Прашања до Атеистите II

Член од
25 март 2012
Мислења
8.626
Поени од реакции
5.266
Всушност, и понатаму е. Најчесто не можеме да погледнеме подалеку од сопствениот ситен интерес, за да сфатиме дека солидарноста е поприродна од себичноста.

Но никаков морал диктиран однадвор, со помош на било каква религија, не направило никого поморален, тоа е сосем сигурно. Всушност, моралот кој го наметнуваат религиите всушност паразитира врз моралот развиен како орудие за опстанок низ еволуцијата.
Со болдот се согласувам

Кога мислиш за солидарноста мислиш кон само луѓето или и кон природата?
Јас искрено човекот го гледам како себично битие, секако ако ги извадиме од него инстиктите (а ги имаме затоа што еволуцијата уште не е завршена)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Со болдот се согласувам

Кога мислиш за солидарноста мислиш кон само луѓето или и кон природата?
Јас искрено човекот го гледам како себично битие, секако ако ги извадиме од него инстиктите (а ги имаме затоа што еволуцијата уште не е завршена)
Еден мој професор велеше дека најсреќни луѓе на планетата биле Индијанците, пред наездата на варварите од Европа. Тие живееле во совршен склад со соплемениците и со природата. Се било избалансирано.

На човекот всушност многу малку му треба да биде задоволен. А најчудно е што токму тоа малку не можеме да го спроведеме.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Што е тоа главно/главни? Дефинирај го, не те сфаќам...
Твоја констатација беше нели дека ништо никој овде на земјава(елипсоид ја крсти ти) не можел да знае. Во таа насока извади неколку најбитни работи од тоа што ние овде не може да го дознаеме.
 
M

Muranyi

Гостин
Еволуцијата е процес кој нема цел и никогаш не завршува.Чисто процедурално ова.
 
Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Твоја констатација беше нели дека ништо никој овде на земјава(елипсоид ја крсти ти) не можел да знае. Во таа насока извади неколку најбитни работи од тоа што ние овде не може да го дознаеме.
Одговори на прашања од типот „Постои ли бог?“, „Кој е бог?“, „Која е природата на бог (ако воопшто постои)?“ и сл.прашања кои активните членови во подфорум „Религија“ ги ценат како есенцијални за човечката егзистенција немаат точен, рационален и докажан одговор на елипсоидов, а и како тргнале луѓево во погрешен правец (религиска задоеност и неинформираност, незнаење) и каква е нивната природа до такви одговори НЕМА ДА ДОЈДАТ.
Од друга страна истите тие прашања, прашање е што фајде би им имале и ако воопшто ги најдат точните одговори, ама ете - мислам дека на такви „главни“ мислиш.

На крајот се' се сведува на две (бројчано) посериозни групи во кои едните (религиозните) си се предаваат на некои стари приказни и својата слободна фантазија, надополнета со уште послободна интерпретација на „докази“ од за нив „нејасни“ случки да го надградат незнаењето и да дадат некакво си квази-космичко оправдување за некаков неуспех, потреба за утеха, загуба на близок и сл. и втората група која нормално се обидува да размислува потрезвено (атеисти), ги отфрла догмите, ги поставува истите прашања и на истите одговара со НЕ Е ТАКА и бтв немаат одговор КАКО Е.

Ете атеист, колку и да си ја ишка мувата - целиот концепт на атеизмот е заснован на исмејување на слабите постаменти на религиските приказни, уште послабата нивна поврзаност и купот морални искривености во нив - што го прави атеизмот „друга страна на паричката“ како што кажа ти прееска. Едните без другите не можат, а ни едните ни другите не кажуваат многу....
 
M

Muranyi

Гостин
Мислев за нас луѓето кога ќе заврши, како за диносаурусите завршило...
Па и за луѓето исто,нема крајна цел,тој пат не завршува никаде,нема Натчовек кој ќе биде дефинитивна категорија и со него ќе заврши целовкупната еволуција на човекот.Еволуцијата е пат без крај а човекот можеби само што тргнал да чекори по него.

П.С.Диносаурусите биле истребени од некој голема катастрофа(претпоставка),не дека еволуцијата кај нив завршила.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.626
Поени од реакции
5.266
Па и за луѓето исто,нема крајна цел,тој пат не завршува никаде,нема Натчовек кој ќе биде дефинитивна категорија и со него ќе заврши целовкупната еволуција на човекот.Еволуцијата е пат без крај а човекот можеби само што тргнал да чекори по него.

П.С.Диносаурусите биле истребени од некој голема катастрофа(претпоставка),не дека еволуцијата кај нив завршила.
Почнуваш да вежбаш во теретана, значително почнуваат да ти се развииваат мускулите и еденден те кази камион и умираш, и така ти завршува вежбањето.
Ова сакав да го кажам.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Одговори на прашања од типот „Постои ли бог?“, „Кој е бог?“, „Која е природата на бог (ако воопшто постои)?“ и сл.прашања кои активните членови во подфорум „Религија“ ги ценат како есенцијални за човечката егзистенција немаат точен, рационален и докажан одговор на елипсоидов, а и како тргнале луѓево во погрешен правец (религиска задоеност и неинформираност, незнаење) и каква е нивната природа до такви одговори НЕМА ДА ДОЈДАТ.
Од друга страна истите тие прашања, прашање е што фајде би им имале и ако воопшто ги најдат точните одговори, ама ете - мислам дека на такви „главни“ мислиш.

На крајот се' се сведува на две (бројчано) посериозни групи во кои едните (религиозните) си се предаваат на некои стари приказни и својата слободна фантазија, надополнета со уште послободна интерпретација на „докази“ од за нив „нејасни“ случки да го надградат незнаењето и да дадат некакво си квази-космичко оправдување за некаков неуспех, потреба за утеха, загуба на близок и сл. и втората група која нормално се обидува да размислува потрезвено (атеисти), ги отфрла догмите, ги поставува истите прашања и на истите одговара со НЕ Е ТАКА и бтв немаат одговор КАКО Е.

Ете атеист, колку и да си ја ишка мувата - целиот концепт на атеизмот е заснован на исмејување на слабите постаменти на религиските приказни, уште послабата нивна поврзаност и купот морални искривености во нив - што го прави атеизмот „друга страна на паричката“ како што кажа ти прееска. Едните без другите не можат, а ни едните ни другите не кажуваат многу....
Прво ако веќе ме спомнуваш во дискусијата, назначи ме со „@“ да знам дека си ме спомнал.

Црниот болд (намерно е дотука болдиран) си сосем во право. Се се’ сведува на две групи, трета нема, и да сакаш и да ја измислиш и да ја створиш, пак нема. Две се, или прифаќаш (и веруваш) дека бог/ови постои/јат или не.

Плавиот болд, ти ставајќи се во критизерите на догмите и религиозните прикаски сакал или не, ти се допаѓало или не, сепак си во втората гупа. Со самото тоа и ти велиш не е така, а БТВ (валда не мислеше на бугарска ТВ) велиш не е така и не нудиш никаков одговор, а ниту пак го имаш. Еден од агностичките ставови е дека не може да се спознае дали бог постои или не (овде сигурно не се мисли на конкретен антропоморфен бог) ти тврдиш дека имаш одговор т.е. знаеш, а се нарекуваш а-гностик, претпоставувам знаеш што значи буквално агностик, обратно од гносос (знаење).

Она што пак го критикуваш кај другите атеисти (можеби поинакви атеисти од тебе, но сепак ти си атеист) го правиш и ти, нарекувајќи ги религиите прикаски, догми.... (црвениот болд) и како уште не да не се враќам по твоите постови да ти ги наоѓам. Вие таканаречени трети, ни ваму ни таму, ни едни ни други, самонаречени и по ништо непрепознатливи агностици, демек скепсата те прави агностик. Не, не скепсата туку незнаењето те прави агностик, исто како што ме прави и мене, и секој разумен човек кој ги отфрлил догмите. Гностик е само пуста желба и тупкање в гради „ете јас знам“. Нема таков што знае и уште многу работи и во далечна иднина нема да ги знаеме ниту науката ќе понуди алтернатива за „креаторот“, се друго се пусти желби. Па дури и твојот ти омилен „секуларен бог“ Ричард Докинс е твоја пуста желба. Далеку е еволуцијата да ги понуди сите одговори, барем засега.

Кој на други припишува ишкање муви од главата, сам си ги ишка своите. Твоето погрешно сфаќање на атеизмот или анемозитет или пак нешто трето кон истиот нема да те направи нешто трето бидејќи тоа го нема. Да атеизмот и теизмот, но заедно и со вас таканаречени и самопрогласени трети, ќе исчезне... можеби еден ден кога ќе се откријат сите тајни на универзумот/мултиверзумот, или ќе се покаже богот, сеедно........... но дотогаш сме и тука и овде. Ќе бидеме две страни на паричка, пошто две парички нема, една е, а вие таканаречени трети ќе трчате час на едната час на другата страна од заедничката ни паричка.
 
Атеист, пријателе!
Не те тагирав пошо не работат тоа таговите....види таму у „Поддршка....“ - не функционира. Тоа ми даде слобода да бидам двосмислен и ти сам си се пронајде.
Сведувањето на две групи е глупата страна на реалноста. (Модераторот да не го сфати ова како политика).....и во државава 20 и кусур години маста ни ја вадат две банди и ти ќе ми кажеш дека една од нив е „во право“? И едните и другите се за по бандери.....и да, буквално реагираш како секој Македонец - ако критикуваш некого, тогаш си за тој другиот - епа не е баш така...
Ок, што ти сметаме „ние, третите“....немам на тоа што да ти одговрам, обично на религиозните им смета некој друг, па се палат лесно и одат у војна - со атеистите не е баш така, ама ете ти сметаме...
Две работи - Докинс не ми е никаков бог. Докинс исмејува религиски будалаштини што во некоја понапредна цивилизација би ги исмејувало и дете од 5 години. Кратко и јасно....ако не се сложуваш со него дека „светци од калибар на Иван исцелител во USA лечат преку e-mail“, треба стварно да немаш никаква интелигенција - како можам да не се согласам со него околу ова? Тоа што го заобиколи околу Ајнштајн и тоа како Докинс перфидно ги избегнува тие размислувања (за што и ти напишав погоре), не ми го праи Докинс бог. Тоа што тој добро владее е еволуцијата, биолог е, и за тоа е и најкомпетентен да пишува.
Црвената реченица е доказ дека не ми ги читаш постовите и затоа е активна оваа „препирка“. Не викам дека јас имам одговор, јас викам дека ниту ти имаш, ниту јас, ни никој жив...ќе преминам во бескорисно повторување и затоа овде завршувам. Никаде, повторувам НИКАДЕ не напишав дека јас знам.....ако продолжиш така да ми ги толкуваш постовиве, не си далеку од Мики.....на крај краева, као што реков, на истата паричка сте...
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Атеист, пријателе!
Црвената реченица е доказ дека не ми ги читаш постовите и затоа е активна оваа „препирка“. Не викам дека јас имам одговор, јас викам дека ниту ти имаш, ниту јас, ни никој жив...ќе преминам во бескорисно повторување и затоа овде завршувам. Никаде, повторувам НИКАДЕ не напишав дека јас знам.....ако продолжиш така да ми ги толкуваш постовиве, не си далеку од Мики.....на крај краева, као што реков, на истата паричка сте... сме
Да се сложувам дека СМЕ на иста паричка а и ти си на мојата страна, сакал или не. Доказ дека воопшто не ме читаш. Никаде не реков дека ти навистина имаш одговор. Затоа што Dave не е најпаметниот што досега живеел на планетава па само тој знае а никој друг не знае. Претпоставувам виде (макар да се сомневам) дека целиот пост нагласив дека одговорите тешко да ќе ги имаме во догледно време. ЗНАЧИ ни ти ги немаш. Тогаш не си ни трето ни четврто ни десето. Едноставно си или ваму или таму на паричката, ти се допаѓало или не. Макар да ти останала и тебе по некоја догма, макар да е секуларна. Ко во жив песок си, колку повеќе се „копрцаш“ се повеќе тонеш.
 
Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Еден од агностичките ставови е дека не може да се спознае дали бог постои или не (овде сигурно не се мисли на конкретен антропоморфен бог) ти тврдиш дека имаш одговор т.е. знаеш, а се нарекуваш а-гностик, претпоставувам знаеш што значи буквално агностик, обратно од гносос (знаење).
Никаде, повторувам НИКАДЕ не напишав дека јас знам.....ако продолжиш така да ми ги толкуваш постовиве, не си далеку од Мики.....на крај краева, као што реков, на истата паричка сте...
Никаде не реков дека ти навистина имаш одговор.
Ако бедуинот лаже - камилата не лаже....
....и тоа све ова се дешава само на оваа страница од дискусијава....ти пишав и понапред дека куп наредени зборови не праат пост со доказ - седни и размисли - не се брзај....и нема ништо лошо во тоа да сфатиш еден ден дека срљаш у погрешен правец, подобро некогаш, отколку никогаш....
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Ако бедуинот лаже - камилата не лаже....
....и тоа све ова се дешава само на оваа страница од дискусијава....ти пишав и понапред дека куп наредени зборови не праат пост со доказ - седни и размисли - не се брзај....и нема ништо лошо во тоа да сфатиш еден ден дека срљаш у погрешен правец, подобро некогаш, отколку никогаш....
Ништо јас срљам очигледно ништо не разбираш. Едно се изјаснуваш а друго зборуваш, полн си догми а се бориш против догмите. Седни и убаво прочитај ги моите постови. Зборовите некогаш имаат повеќе значења.
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Не викам дека јас имам одговор, јас викам дека ниту ти имаш, ниту јас, ни никој жив...ќе преминам во бескорисно повторување и затоа овде завршувам. Никаде, повторувам НИКАДЕ не напишав дека јас знам.....ако продолжиш така да ми ги толкуваш постовиве, не си далеку од Мики.....на крај краева, као што реков, на истата паричка сте...

Извини што ќе се вмешам, но одамна немам пишано на подфорумов религија, некако ми станаа досадни овие препирања.. но тебе не можам да те избегнам...

А ти на која паричка си? Пошто нели, „сите ние“ сме биле јали на една, јали на друга страна од паричето....

Или ти не се занимаваш со „монетарна политика“?
 
Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
А ти на која паричка си? Пошто нели, „сите ние“ сме биле јали на една, јали на друга страна од паричето....
Треба да прекуцувам нешто што е една две страни понапред напишано? Таму го има одговорот...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom