@Boomerang Доколку не користиш мобилен интернет, исклучи 3G како што ти кажа Torte. Тоа е во Settings-More-Mobile Networks-Use only 2G networks.
Екранот чувај го на Auto Brightness цело време, се прилагодува сам.
Потоа, оди во Currents, па потоа на Settings и ќе го отштиклираш Background Sync (така нешто беше), мене ми се комплетно тргнати Currents бидејќи не ги користам.
Доколку не користиш мобилен интернет, можеш да тргнеш и Google Location/Google Now (иако второво со 4.3 го нема кај нас). За Google Location, оди во Settings-Location Access и отштиклирај го третото WiFi & Mobile Network Location. Со ова гасиш следење на твојата локација за апликации (GPS работи, но има некои апликации кои постојано го следат движењето за да ти дадат некаква историја).
Последно за Google Now/Search е да потегнеш од најдоле кон нагоре на телефонот за да ти се појави Search/Now, со стрелката ја спушташ тастатурата и ќе ти се видат трите точки доле десно. Оди на нив, па на Settings, Privacy & Accounts - Google location settings и отштиклирај Access location.
Ако ти е понов телефонот, веројатно ти е мерак и го чепкаш повеќе па ти се празни батеријата повеќе. Мене практично не ми се случило да снемам батерија во текот на денот доколку сабајлето сум го извадил од штекер. Нека ти помине меракот првиве моменти, па ќе се стабилизираш со користење. Не дека му е сјајна батеријата, ама солидна е.
Ако ти треба друго нешто, слободно пиши.