Па, сума-сумарум ТЕШКО НЕГО!

Казната за сите прекршочни дела сигурно му е изречена во пресудата од Основен суд, бидејќи нели кажа дека жалбата му е одбиена! За плаќањето: ако не ги плати казните, тогаш тогаш Државниот правобранител на РМ
МОРА во рок од 1 година од денот на правосилноста на секоја пресуда поединечно, да поднесе Барање за извршување до
приватен извршител за тој да ги наплати сите казни, инаку после тој рок од 1 година казните ќе застарат! И после тоа ќе се оформе предмет и извршителот ќе ЧЕКА должникот (т.е. лицето кое го сторило прекршокот) да се вработи некаде и ќе му сопира 1/3 од платата, или пак да се стекне со имот на негово име па да му го одземе (на пр. кола или сл.)! Тоа можеби ќе потрае, меѓутоа ..... на извршителот не му се брза!
Казната
мора да биде наплатена во рок од 2 години од денот на правосилноста на пресудата, инаку после тој рок од 2 години се смета за застарена!