Прво ако веќе ме спомнуваш во дискусијата, назначи ме со „@“ да знам дека си ме спомнал.
Црниот болд (намерно е дотука болдиран) си сосем во право. Се се’ сведува на две групи, трета нема, и да сакаш и да ја измислиш и да ја створиш, пак нема. Две се, или прифаќаш (и веруваш) дека бог/ови постои/јат или не.
Плавиот болд, ти ставајќи се во критизерите на догмите и религиозните прикаски сакал или не, ти се допаѓало или не, сепак си во втората гупа. Со самото тоа и ти велиш не е така, а БТВ (валда не мислеше на бугарска ТВ) велиш не е така и не нудиш никаков одговор, а ниту пак го имаш. Еден од агностичките ставови е дека не може да се спознае дали бог постои или не (овде сигурно не се мисли на конкретен антропоморфен бог) ти тврдиш дека имаш одговор т.е. знаеш, а се нарекуваш а-гностик, претпоставувам знаеш што значи буквално агностик, обратно од гносос (знаење).
Она што пак го критикуваш кај другите атеисти (можеби поинакви атеисти од тебе, но сепак ти си атеист) го правиш и ти, нарекувајќи ги религиите прикаски, догми.... (црвениот болд) и како уште не да не се враќам по твоите постови да ти ги наоѓам. Вие таканаречени трети, ни ваму ни таму, ни едни ни други, самонаречени и по ништо непрепознатливи агностици, демек скепсата те прави агностик. Не, не скепсата туку незнаењето те прави агностик, исто како што ме прави и мене, и секој разумен човек кој ги отфрлил догмите. Гностик е само пуста желба и тупкање в гради „ете јас знам“. Нема таков што знае и уште многу работи и во далечна иднина нема да ги знаеме ниту науката ќе понуди алтернатива за „креаторот“, се друго се пусти желби. Па дури и твојот ти омилен „секуларен бог“ Ричард Докинс е твоја пуста желба. Далеку е еволуцијата да ги понуди сите одговори, барем засега.
Кој на други припишува ишкање муви од главата, сам си ги ишка своите. Твоето погрешно сфаќање на атеизмот или анемозитет или пак нешто трето кон истиот нема да те направи нешто трето бидејќи тоа го нема. Да атеизмот и теизмот, но заедно и со вас таканаречени и самопрогласени трети, ќе исчезне... можеби еден ден кога ќе се откријат сите тајни на универзумот/мултиверзумот, или ќе се покаже богот, сеедно........... но дотогаш сме и тука и овде. Ќе бидеме две страни на паричка, пошто две парички нема, една е, а вие таканаречени трети ќе трчате час на едната час на другата страна од заедничката ни паричка.