа како една единствена урбана целина.
- Според сите постојни елементи тие тоа и се – вели нашиот соговорник, кој истакнува и дека меѓу двете општини е најавена изградба на карго-аеродром, а двата града се споени и со комплетна патна и железничка инфраструктура, која минува низ рамен терен. Кон ваква можност водат и активностите на Владата за изградба на модерен автопат од Скопје преку Миладиновци и Свети Николе до Штип, каде што веќе се гради и индустриската зона, на која во иднина ќе ѝ требаат над 10.000 работници. Двата града се оддалечени само 25 километри еден од друг и ги имаат сите просторни можности да се спојат, зашто меѓу нив стои на располагање терен рамен како тепсија.
- Оттаму, природно му доаѓа регионалниот центар да се шири кон Свети Николе, а овој град, пак, кон Штип. Двете општини имаат близу 80.000 жители, а на заедничкиот простор ќе постои еден град со над сто илјади жители, со можност покрај станбени населби, да се градат и поголеми концертни сали, стадион, хотели, паркови, аквапарк, спортски центар со сите содржини. Сегашната практика, секој град на оддалеченост од само 25 километри да гради сѐ во својот атар е ирационална – појаснува Ѓорчев, за кого ова е шанса и можност овој простор лесно да стане јадро на една урбанистичка целина.
По патот преку Миладиновци до Свети Николе и новиот град ќе се стигнува и за нецели триесетина минути, а до Штип за десетина минути повеќе. Од друга страна, Скопје станува пренаселена метропола, но, како што веќе се изјаснија футуролозите, поради инфраструктурните и други ограничувања без можност да биде милионски град. Идејата за градовите-сателити е луѓето да можат да живеат во нив, а преку брзи патни комуникации да одат на работа во големи, но блиски градови, смета идејниот автор на оваа замисла, кој се залага урбанистите и планерите, како и локалните власти на двата града, но и централната власт во државата, да му посветат внимание на ова решение. Притоа заеднички ќе се согледаат сите негови добри и лоши страни за да се избегнат непотребните трошоци, а сепак да се постигнат квалитетна реализација и максимално добра и ефективна урбанистичка целина, за која токму новиот автопат ќе биде нејзина сообраќајна, комуникациска оска.
Оваа футуристичка идеја, за која вреди и ќе мора да се размислува, на некој начин ја дополнува и штипскиот градоначалник.
- Штип, Карбинци, Свети Николе и Пробиштип се еден квадрат на градови, кои мора да бидат поврзани структурно со добра патна и друга сообраќајна инфраструктура. Имаат и заеднички водовод, хидросистемот Злетовица, доста се компатибилни во економијата и земјоделството и можеме само да се надополнуваме – нагласува Захариев.

Автопат со шест ленти

Новиот автопат, чија вкупна должина на делницата Миладиновци – Свети Николе -Штип е 47 километри, ќе има шест ленти и по него ќе може да се вози со брзина од 120 километри на час. Веќе е подготвена комплетна ревидирана проектна документација за изградба на автопатот, кој е поделен на две делници, првата: Миладиновци – Свети Николе во должина од 26 километри, која ќе се изведува на комплетно нова траса во две коловозни ленти, и втората: Свети Николе – Штип, со должина од 21 километар, на која ќе се изведува еден комплетно нов коловоз, а постојниот ќе се реконструира и проширува на профил за автопат. На трасата на новиот автопат Штип – Миладиновци веќе е почната постапката за пренамена на земјоделското земјиште во градежно и за експропријација на приватните имоти во општините Свети Николе и Штип, а оваа подготвителна активност е веќе силна потврда за нивните жители дека оваа долго посакувана сообраќајница конечно ќе стане стварност.

Штип го менува ликот

- Тука е индустриската ТИРЗ-зона, која е најголема во државата, тука е „Џонсон контролс“ и ние со новиот пат ќе дадеме максимална логистика и ќе бидеме целосно во функција на таквите инвеститори. За таа цел во меѓувреме и го средуваме градот, како и главните пристапни патишта и внатрешните улици, а и целиот град го менува својот лик. Очекуваме наскоро да почне и гасификацијата кон Неготино, што минува крај Штип, па и тоа е наша придобивка. Впрочем, како и главниот далновод кон Бугарија, кој исто така е во Штип, а и „Лукоил“ ја има својата база во Штип, што значи имаме и солидна енергетска основа. Од ЈП за државни патишта сме известени дека наскоро ќе почне ревитализација на патот Кадрифаково – Велес, што е уште една добра врска со централна Македонија, а исто и патот Радовиш – Штип, што значи целосно поврзување со најмодерни сообраќајници. И, не само тоа! Штип е и универзитетски град со 15.000 студенти, кои сега побрзо ќе пристигнуваат до градот – истакнува градоначалникот Илчо Захариев.

Градоначалникот на Свети Николе, Тасев, смета дека новиот пат дефинитивно ќе го смени ликот на општината, а и нејзиниот развој ќе оди многу побрзо и подинамично. Сега од сообраќаен аспект сме еден вид слепо црево – железничката станица ни е на девет километри од градот, а секој што патува за Велес и Скопје или преку Куманово го одминува Свети Николе. Воопшто не сме добро поврзани и со околните места и од тие причини и немаме автобуски патнички линии. Ќе се отвори за изградба на приватни објекти. Рутата на автопатот минува крај идниот карго-аеродром, а тука ние имаме чисти 63 хектари слободна површина, од кои планираме да направиме економска зона. Ги почнавме подготовките и веќе досега сме продале 27 хектари, на пример, на холандски инвеститор за изградба на една од најголемите печуркари во југоисточна Македонија, а друга холандска фирма гради оранжерии – нагласува Тасев.
Италијанската компанија „Зара цереале“, која се занимава со производство на земјоделски производи и сточна храна, наскоро ќе реализира своја инвестиција во општината Свети Николе од најмалку три милиони евра, како почетен капитал. Италијанците веќе закупиле 8.000 квадратни метри покриен простор за инсталирање на машините, со кои ќе се изработуваат сточните пелети во поранешните магацини на „Макпромет“, или некогашен „Магро“, а
сакаат да закупат и три-пет хектари земјиште во светиниколскиот регион за своите откупни и производствени фабрички капацитети. А во овој индустриски дел во градот тука се и МИК, „Агрија“, бившата „Овчеполка“…

Превземено од Н. Македонија
 
Ги слушате ли , во 2014 ќе почнат со изградба , две автопатишта одеднаш , Скопје-Штип , и Гостивар-Охрид. :cautious:
 
Ги слушате ли , во 2014 ќе почнат со изградба , две автопатишта одеднаш , Скопје-Штип , и Гостивар-Охрид. :cautious:

ГОСТИВАР - ОХРИД? :eek: Дали тоа конечно ќе го направат автопат делот на планината (Стража)? Ако може да ми дадеш некој линк од извор, или пак како би изгледало тоа?
 
Веќе почнатиот и запрен Велес-Прилеп дали некогаш ќе се доработи?
Јас искрено во овој проект верувам колку во проектот на Бандини во Љубаништа.
Делницата Велес-Катланово кога ја возам си ја плачам колата, тие 20 км неможат да реконструираат, не па нов автопат да пробијат и тоа со 6 ленти. Грујо лажеш, лажеш исто како што излага за Јужен Тек.
 
Веќе почнатиот и запрен Велес-Прилеп дали некогаш ќе се доработи?
Јас искрено во овој проект верувам колку во проектот на Бандини во Љубаништа.
Делницата Велес-Катланово кога ја возам си ја плачам колата, тие 20 км неможат да реконструираат, не па нов автопат да пробијат и тоа со 6 ленти. Грујо лажеш, лажеш исто како што излага за Јужен Тек.


Па до некни што се вика се правеше Катланово - Велес. И тоа ли е лошо?
Плус овој автопат преку Св. Николе ќе се гради 100%. Има проблеми со експропријацијата, не можеш туку-така да му откупиш на некој земјиште поради повисоки државни потреби.
Не верувам дека во 2014 ќе започне, ама за 3 години сигурно треба да биде во поодмината фаза
 
Веќе почнатиот и запрен Велес-Прилеп дали некогаш ќе се доработи?
Јас искрено во овој проект верувам колку во проектот на Бандини во Љубаништа.
Делницата Велес-Катланово кога ја возам си ја плачам колата, тие 20 км неможат да реконструираат, не па нов автопат да пробијат и тоа со 6 ленти. Грујо лажеш, лажеш исто како што излага за Јужен Тек.
ние сме едина земја каде што автопат се прави со години. Во Јапонија после цунамито за пет дена автопатите им беа реконструирани како ништо да не се десило. И после не не примале нигде, кој сака да прими вакви неспособни...
 
Па до некни што се вика се правеше Катланово - Велес. И тоа ли е лошо?
Плус овој автопат преку Св. Николе ќе се гради 100%. Има проблеми со експропријацијата, не можеш туку-така да му откупиш на некој земјиште поради повисоки државни потреби.
Не верувам дека во 2014 ќе започне, ама за 3 години сигурно треба да биде во поодмината фаза
Не Катланово-Велес, туку зборувам за Велес-Катланово
 
Не Катланово-Велес, туку зборувам за Велес-Катланово


Ne сфаќаш.... Сакам да кажам дека до скоро ја правеа таа, зарем очекуваше веднаш да ја почнат и обратната насок...
 
Ne сфаќаш.... Сакам да кажам дека до скоро ја правеа таа, зарем очекуваше веднаш да ја почнат и обратната насок...


Со оглед дека земаат огромни пари само од патарините,зошто да не?Само тие пари одамна се таксани за други џебови,мерцедеси,Јети,гомна итн.
 
Почнува изгрдбата на два нови автопати во земјава. Владата ги усвои законите со кои се утврдуваат услови за грдаба на автопатот Штип Скопје преку Свети Николе и Кичево Охрид. Првиот е со должина од 53 километри, а изгрдбата ќе чини 206 милиони евра. Вториот е со должина од 57 километри, а цената на чинење изнесува 374 милиони евра. Парите се обебзедени преку кредит од кинеската Ексим банка под многу поволни услови.
– Македонија е првата држава која што ќе успее да искористи дел од оваа кредитна линија и целата постапка што е водена од тогаш до сега, односно траеше долго една година, е водена целосно во согласност со меѓународните договори што ги имаме потпишано со Народна Република Кина, но истите дополнително беа засилени од наша страна со цел да се обезбеди поголема транспарентност и поголема конкурентност во процесот со цел да дојдеме до поевтина и што поатркативна понуда за изградба на овие патиштата, рече вицепремиерот Владимир Пешевски.
По долги преговори, Владата успеа да издејствува максимална вклученост на македонските компании во изгрдбата на двата автопати што ќе биде силен поттик за градежништвото, но и другите стопански гранки во земјава.
Министерот Јанакиески информира дека главниот изведувач на градежните работи ќе биде должен да ангажира подизведувачи од Македонија за најмалку 49 проценти од предвидените работи, а исто така и да набави најмалку 49 проценти градежни материјали од Македонија. Изведувачот и подизведувачот во тек на изградбата треба да ангажираат минимум 51 процент македонски државјани.
- Ова значи нови работни места за македонските граѓани и многу работа во градежниот сектор во наредните четири години, рече Јанакиески.
Со усвојувањето на законите и официјално почна процедурата за реализација на проектот за изградба на автопатите за коишто постапката почна во март минатата година на средбата на македонскиот и кинескиот премиер. Тогаш македонската Влада беше информирана дека кинеската држава има ставено на располагање 10 милијарди долари за изградба на инфраструктурни проекти во Источна и Централна Европа.
Првиот автопат што ќе се гради на релацијата Скопје-Свети Николе-Штип ќе чини 206 милиони евра, а автопатот Кичево-Охрид 374 милиони евра. Во договорт има и одредба со која се предвидени десет проценти за дополнителни непредвидени работи.
Проектот, како што рече Пешевски, ќе биде финансиран десет проценти со пари од македонската Влада, 90 проценти преку исклучително поволен кредит од страна на кинеската Ексим банка.
- Условите на кредитот се навистина многу атрактивни. Се работи за кредит со рок на враќање од 20 години, пет години грејс период и каматна стапка од само 2 процентни поени на годишно ниво, соопшти Пешевски.
Со изградбата на автопатите, оцени Пешевски, се дава импулс во неколку сектори пред се стимул за градежништвото што ќе биде директно вклучено во неговата реализација, но ќе значи голем импулс и за туризмот.
- Ќе овозможи полесно поврзување на целата држава, ќе значи поддршка на локалниот економски развој, и пред се полесно патување за граѓаните до центарот на градот и до главните туристички центри пред се до Охрид и се што значи поврзана индустрија со оваа автопатна инфраструктура, рече Пешевски.
Според него, со реализацијата на овие инфраструктурни проекти, но и со претходно почнатите Владата очекува државата да има уште повисоки стапки на раст на економијата и подобар животен стандард за граѓаните.
Министерот Јанакиески информира дека автопатот Скопје-Штип ќе биде во должина од 53 километри со ширина од 29 метри, односно ќе има по две коловозни ленти од двете страни и една дополнителна лента за застанување. Рокот за изградба на таа автопатска делница е три години. Автопатот Кичево-Охрид, пак, во должина од 56,7 километри, ширина од 27,5 метри, треба да биде изграден за 45 месеци.
- Реализацијата на овие проекти има за цел унапредување и развој на патната инфраструктура и се едни од покрупните проекти во нашата програма, за постигнување и зголемување на стандардите во делот на патниот сообраќај и побрз и побезбеден транспорт, рече Јанакиески.
Владата, додаде, паралелено работи на изградба на автопатската делница од Коридорот 10 Демир Капија-Смоквица со финансии во износ од 220 милиони евра, а во тек е постапката за ангажирање градежна компанија за рехабилитација на патниот правец Велес-Катланово.
- Овие инвестиции заедно со изградбата на обиколницата, и на патниот правец Табановце-Куманово, ја покажува заложбата на Владата за подобрување на патната инфраструктура, посочи министерот за транспорт Миле Јанакиески.
--- надополнето: 10 октомври 2013 во 19:04 ---
Aко го реализираат ова со автопатот Штип - Скопје... ВМРО не губи во источна Македонија наредни 10 години, реално.

ОЧАЈНО е потребен автопат на оваа релација
 
Него муабетот ми беше каков е тој автопат со максимална проектирана брзина од 100 км/ч?За 16 годишници да учат возење по отворен пат?
Screenshot_3.png

Screenshot_4.png
Одам да се напијам две чаши нафта, нешто виното не е интересно овие дена :cautious:
 
Него муабетот ми беше каков е тој автопат со максимална проектирана брзина од 100 км/ч?За 16 годишници да учат возење по отворен пат?
Прегледај го приврзокот 76426

Прегледај го приврзокот 76427
Одам да се напијам две чаши нафта, нешто виното не е интересно овие дена :cautious:


Па како на автопатот Скопје-Велес после Катланово,кај тунелите има ограничување од 70-80 km/h.Патот е со опасни кривини и непрегледен.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom