Знам друже
Јас со спортска сум од 14-та година. Тие периоди кога мислеш дека немаш среќа влијаат многу негативно врз коцкарската психа. Стануваш понервозен, понетрпелв, понемарлив и тоа е баш местото кај шо сакат кладилниците да бидеш. Тогаш си најранлив и најлесно си ги даваш парите. Тие периоди мораш да ги истрпиш да се адаптираш и да промениш нешто за да излезеш од тој круг.
Пример за мене лично во периодот од јануар до април негде ( значи 4 месеца ) бев во толку лоша серија шо у рок од тие 4 месеци фатив дали 2-3 тикета. Значи се шо ставав се промашував. Константно менев начин на игра дали 3 коеф , дали 2 коеф , дали на 30 ден уплата со добивка 9000 итн. Никако не биваше. Шо е најтрагично секогаш пагав заради една и тоа нерешено на баскет, за пола поен на тип вкупно поени , со примање гол у 96 мин , ја играм 1x ,а она завршува 1:2 , тенис да не зборам колку пати само ме поебаа смешни одлуки и игри на одредени тенисери итн итн .. Никако не биваше.
Решив да почнам да играм сингл. Чекав грешки на кладилници во коеф. Пример летото играа Галатасарај - Порто пријателска , тука во Штип им даваа на Галата да даде гол 1.50 коеф. Поклон коеф за пријателска. Ја ставив сингл на 2000 , Галата даде гол од пенал. Профит 1000.
Добро е. После тоа чекаш следен таков поклон. И полека градиш банкрол. На тој начин во последните 4 месеца имам фатено околу 80 тикети и десетина пати во живо.
Имам математика кој ми вели , секоја недела да бидам барем 2500 ден во профит ( не фатени значи чиста пара после сите уплати), 4 недели * 2500 = 10.000 ден шо засега ми е основната цел. Значи не брзам, многу често играм против фаворити и тоа игри од типот underdog дава гол или азиски +1,5 коеф против фаворитот итн. Целта ми е да фатам минимум 2500 ден неделно и затоа не форсирам. У текот на цела недела има најмалку 20 типа кои лесно можеш да ги предвидеш.
И се е до коеф, ако коеф има вредност за да го одиграш ( треба да процениш според ТВОИ статистики , интуиција и искуство), тогаш го играш. Ако не го скокаш.
Зависи колкав ти е банкролот , така и се поставуваш на играње. Ако имаш 1000 евра за коцкање тогаш можеш да играш порелаксирано , пошто и да загубиш пари , не е толку страшно , оти имаш уште од банкролот и можеш да ги вратиш тие пари покасно.
Ама ако имаш 1000 ден ,малку е потешко , пошто се осеќа притисок при изборот на типот и утакмицата и тој притисок делува негативно и ти пречи. Е тука е клучниот дел од коцкањето. Изборот на утакмица и тип.
Лично мислам дека среќата нема влијание тука бидејчи ти си тој кој го избира типот и натпреварот, не ти го даваат готов и да се надеваш дека ќе ти се посреќи. Значи содруги зборови сам си ја креираш среќата. Никој друг нема влијание натоа што ти ставаш на тикетот.
Затоа релаксирано, со доза претпазливост, ладна глава , објективност и трпеливост би требало да ти тргне во коцкањето.