од ова (болдот, особено црвениот) и претходниот пост каде велиш дека не живееле во пештери, ...... заклучувам дека каменото време (stone age) НЕ постоело? дека пред 8000 години сме имале се, сме го изгубиле уз пат и дека сега повторно ги откриваме нештата?
Камено дожба, бронзено доба, железно доба...
Се‘ се тоа категории и периоди кои се одредени од историчарите, за полесна ориентација низ човечката историја. Посочувањето на тоа доба како „вакво„ или „такво„ редовно е еднострано гледање на човековата историја, а таа едностраност совршено се вклопува во „модерниот„ дарвинистичко-марксистички материјализам и прогресивизам, каде нештата (нели...) биле едноставни па почначе да се восложнуваат “онака„, самите од себе...
Но, ако кажам дека каменото доба не постоело, Ти ќе бидеш првиот ќој ќе ми замериш на таа моја мисла, оти, нели, сум се дрзнал да се посомневам во догмата дека човекот живеел во камено доба, како најпримитивно, кое со тек од време, еволутивоно (нели...) почнало да се самовосложнува...
--- надополнето: 24 октомври 2013 во 15:26 ---
а и ме збунуваш, нели има само еден бог? што е ова сега со плавиот болд? од кај испадна уште еден бог?
Мамон не е кокретен бог, туку бог-идол, бог на парите, бог на материјалното богатство а не некаков жив бог.. Кој му се поклонува на своето богатство, станал мамонопоклоник.
--- надополнето: 24 октомври 2013 во 15:27 ---
и како трето, зелен болд, кој треба да биде пример за тоа? обичниот човек или учените лица? (ова само АКО е тоа така, пошто сеуште не сум го прифатил тоа јас)
Биди појасен...
--- надополнето: 24 октомври 2013 во 15:27 ---
и за последно осетив дека ми го вртиш муабетот на друга страна, и го заборави хокинс и научните “догми“. или тука остана без аргументи?
Што конкретно за Хокинг?...
--- надополнето: 24 октомври 2013 во 15:30 ---
А ако не го продаде имотот и парите му ги даде на сиромашните - тогаш ќе нема ни скровиште на небото. Јасно е кажано.
Не, не е така кажно, туку Ти така велиш: дека е така кажано...
--- надополнето: 24 октомври 2013 во 15:31 ---
Која е другата опција од “скровиште на небото“?
Првата, минималната, која Христос прва му ја наведе на парајлијата.
--- надополнето: 24 октомври 2013 во 15:36 ---
Zosto ti ne stanes monah?
Bez pari, bez imot, bez zeni.....
Sto te sprecuva vo zapocnuvanje na procesot na usovrsuvanje?
Монах не станува било кој, особено ако нема Божји призив за таков подвиг.
Имотот и парите не се никаков проблем, освен ако не станат опсесија на умот па таквиот ум ќе „...нема време....„ да мисли и на Бога, туку само на парите и на имотот.
Бог му даде на Адама една жена, не харем со жени.
Усовршувањето може да се практикува и во световното живеење, а потребна е само намера за такво нешто.
--- надополнето: 24 октомври 2013 во 15:39 ---
Мики, совршен и умрен се зборови со скоро исто значење..
...рече Bodhidharma....и остана жив.