Од Скопје до Штип ќе се патува половина час

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување
Колкав е ПГДС на релациите Кичево-Охрид и Куманово-Крива Паланка?
Н
Aко мојш да ја разбериш мапава :confused: Јас уште не можам да го сфатам значењето на розе бојата на Охрид - Ресен, Струга - Ќафасан, Битола - Меџитлија и дел од Велес - Штип, исто и црната на Петровец - Св. Николе, Маврово - Галичник, Бошков Мост - Центар Жупа или Желино - Јегуновце :вонзем:
MK%20KARTA%20golema.jpg

А според логикава поназад, ако ПГДС=15.000 е некој минимален праг за рентабилен автопат општо (освен ако не е конкретно за СК-СН-ШТ), тогаш и Велес - Скопје е непотребно со моменталните 9.500...ама ај да не им даваме аргументи на тутуруткине во министерство :mad:

Ако добро се сеќавам, нели викаа дека локалните патишта биле покористени.Или се смена нешто во меѓувреме?Инаку и за Гостивар - Охрид после откажувањето лани, почнаа ветувања особено последниве 2-3 месеци... кај и да е ќе почнат - сигурно !:pos:
 
Честичката ќе кога ќе ја видам во било кој проект - ми се темни моментално и не продолжувам понатаму со читање
тие ја решија поврзаноста на населбите скопски- па сега ЌЕ планираат за овчеполието:pos: земете за пример - само нас.Кисела Вода која просто, брзо и без многу инвестиции .може да се поврзи со стар Аеродром - ем сообраќајот ќе се растерети, ем времето на патување драстично ќе се намали.Со само еден надвозник или подвозник на железничката пруга - Амааааааааа- они се преориентираа сега кон автопати- а народот нека заглавува во гужвите и нека врти надолж и попреку да стаса некаде
 
Автопат Скопје-Штип не може да има според ПГДС(просечен годишен дневен сообраќај). Треба над 15000 возила дневно за да оваа инвестиција биде економски оправдана. Така да не верувам во неговата реализација во поскоро време.
Обиколницата околу Скопје има 300 возила дневен сообраќај па која е нејзината оправданост.

Штип Скопје ако се изгради ќе биде еден од најфекфентните патни правци во Македонија .

Еве карта на фрекфенција на возила малку е од поодамна.

PGDS%201998.gif
 
А според логикава поназад, ако ПГДС=15.000 е некој минимален праг за рентабилен автопат општо (освен ако не е во конкретно за СК-СН-ШТ), тогаш и Велес - Скопје е непотребно со моменталните 9.500...ама ај да не им даваме аргументи на тутуруткине во министерство :mad:

Затоа одредени патни правци (поврзувањето со Албанија и Бугарија) може да бидат субвенционирани од државните фондови, по принципот пола/пола учество во средствата со приваникот, па така бараните ПГДС ќе паднат на 7.500 кои се колку-толку достижни.
 
:pos:Ај не. И ние Велешани имаме автопат од Велес до Прилеп онака предизборен автопат. Така да и овој ЌЕ биде изграден во некој паралелен универзум.. ма и тогаш нема. Ама предизборие што ќе праиш, мора ветер и магла да се продаде, ништо не мине без тоа.
 
Аман бе ја унаказивте темава со факултетиве! :ROFLMAO:
Дај нека каже некој колку ќе ми го платат квадратот!!!!!!!

Незнам тоа,ама моја препорака ти е да садиш дрва...гоолеми дрва. Ораси,бадеми,лешници и сл. Кај и да е за едно 20 год ќе пораснат,а тогаш и ќе почне изградбата највероватно.
 
Одлично ќе се намали времето од 40-50 на 20-30 минути
--- надополнето: 25 февруари 2013 во 21:11 ---
Фино бе,ај нека биде.. Него друго ми падна у очи..ебате модерниот автопак на кој максимална дозволена брзина е 100-120.. У понормални земји по модерните автопатишта брзината (дозволена) е поголема. Денешниве коли се брзи и со таа брзина имаш чувство дека се возиш со фиќо.
Во новиот ЗБСП максималната брзина на авто пат е 140km/h.
Проблем е што информативните табли не се сменети
 
А да го направеа прво автопат патот Скопје - Охрид комплетно, бидејќи Охрид е главна туристичка дестинација во Македонија...:coffee:
 
Има голема потреба од ваков пат, да се надеваме дека ќе напраат нешто...
 
Додека сум во филмов автопат, ќе има ли од Штип за Струмица како една делница која е доста опасна за возење, а има голем проток на сообраќај?
 
Честичката ќе кога ќе ја видам во било кој проект - ми се темни моментално и не продолжувам понатаму со читање
тие ја решија поврзаноста на населбите скопски- па сега ЌЕ планираат за овчеполието:pos: земете за пример - само нас.Кисела Вода која просто, брзо и без многу инвестиции .може да се поврзи со стар Аеродром - ем сообраќајот ќе се растерети, ем времето на патување драстично ќе се намали.Со само еден надвозник или подвозник на железничката пруга - Амааааааааа- они се преориентираа сега кон автопати- а народот нека заглавува во гужвите и нека врти надолж и попреку да стаса некаде

Батка. Кисела вода е посебна приказна.
Никогаш не сум живеел таму ама до пред некое време ми беше омилена населба.
Греота е и за жалење то што ви го напраија со зградите. Вас 10 надвозници и подвозници, не ве вадат.
Висечки воз да ви стаат па ви е џабе.
 
Батка. Кисела вода е посебна приказна.
Никогаш не сум живеел таму ама до пред некое време ми беше омилена населба.
Греота е и за жалење то што ви го напраија со зградите. Вас 10 надвозници и подвозници, не ве вадат.
Висечки воз да ви стаат па ви е џабе.
Абе Кисела Вода е отидена веќе одамна, со тоа несоодветно градење кај се стигне... Ама сообраќајот може да се растерети преку пругата, а да не се кружи километар и пол, за до Аеродром...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom