Ваша поезија!

Sun Day


Види, изгреа сонцето
но, дали сите добија бакнеж утрово?
Или само клоца
од својот партнер
а можеби и клоца од бебето
во стомакот на мајката
која се буди секое утро
со нагони за повраќање
и сака да го роди што побрзо
сонцето
што грее за сите
но, лузните различно изгледаат
во сенка и под лупа
и застанувам.
Нема враќање.

Со слушалки на уши
градов ми е поубав
а Стинг кога ме врти околу малиот прст
пеам против конзумеризмот
и купувам осминка бурек
бурек со месо а не со пица
(бурекохулие на векот)
и го оставам на светлото на денот
за да ме освои ко отоманска империја.

Им пратив на другарките порака
"Силно светнал ден"
зошто и недела силно светнува
а работното време летнува
се’ додека
не се сретнува
Лице в лице
со реалноста.

Па види, изгреа сонцето
и тоа е дом
на нашите брчки.
Во недела,
простете си себеси.
 
Види вака,
ја не чувствувам одговорност,
бидејчи до сите е дадено,
кај нотар заверено,
дека сум спремен да ги исплатам,
значи како одговорност,
кога сакам мојот удел да го платам.
Најголемиот лажач во Македонија,
Македонија не нашла таква личност и,
не, ве молам, момент, ве молам па,
нечум па ја да му останам...
...кој е па Трифун Костовски бе?
Кој му кур бизнис бе? Кој му кур бизнис?
 
Сложувалка

Таму каде што си,
каде што те барав,
ќе те најдам.

потсети ме да се сетам,
на “јас” кое те чека,
не те познава,
во секоја клетка
од мене, вибрира,
нестрпливо повикува.
земи се што немам,
многу е и кога е малку.

погледни во безредието
што царува низ редот.
одблесок на часовник
во плитките бразди,
глуми совршеност,
одѕвонува, тече, брза,
за да побрзам.
да те најдам
за да бидам сè,
во целото кое сум.

издиши за да вдишам,
да погледнам
во длабочината на
“јас” – кое те бара,
не те знае,
каде што постојам те бара,
за да се видам
за да те видам,
за да те најдам
таму каде што си,

…каде што ме бараш
да те најдам.
 
Се сеќавам на моето прво дело напишано во прво одделение.

Есен

Есента е време чудно,
ветар дува,
косите ги мрси.

По целден дождец роси,
секој од нас чадорче си носи.
:)
 
Сунѓерот Боб

Мудроста твоја форумска ја впивам како сунѓер
некогаш ми доаѓа да се скријам во бункер
кога денов ми е тапа редовно те читам
твојата генијалност бесконечна ме инспирира
песна за тебе посветив и со возбуда пишувам
не знам зошто Ацид од модераторско место те лишува
ти си форумскиот месија што толку долго го чекавме
да не избавиш од маките кои везден си ги трпиме
хуморот твој,да бев женско ќе ти дадев
секогаш расположен и весел ти ми даруваш надеж
не знам дали тролаш или вистина ни зборуваш
гледам многу хејтери но ти не ги ебаваш
велат глуп си бил ил си бил второ одделение
но јас велам батали ги ти си форумското гение
твојата елоквентост понекогаш не ја разбирам
но Бобе хеј ти сам себе не се разбираш
не е важно дал си точак или само обичен трол
кога за мене ти си форумскиот идол.


П.С.Посветена на една моја многу драга и ценета личност.
 
Зошто вратата на лифтот не оди заедно со лифтот

Зошто не?
А?
нагоре надолу, зависи што си притиснал
Од понудените бројки
кои се резултат на станбениот план и инженерската креација
која денес ме обзема
ко некоја сила
и магија
ко на Коперфилд
И што ако
носливоста е само 250 кг
а сме четворица
дали тоа ја покажува
дијаметралноста на првиот, вториот
и третиот
свет
каде има или нема
лифтови
ах, тие зандани на мојата имагинација
кои имаат посебна врата
на секој кат


Posvetena на мојот духовен лидер и ментор, Дарko Lеshoски
 
Девојка ли беше?
Еј да, девојка беше....
Што девојка ќе беше ко извор сред оаза,
празен извор сред оаза , не го бива за ништо....
Да? Оти? Жеден си.
Ќе помине, дехидратацијата е за кљошари....издржи
Кљошар сум? Или не?
А?
Ако преживеам ќе кажам, да се помочам во празнотијата оазина
да ја пополнам малку со течност
да не се саклдисам
да не поцркнам.

Песна за жеската оаза-Дарко Л.
 
„Бескомпромисното чувство наречено обратно на омраза, кое покрај другото е искомерцијализирано од секое суштество кое е подобро да не се бави со наука, не го со нешто друго - знаете за што ви зборувам“

Се сеќавам кога
Давид Трезеге играше за Јувентус
А за Франција погоди
Статива
Или пречка беше?
Во финалето
Или полуфинале беше?
Сеедно, битно нокаут фаза беше
Добри времиња беа тоа
Ох, само колку ми недостигаат
Само сакам
Да се вратат
Не мора и Трезеге да се врати во Јувентус
Ко што не мораше да му даде судијата
На Недвед во полуфиналето жолт
И да не игра во Финалето со
Милан
Една желба имам
Да видам
Нокаут фази пак
без да мислиме дека ги местат
Пред да падне мрак

5.11.2013​
 
Постапокалиптични стихови

Бевме со Пеџа989
В кафана од сабајле
Сабајлево поточно
Частеше
Тој
не јас
ваљда плата има земено
Не знам!
Зборувавме за
Трезеге
А тој ми вика: зошто Трезеге бе
Брат
Со извичник на крај
Јас му викам
не знам
На лајвскор вчера го
Гледав Јувентус
И ми текна
па така
Добри времиња
Ах!
Добри времиња
Многу трогателно
Исто
Ко си замина
Трезе - гол
А не памтат дека
Пред тоа
Играше во
Монако​
 
„Се стемни“

Како ке си одам дома
Не знам
Дали да си одам воопшто
А не е касно
Ко ќе видиш
Ова со враќање на времево
Заебана работа
универзумот си игра мајтап
Со мене
Ко со Трезеге
Од ко си ојде од Јувентус
Или не?

Има рима
Или puma

Силно светнал ден
над Хирошима, четрспетта​
 
потонувам во
зеницата на окото
што ме гледа.
гледа ништо,
а јас во него
рефлексија на
точка каде
шините се делат.

стрелките на часовникот
брзајќи да се стигнат,
одбројуваа
нечие присуство,
копнееа
по
звук на патент
на нечиј куфер.

тело претесно
за сите копнежи,
сомнежи,
прашалници,
соништа.

прегрнувам ѕидови
што сакам да ги срушам,
допирам спомен
во гнилото отсуство,

го барам ликот што
стои пред огледалото.
недовршени црти,
душа поделена,
парче таму -
парче ваму.
 
Еве една моја од средно школо

Летен распуст

Лето, лето,
топло време,
топло море, благо стање.
 
Транзит


Стрес, капки пот
задишани станици, странци и обреди
аеродром полн идентитети
а лица празни и хартии со имиња
- некој чекаме-
- тој некој никогаш не доаѓа -
или забораваме дека има уште малку
додека авионот не се одлепи од пистата,
мали пакетчиња радост
спакувани во хартија
од дрвото што го исекоа за да прошират балкони
слушам француски рокенрол
и ми студи,
срцето ѕвони.

Аларм за наредно патување
Јасна Котеска вели - се’ повторуваме
и нашите чекања, и нашите печалби
нашите потреби за искусување
или скусување?
Преголем е светот
за толку малку време
да не се обременуваме.

Мислев, ќе пораснам нагло
како после тешка болка и удар
нема ништо, уште растам
како баобаб или јасика
(омилено име на дрво ми е јасика)
тонам во Скопје
класика.

А застанав кај аеродромите
и пресечените неба од керозин
ми се прави нешто големо
а Оскар Вајлд да излезе од фотографиите
и да ме здрма ко аспирин
да го чувам срцето живо.
И да почнам нова зона
за пишување.
Леле! Ќе можам ли?
Вдишување.

(Можеби треба само
да си го помирисам пасошот)
 
И тогаш кога телото испарува, а солзата изчезнува,​
осеќаш како ноќта шепоти на твоето увo;​
како темнината го владее секој простор каде што погледнуваш.​
Темно е`.​
Се туткаш пред каминот и трепериш;​
бараш излез и надеж во прозата и поезијата.​

Жешко е.​
Прозорците се замаглиле;​
од другата страна капките пролеваат;​
небото плаче.​
Мислиш секој замав со раката векови минале!​
Татнее компнежот за минатото,​
гласот трепери,​
срцето само што не избегало од градите.​
Во раката пенкало,​
пламенот на огнот од каминот беснее на белиот лист;​
огнот пее, а буквите играат.​
Ја` празниш душата додека нежно го испушташ здивот.​
Броиш, броиш и само броиш...
Посакуваш секоја следна бројка да е почеток на крајот;​
замижуваш и замислуваш.​
Шепотиш...​
“Колку е темна ноќта без сонцето.​
Светлината ги проширува и украсува сите правци кон хоризонтот.​
Но` темнината ги згаснува сите видици;​
прекрасните убави пејсажи на животот.”​
Без разлика колку се променуваш,​
ти сеуште ја плаќаш цената за она што си го направил.​
И тогаш кога телото испарува, а солзата изчезнува,​
осеќаш како ноќта шепоти на твоето уво,​
како темнината го владее секој простор каде што погледнуваш.​
Темно е`.​
Се туткаш пред каминот и трепериш.​
Бараш излез и надеж во прозата и поезијата.​
 
Пеперутка

Те барав во
испразнети чаши,
отпушоци цигари
нурнувајќи во толпата
од непознати лица,
кои исти ми се чинеа.
Во секој судир
со рамо низ гужвата

Ме бараше
уживајќи во
превртувањето
при несоницата.
Во слатката осаменост,
измама,
студена,
сива,
како светлина од неонка.
Рапава на допир
како стакло од лифт.

Се баравме
во секое
доаѓање,
спојување,
слевајќи се
подарувавме дел од себе
на некој друг,
секој друг.

Баравме во
ладната пот
што не облеваше,
во исчекување
не знаејќи
дека ќе се изгубиме
заедно најдени
во песокта
на една пустина,
што нè проголта
некому бездна бедна,
некому спас -
преродба.
Пеперутки две -
мафтајќи со крилјата
отфрлајќи го
кожурот стар.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom