Свинска маст

  • Креатор на темата Креатор на темата Sungerot Bob
  • Време на започнување Време на започнување

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Возраст
34
Локација
Гостивар
Уште од многу оддамна свинската маст се користела во исхраната. Нијзината постојана употреба се губи со пронаоѓањето на зејтинот. Постарите велат дека е многу поздраво и повкусно да се јаде храна приготвена со свинска маст, одколку со денешниов зејтин.
Освен тоа свинската маст се користи за правење на свински сапун кој е многу здрав за нашето тело.
svinskamast.jpg

Дали јадете и дали некогаш приготвувате храна со свинска маст?
Дали ви се допаѓа?
Споделете разни рецепти на јадења со свинска маст или пак за се што знаете за свинската маст... :)
 
Компирите се многу крцкави, јајцата спржени во свинска маст се многу повкусни. Мајка ми правела пита и исто така убава беше.
И за луѓе со слаб желудник:
Сум јадел мачкано на леб со буковка или сол. И закон ми е! :нинџ:
 
Ванилички мммммм.....


kiflici-so-svinska-mast-004-800x506.jpg



images

images
 
Леле колку е слатко ми иде на леб да го мачкам:ROFLMAO:

Мене на ражен да го печам :D

Онтопик: Веројатно јадам свинска маст, ако мајка ми ја стави во некое јадење, ама јас тоа не ни чуствувам дека има . :)
 
@Sungerot Bob Свинска маст не се користи за сапун, се користи сланината од кое исто така и маста е како производ заедно со “џимиринките“...

маста или сало добиено преку термичка обработна на сланината е според мене многу поздраво од маслото за јадење затоа што е природно и нема никави додатоци освем вода, во топењето сланина за сало не се тура ништо ниту пак салото некако се обработива после цедењето од џимиринките. Многу јадење се далеку подобри ако се прават во целост со сало или бар како дел сало + масло одколку чисто со масло. Едени обични компири/помфрит е каде каде подобри ако се пржени во сало... јадењата кое се пржат / печат во него треба да се јадат топли.
 
Ултимејт задоволсто ми е кога во свинска маст најпрво ќе испржам домашни кобасици (оние дебелите со праз), а после тоа домашни јајца (затоа што останува мрсното од кобасиците и преоѓа на јајцата). Јајцата добиваат потемна боја, но затоа се највкусните јајца што може да се добијат со пржење. Комбинирано со кобасиците - epic meal time не ми се рамни :icon_lol:
 
Ако е у питање колаче сс мармалад, орајт, ке изгутам едно
Али да еду мас на кришку сс црвен сол како кумуњари порано, никад ! Ја мислу дека јајца ке си ги исповрату од уста, опен маунт оргазам : ) Сфе сасфе мас и сол ке излети
Сори за гадан коментар, ама гадна ми тема

Шпончкља од Шфицарску ме прашуе за принц крофне
А сфиња има у њима ?
 
Сезона на капути е , па затоа удри народе на мрснотии :D
Закон е оваа свинска маст ем природно ем убав е вкусот на се што се готви со неа , да не има некој за продавање ?:)
 
Ја обожувам свинската маст.... посебно кога е намачкана на лепче со буковец или црвен пипер, во ванилици и во пржени компирчиња :)
 
@Sungerot Bob Свинска маст не се користи за сапун, се користи сланината од кое исто така и маста е како производ заедно со “џимиринките“...

маста или сало добиено преку термичка обработна на сланината е според мене многу поздраво од маслото за јадење затоа што е природно и нема никави додатоци освем вода, во топењето сланина за сало не се тура ништо ниту пак салото некако се обработива после цедењето од џимиринките. Многу јадење се далеку подобри ако се прават во целост со сало или бар како дел сало + масло одколку чисто со масло. Едени обични компири/помфрит е каде каде подобри ако се пржени во сало... јадењата кое се пржат / печат во него треба да се јадат топли.
Салото и свинска Маст се многу полоши од зејтин по здравјето. Свинска Маст има многу Холестерол и праи артериосклероза и попрично е лоша за срцето и црниот дроб.
Уште од многу оддамна свинската маст се користела во исхраната. Нијзината постојана употреба се губи со пронаоѓањето на зејтинот. Постарите велат дека е многу поздраво и повкусно да се јаде храна приготвена со свинска маст, одколку со денешниов зејтин.
Освен тоа свинската маст се користи за правење на свински сапун кој е многу здрав за нашето тело.
Прегледај го приврзокот 75100

Дали јадете и дали некогаш приготвувате храна со свинска маст?
Дали ви се допаѓа?
Споделете разни рецепти на јадења со свинска маст или пак за се што знаете за свинската маст... :)


Честа заблува е дека Природно=Здраво тоа не е вистина! Свинска Маст е многу полоша за здравјето од зејтин.
 
Еве рецепт за....

Ванилици со свинска маст

Тесто
300 гр. свинска маст ; 1 јајце ; 3 жолчки ;1 филџан млеко; 4 лажици шеќер ; 1/4 квасец (по желба)

За валкање
100 гр. шеќер во прав
4 кесички ванилин шеќер

Подготовка

Се мати маста со сите состојки да се добие меко тесто. Се извлекуваат кори и со модли се сечат парчиња. Парчињата се редат на непремачкана тава, се става по малку џем и се поклопуваат во парови. Се печат на температура од 180-200 степени од 10-15 минути. Додека се топли се валкаат во правта од шеќер и ванилен шеќер.

:)
 
Од кога паметам за мене, кај нас дома се готви со свинска маст, до пред некои 6 години кога чувавме свињи си беше наша, сега ја купуваме по цена од околу 50 ден за кг сланина. Кај нас дома досега никој нема проблеми кои настанале од истата и здравјето на сите ни е одлично, се надевам така и ќе остане. Сега кога не сум дома, заради студииите и овде си донесувам маст за готвење а зејтин користам само за салати. Скоро сите пржени јадења се послатки со маст, односно компир, јајца, пиперки... Се е штетно денес во очите на медицината, така да сепак мора од нешто и да умреме. Моите пра дедовци и баби не знаеле ни што е зејтин, користели само маст и масло од биењето на млеко па тоа не им беше проблем да живеат по речиси 100 години и да бидат активни до последниот ден, така да, штетно она, штетно ова, за мене е глупост невидена, посебно за нешто природно и што се користело во минатото а не било штетно за тогашните луѓе.
 
Сега читам ова рецептов за ванилици и вика женами: Ај ќе правиме.
Е а мајка ми колку ли знаеше такви работи месени-порано па и овие ванилици.а јас со чашка од ракија оние стари мали-ребрасти,ги има уште негде по црквине-сечев крукчиња. Ама тогаш и се употребуваше свинска маст и имаше и да се купи.
Сега не ја употребуваме и не купуваме и незнам дали ја има за купување.
Најповеќе сакам кога ќе пржи женава свинско а утре дента да го измацкам тоа тавчето,кое и не е права свинска маст но е многу вкусно-или да испржам јајце внатре.
 
Туку знае некој кај се продава свинска маст во Гостивар или во Скопје? :)
 
многу е уба ова свинскава маст со буковец
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom